Почекај, список ќе ви дадат. Пример тетратки за почетно пишување кај нас не требаа одма. Нашата учителка бараше големи тетратки и тоа за секој предмет посебно наведе каква, коцки, линии, без линии. Тоа моливи гуми боици можеш да си купиш. И за блок почекај да кажат колкав.
Дали овие две години првачињата беа онлајн откако се појави вирусот? Кај нас мислам дека во ниедно училиште немаше онлајн настава за нив, како е по другите градови?
Со маски беа прво полугодие, после второто не беа цело време. Кај нас немаше случаи со корона или ако имаше беа изолирани по едно дете од друго место заразено. Не се ширеше многу меѓу првачињата.
Дај Боже, многу ми е страв и седење со маски толку време, кај нас лани во септември ги гледав надвор како вежбаа со маски Трчкаат, рипат со маски, ужас. Затоа сакав ако пак вивне подобро онлајн да биде..
Друго беше лани,сега поинаку го третираат вирусот. Во моментов има пик на ковид па не се воведоа мерки,така што не очекувам ни маски да вратат во училиштата. Бевме месец ипол без маски па немаше трансмисија на вирусот.
@anggell и да има мерки некогаш за првачињата нема да е онлајн. И мене ми е страв таман ќе се породам синчето ќе почне второ, ама нема што да се прави, мора да одат.
Искрено се плашам, како и да е, и едно и друго не чини. Онлајн немаат дружба, затворени, не се концентрирани од дома. Искрено ич не ме загрижува што нема да научи, повеќе се грижам за здравјето. Толку малечки а да ги гледаш болни со вируси. Ние кога бевме како нив настинки имавме на зима кога се валавме по снегот кога се враќавме утоп, и кога фаќавме сипаници. Јас не се сеќавам некој од мојот клас преку година да се има пожалено освен на настинка, затоа што од школо си одевме заедно и се маавме со снег, па до чорап се ни беше мокро. И тоа носевме ветровки не јакни што ништо не ги пробива како сега, каков Пеко за чизми какви бакрачи. Сега воздух не им влегува преку јакна не да им пропушти. А сега стомачните не ги пуштија малите, додуша и нас големите и тоа преку цела година. Аман веќе, има ли крај.. Посакувам да го имаат нашето детство, и часовите кога ние одевме беа поинакви. За домашна задача во блокче какво е било времето, на 7 години. А сега на 6 пишувај, читај, и најлошо е што се помалку учени и научени отколку ние.
Што им приготвувате на вашите дечиња за јадење во училиште? Некако немам идеја што би можела, страв имам син ми не е баш јадач на се..
Домашни сендвичи(тоа што јаде детето тоа ставаш),мафини со сирење,кроосан,овошје (банана,јаболко),домашна кифла,плазма и чоколадно млеко.Мојата горе доле тоа носеше
И јас имам прваче годинава , освен основните работи како ранец и несесер , ќе купам и моливи и тетратка за почетно пишување . За другото ќе почекам наставничката да даде список со потребни работи . За синко паметам требаше и лепак - карминче и хартија за печатач ( оние белите листови ) меѓу другото . Сепак ќе почекам да даде наставничката список . Така нема да купам многу непотребни работи , кои само би заземале место во шкаф .. Околу храна , бидејќи кантината беше затворена во периодот кога синот тргна прваче , му спремав домашни сендвичи , некогаш тост , некогаш мафини , банана , јаболко , портокал .. некогаш му купував во блиската пекара нешто што има мерак да јаде ( пирошка , ѓеврек , сирењак и слично ) . Обавезно беше шишенце со вода да си понесат од дома , ќе видам годинава како ќе биде ..
ехее не поминувате само со лепак и тетратка Сите боици ке ви ги бараат(мрсни,дрвени,водени),блок,колаж,ножички,пластелин,папка за работните листови и уште куп работи .
Сигурно овошјето го носеше лупено сецкани, дека се малечки уште. Нели откако ќе постои така овошјето потемнување, јас мака ќе си имам. Дете такво не јади. По колку часа имаат првачињата? Според мене подобро нека направат "мени" што децата да носат за ужинка до трето одд. Барем сите деца ќе јадат исто за ужинка Вака некое ќе носи сендвич со кашкавал, а друго седвич со мед.Деца се сака да јаде иста ужинка со другарчето...
Јаболката лупени, а бананата и ја сечев на пола и ја виткав во кесички за замрзнување. Мандарини исто и давав, грозје... За јадење сендвич, тост, мафини, кришки пржени со јајца, мекици и правев. Како прилог на ова и ставав сиренце или малите абц. Ова првата година кога немаа кујна и одеа само по неколку часа во училиште. За цел ден, навистина не знам, ќе треба минимум два оброка и ужина.
На најголемово не му требаа мрсни боички ( а веќе му ги имав купено ) , па затоа ќе почекам , за да не купам повторно работи што долго ќе фаќаат прашина и простор по дома . Исто му купив и глина за моделирање , а не му требаше ниту во второ , камо ли во прво одделение ..
Јас станувам многу нервозна за 1ви септември бидејќи прв пат испраќам прваче и врска немам што е распоредот и колку ќе седат,па би ве замолила да споделите каков беше првиот ден на вашето прваче