Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    12.579
    Пол:
    Женски
    Фала на одговорот, не барав мислење дали треба да мислам, секако го мислам дете ми е, не си ништо повеќе мајка од мене затоа што твоето дете ја примило а моето не. Најверојатно имам причина што сите му се примени а оваа не.
     
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.599
    Пол:
    Женски
    Беше денес на тестирање' во школо сестра ми, и дале облаци на лист и и рекле да го обои најголемиот со плава боја, а најмалиот со црвена, дали знае песничка, како се вика и од каде е, дали знае во кое годишно време врне снег и ја прашале за кравата што дава.. Ми вика туу дадо овие колку прашуваат, голема тетка беше, не знае кравата што дава, мене ме прашува..
     
    На Iki lepi, 24.07 и mariz им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.727
    Допаѓања:
    77.011
    Пол:
    Женски
    Јас синчето кога го запишував што не го прашаа... месеци од годината, денови од неделата, што ден е денес, а што ден било вчера, сите годишни времиња и нивни карактеристики, кои се диви животни (да наброи), а кои се домашни и што даваат сите домашни животни, да изброи до 10 и назад од 10, кога му е роденден, каде живее (во кој град, населба и држава), на лист црташе форми по испрекинати линии (графомоторичка вежба), геометриски форми му извади и го прашуваше што е што прво, кое е најголемо, кое е најмало, па нареди три само и го праша која форма е лево, која десно, а која е во средина, кои бои се формите исто така... толку ми текна ама многу го испраша, се живо што можеше го допраша :D
     
    На 24.07 и нина122 им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.599
    Пол:
    Женски
    Ги спремале за Кембриџ со толку многу прашања, не знам дали уште го има тоа или го укинаа..
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.727
    Допаѓања:
    77.011
    Пол:
    Женски
    Не е Кембриџ он, прваче е сега... Но постара жена скоро што е пред пензија него му се падна на тестирање и може затоа се можно го испраша... Имавме првачиња и другари во други училишта, не беше како ваму :sweat:

    Од што го испраша се и го збуни, кога го праша во која земја живееш, кажа дека живее на планетата земја :rofl::rofl::rofl:
     
    На zuto, нина122 и 24.07 им се допаѓа ова.
  6. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Дали ви дадоа да потпишете изјава за согласност за обезбедување, дека сте согласни да плаќате за обезбедување?
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.401
    Допаѓања:
    18.644
    Нема во сите училишта обезбедување
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.727
    Допаѓања:
    77.011
    Пол:
    Женски
    Во нашето има обезбедување, ама само еден во смена (мало е училиштето, малку паралелки има) и до сега не ни побарале пари за обезбедување и затоа си претпоставувам дека училиштето/општината си го плаќаат...
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, кажете ми од прилика што е потребно за прваче, кога купувате ранци што ви се покажало како корисно што не, препораки за добри ранци се добредојдени.
     
  10. Lalalupsi

    Lalalupsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Моја препорака поголем ранец да си земеш, јас купив во прво одделение помал, па учебникот по македонски не го собираше внатре, па купивме поголем. Јас земав на габол, предобри се, еве 3 години уште нема мрднато и од перење и од тежината на книгите. Првиот беше на скул, ама не сум задоволна многу, а за малото имам ранче од таргет, немаат исти квалитет како габолот. Останатиот школски прибор подобро ти е да почекаш што ќе ви кажат од училиштето, бидејќи и јас купив доста работи што ми се покажаа како непотребни за 1во одделение. Доволно е сега засега само ранче и новчаник за моливи и боички.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    И јас си зедов поголем, има попуст во Просветно дело на Габол ранците. Другото кога ќе ни кажат на училиште.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И ние имавме на Габол, добри се, малку се претешки ранците ко ќе се полни ама секако родител ги носи до училиште.
    За друго даваат список што треба, учебниците се од училиште.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми има на Габол ранец и посебно тркала за влечење. Ранецот е супер.
    Ти треба и несесер за моливи и боички, торба за опрема по физичко, торба за ликовно. Друго ќе ви дадат список од училиште.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ние купивме само ранец и прибор. Се друго по список од училиштето. Ранецот од Тримакс ни е. Голен, а лесен. Го носи во Понеделник и го земаме во Петок. Секако ние го носиме тежок е кога е со книги полн.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Нас на Габол од просветно дело ни се отпара на долниот раб (facepalm).
    Толку ми го фалеа и ми се допаѓаше што на дното е обложен со ко подебела мушама, ако го стави на мокри. Но од тежината едниот раб попушти. Го носев на шиење, сега нов ќе купуваме.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Имате попуст на ранци во Просветно дело :)
     
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство, ништо не треба да се купува пред да почнат на училиште...
    Независно од програмата за работа, секоја наставничка тера своја политика, од формат на тетратки, прибор, па натаму.
    Купив повеќе работи пред почетокот на учебната година, па речиси се ни остана така за домашна употреба.
    Најпамтено, чекајте да почнат, па ќе добиете список од наставничката.

    Што се однесува до ранецот, на детево најпрактичен му беше на тркалца, ама го носеше само месец два, за кратко време посака обичен.
    Нема потреба од стравување дека „неспремни“ ќе тргнат, се може да се купи за ден два.
     
    На Lalalupsi, Алек***, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.599
    Пол:
    Женски
    Денес ќе одам да купувам за во школо, ќе и земам тетратки неколку за почетно пишување, ќе земам со коцки тетратки, и скроз празни, бои темперни, бои водени, фломастери, неколку моливи, гума, острилка, дрвени бои, самолеплива хартија во боја, блок ќе и земам 3, 4, 5, некој несесер за боичките, лепак да и земам, уште што да земам треба друго?
     
  19. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    26.789
    Пол:
    Женски
    Чанта,боенки,прибор за јадење
     
    Последна измена: 6 август 2022
    На Freyja и нина122 им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Да си почекаш да кажат од училиштето што треба, па ќе купиш. Јас така се залетав за големиов кога беше прваче, пола работи имав утнато. И оттогаш, чекам прво од школо да дадат листа, после купувам. Така и за малово ќе направам.
     
    На cresa-jagoda, нина122 и zuto им се допаѓа ова.