И синко мој (поголемиот) од септември ќе биде прваче. Се е спремно. Го запишав во класична настава. Не ми одговара дневен престој затоа што ќе има кој да го зема.
Бошке не купувај ништо оти се е различно во сите училишта секој наставник различно бара материјал барем кај нас беше така и многу работи ми останаа не дека после не ги искористивме .
И јас имам прваче оваа година и незнам како е правилно да направам дали да купам предходно или да чекам кога ке ги дадат списоците тогаш да купувам. Можеби само ке купиме оние новчаничиња (или како и да се викаат) со моливи и фломастери внатре , а за другото ќе почекамеhttp://www.officeplus.com.mk/2481/6934/0/ShowProduct/Polni_neseseri_TTS_403626 еве нешто вакво.
И јас сакам да сум прваче да ми купуваат тетратки, моливчиња, пенкалца, боици, Комплети и слични работи
Рефке...не мрчи, че те видиме и тебе за 3-4 години, мислам најубавата торта ќе ја нарачаш...за рефче прваче Шала на страна И јас сакам да ми купат пенкалца со туфки, магнетна кутија за моливи....тетратки... А за купувањето за првачињата, освен можеби чанта- сметам дека е подобро да почекате видете шо ќе ви кажат у школо шо се ќе ви е потребно,
Точно така Рефке за керка ми дојдоа моите ,од мм родителите и една седенка сме си направила не сакав такви работи ама па ми беше непијатно да му кажам ...ај за убаво нека е .
Ќерка ми више знае и каква торта сака за "забавата". Вика нека биде во форма на книга ама и мај литл пони да ги има на книгата. Детски памет
И ние решивме да чекаме, да кажат од школо. Ранец само би купиле, другото може да почека... јас сум повозбудена од синко
И за моето прваче стаса писмо од школо дека е примена Во нашето школо има една паралелка која од прво одделение почнува со два јазици, освен англискиот ќе учи и германски. Деновиве да одбереме ранец, желба и е да биде со Елса. За прибор, ќе почекам кога да ни кажат, иако веќе имаме блокчиња, тетратки со тесни и широки, боички, несесерчиња за моливи, моливи и гуми, режалки, налепници за име, распореди и слични тракатанци. Школото е преку една ограда со сегашната градинка и има опција за целодневен престој па ја запишав и на тоа, бар мирна глава ми е дека ќе биде обезбедена Се радувам повеќе од неа и возбудена сум...ми порасна бебето..
Лани имав прваче, сега втораче. Имавме гости само домашните, кумови, баби и дедовци, донесоа поклони. Возбудата е огромна. Инаку прибор ќе ви каже наставничката што треба. Тетратки со коцки, без линии, за почетно пишувањеблокчиња за скицирање и блок 2. Карти по математика од просветно дело и стапчиња ќе требаат до 3 одд, а многу се убави.
Ко да читнав некаде, учебната година ќе почне на 04.09. Плиз, кажете ми дека е дезинформација, оти нема да ми дадат ден од работа за прваче, а го стокмив одморот на први да сум дома.