Истата забарка, доаѓа во училиштето или ги носи децата кај нив во ординација до 5 одделение, за проверка на забите.
Ако е од Поликлиника МВР тогаш таа е дел од превентивна здравствена заштита. Плата зема од државата за тоа. Секое училиште има одредено каде се носат децата. Од нашето школо се носат на друго место. Од таму потврди за запишување и два пати годишно до 3 одделение се носат на прегледи. Може и да залеат трајни заби ако има потреба (без ништо да се плати како дел од редовен преглед). После 3-то мислам дека е еднаш годишно. Барем мене така ми објасни жената каде што ние одиме од школо.
Без разлика , незнам колку е оправдано да бараат потврда исклучиво од неа. Многу од децата веќе си имаат матични стоматолози каде се свикнати да отвараат уста.
Потполно си во право. Ама ова со потврдата е малце без везе. Но, ова школо работи со нив. Кога ги носат на прегледи, доколку има согласност од родител им ги залеваат и забите бесплатно.
Дали ви издадоа потврда за вакцини тие што ги немате примарно сите? Син ми нема само една, сите останати ги има примено, казната ја плативме за истата, ни рекоа дека нема да добиеме потврда. Јас не барав да ми пише дека сум ја примила секако, него барав потврда за примените вакцини, вака испаѓа како ниедна да не примил. Ме фаќа инат со адвокат со се да отерам каде што треба. Ај што беше арогантна па ми вика ако сакаш и 10 000 еур плати нема да ја добиеш потврдата Каде да се обратам да добијам потврда, макар и преку Ск одела, овие овде све по список да не кажам што е
Мора да ти даде потврда за кои вакцини ги има примено, тоа и им треба во училиште. Ние лани се го запишавме во 1во одделение, нема примено неколку вакцини, ни издадоа потврда во динспазер со тие вакцини што ги има примено, не ни направија никаков проблем за упис.
Таа кај вакцините, матичната не знам дали може да ми даде потврда, мислам дека не може. Уште еднаш ќе отидам со убаво, ако не со адвокат, друго не знам како со нејзе.
Која вакцина ја нема и зошто казна? Син ми нема ревакцина, ни дадоа потврда и пишува дека тоа нема примено
Од Битола да не си? Истиот проблем лани го имав, на крај ми даде главната сестра извештај со тие што се примени, една ревакцина немаше, ама секој ден одев. И по телефон се јавував и се расправав со сите, имаше на картонот причина зошто не ја прими тогаш (реакција јака од првите дози). После на училиште ми кажаа дека не смее така да се запише без сите, па се јавував кај директорката. Битно мора да ти дадат, само им е потешко да ја напишат потврдата, наместо копирање на таа што ја даваат на сите. На крај тоа го добив како одговор.
За ММР плаќавме казна, ја нема примено само таа, знам дека може да издаде потврда ама не сака, овде докторите по телефон се упорни за оваа вакцина ми ѕвонеа 100 пати. Плативме и казна затоа што нема да ја примиме, секако нека ја издадат потврдата дека не е примена не им барам да ја вметнуваат како примена секако.
Не сум од Битола, гледам да не дојде до кавга ама кај нас од вакцините се ептен безобразни, овие години со нив се намачивме, па и дете кога носев на вакцина како бебе дрско понашање, викање, се расправаат.
Исти се и овде, јас не можев да се разберам на мирен начин. За ММР и повеќе проблеми прават, и во прво се прима пак да знаеш. Мојот 2 недели отсуствуваше тогаш ко ја примаа од училиште поради вирус, и секој втор ден ми се јавуваа дури не ја прими. Биди упорна, мора да ти запишат дека се другите примени, па после во училиштето ќе разговараш.
Треба да ти издадат потврда дека таа ја нема примено а сите други се примени. Во школо секако ќе ја прими бустер дозата и ќе биде некомплетно вакциниран. Ако фати заушки како повозрасен мислете му ја (знам од лично искуство на времето кога бевме деца само една доза ставале па имаа последици машки од клас од некомплетна заштита).
@anggell i moeto devojce je za ova esen na skolo nie ja primivme vakcinata sto e za predskolska pa mi dade potvrda so ima strasno ako ja nema primano vakcinata moze i sega da ja primi pa da ti dade potvrda .. Ama za zal kaj nas zdrastvoto vo MKD ne funkcjunira normalno se je katastrofa.. odi zali se kaj glavniot vo bolnica ne smee taka da se ponasa edno medicinsko lice .. dno dna sme ...