Не знам, мојава сега ќе почне од септември прваче, а од други родители не знам како оди. И мене ме интересира, зошто мислам дека барем порано беше нешто организирано ако не се лажам.
Ништо посебно.. Име и презиме, колку години има, дали има брат или сестра, дали оди во градинка, да брои, боите да им ги каже, со која рака пишува, да нацрта нешто.
Се купува торта за частење за прваче? Не можам да се сетам како други околу мене правеле. Ради коронава гости не примаме, но многу пријатели и комшии му најавија на првачето му купиле поклон. Па кога ќе му го дадат, тој да им подаде за фала или како правите .
Јас лани купив,и беше мерак на ќерче и се израдува ептен. Дојде само братучетка што ми е многу блиска и еден другар,само со тие се гледавме,донесоа подарочиња. Леле и твојот ли стигна прваче,нека му е со среќа и многу успеси . Честитки до сите форумски првачиња,да редат само успеси
Фала ти, цела една генерација деца израснаа со форумот. Ќе купам и јас тогаш. Тој ептен се радува и јас со него. Од каде ја купи? Онаква со слика тетратка, молив нешто или обична не знам.
И јас купив торта за сега. Ќе ги частиме бабите и дедовците со парче торта попладнето откако ќе се вратиме од школо. Тортата е молив од Канела Прима.
Слика немам. Таква ми предложија во Канела таква земав. Јас нарачав 40 парчиња и цената мислам дека е 1600 украсена. Ние реално 10 ќе изедеме (може и помалку). Остатокот ќе го делиме на луѓе што ќе му дадат поклон. Така и за роденденот правевме. Дома дуваше свеќички па на крај маж ми со кола носеше торта на кумови, старосвати итн.
Леле па и за прваче ли торта се купува? Тоа изгледа само кај нас го има во Мк, во странство ништо од тоа, ни за прваче, ни за прво изникнато запче, ни за полуматурант, ни за ЦЕЛ матурант, ни за дипломски, за ништо, само роденден и именден се слави и тоа е тоа па и најдобро за мене така.
Различни семејни и блиски односи има тука различни во различни земји. Мене близина на ова општество и радувањето на различни животни настани ми е ОК. Не ми е ОК претерувања и правење мини свадби, ама обележување на убави моменти со блиска фамилија ми е сосека ОК. Прифатливо ми е моето дете да расте во средина во која со баби и дедовци јаде торта за убави моменти. Нема да се случи ништо посебно, ама детето ќе си се чувствува убаво. Имам пријатели во САД и Велика Британија кои секој почеток на учебната година им прават фотосесија на децата. И сликите одма завршуваат на социјални медиуми. Роднините не им се блиску па така им ги одбележуваат моментите. Секоја земја со своја традиција. На крајот од денот кој како сака така прави.
Не оспорувам, таман работа. И јас сум така воспитана и научена и порасната, за убави работи да си се почастиме семејно, дали на ручек ќе идеме, торта ли ќе купиме или ќе направиме, сеедно битно е радоста да се сподели, таман си е. Ама некако ми е ова too much што се прави кај нас, за се малку нешто се части, тоа ми беше зборот, инаку ок е се друго
Почеток на образование не е малку нешто. Од сега па натаму ќе го чекаат обврски. До сега се беше игра и песна. Ново поглавје во неговиот живот е. Тортата е да му се стави до знаење колку е тоа битно. Да му кажам растеш еве частиме за нови почетоци.
Мајки споделете која книжара има најповолни цени за прибор, тетратки, и сл. Гледам и по маркетите има избор, исто така и Џамбо, па пишете искуство.
Мене ми е многу мерак Јас сум човек што не сака слава. Ама сега ми е многу мерак, и детето мноооогу се радува, па убаво ми е. Инаку нарачав торта.
Јас направив торта на моето прволаче, инаку лани бевме кај кумовците на торта за прволаче и она си знае дека торта треба. Не мора торта може и било какво благо, демек со лесно да поминува во училиштето.