Стварно рано. Нашиве ги вакцинираа во Март (мојов операција правеше и ради анестезија не смее 6м да прима), па тек сега во Ноември ќе ја прими. И на другарки децата тој период примаа, во пролет..
Лани во октомври ги вакцинираа кај нас. Овде во второ немаат учебници по секој предмет, само тој со материјали по сите предмети.
Син ми е прваче, последна вакцина прими кога наполни 6, во картончето закажана е наредена кога ќе полни 7. Во училиште ни ги побараа само книшките и вакциналните картони, имале посета контролна, истиот ден ни ги вратија. Ова во Охрид
Сериозно, нели е рано за ревакцината МРП? Дотолку повеќе што некои од првачињата немаат полни 6, а исто така има и првата доза што ја примиле на 3/4 на пример...мн брзо ќе дојде таа ревакцина.
A propisano e kolku vreme treba da pomine od prva do vtora doza, bidejki i nie ja primivme na 3 god.prva doza.?
ќе видат во картонот, ако е фрка ќе кажат. син ми на две и пол год прими прва доза мрп, сега на неполни шест втора. поминавме без никаква реакција. инаку истата е, како првата, не е бустер.
Ние првата МРП ја примивме на точно 6 години(Март), за ревакцина ми рекоа во Август, ама заради жешко време/на летување бевме и одложив за Септември, ама еве сега кога прочитав пост се сетив дека требаше. Ептен не ми е сериозно сфатена работава со вакциниве.
Март вакцина- септември реевакцина Тоа онака колку да се „начукаат„ набрзина? којё им е пресметката не разбирам @augustd појма немам колку е прописно време.само прашав, со оглед дека по календар првата е на 13 месеци, па на 6 години...
Мојот првата ја прими на 3 и пол години поради нетолеранција на јајце, а втората лани на 6. Немаше реакција од двете.
Мајки по колку време седат на училиште Вашите првачиња? Пример кога имаат 4 часа во колку завршуваат? Кај нас кога им текне ги пуштаат затоа сакам да споредам. @mariz мислам работи во образование , колку трае сега еден училишен час?
Еден училиштен час трае 40 минути, ама според новата концепција првачињата треба да бидат на училиште по 5 саати секој ден. Ова исто важи и за второ, четврто и петто одделение. Трето се уште по стара програма, и нив не ги опфаќа оваа измена
Зависи училиштето како работи... Кај што ми е синчето (сега втораче), исто како и минатата година и сега и да имаат 4 часови во денот, пак си се до 12:15 тие што се класична, без разлика колку часови имаат. Инаку 40мин трае час со 5мин пауза меѓу, голем одмор меѓу втори и трети час од 20мин. Ако часовите почнуваат во 08:00, во 11:10 завршува 4ти час, но како што вика членката тие си остануваат плус еден час без разлика дали имале тој ден 4 наставни часови.
Ти благодарам. Некако хаотично завршуваат и никако да им фатам ред за зимање. Никогаш не седат до 12 и 15
Maјки на првачиња, што праиме со деца нејадачи? Два дена не јаде во школо апсолутно ништо. Со казна, со забрана, еднаш јадеше и толку. Не можам веќе ќе пукнам. Од денес му давам на одење по некоја бисквита, банана и нешто такво слично, да го задржи малку бар. Од сабајле до 3ипол дур дојдеме дома 4 и дур дадам јадење премногу е. Вчера и завчера иде накај дома и вика Ми се јаде многу сум гладен, го прашувам што јадеше ми вика И денес ништо не јадев и со страв во очи да не го карам... Не знам веќе како да постапам. Немам кој да ми го зима да го чува класична да биде за да му давам јадење, немам избор, а знам дека храната во школо не ја јаде од што не е вкусна (родители на деца во школи кај што е Специјал знаат за што зборам). Наводно вчера имало инспекција за храната и записникот е многу конфузен, демек убава храната ама децата не ја јадат и толку. Ќе барам прием кај директорката да праќам јас храна, немам избор, ќе се разболе ќе биде голема работата после. Мора да се најде решение.
Види прво со другите родители дали е ОК храната или не. Ако не барајте системски да се реши проблемот. Ако го караш да јаде ништо нема да постигнеш. Види со него договори се да проба од сите јадења и да јаде од оброкот тоа што може да го јаде. Ако не нека побара барем за доручек леб со путер да не биде гладен цел ден. За ова барем во нашето школо дозволуваат. И знам дека има деца така што јадат (само по нешто или леб). Носење храна од дома тешко дека ќе дозволат без медицинска белешка. Исто јас требаше мојот да го научам да јаде дел од храната зашто структурата на оброците не е иста со тие во градинка. На пример во градинка јајцето беше намаз на леб. Дома јас секогаш сум му го давала лупено. Во школо добиваат варено јајце нелупено и леб со зденка. И учевме како се лупи јајце. Па учевме како се чисти кожата од пилешкото месо зашто во школо добиваат парчиња месо печено и ориз на страна. И се бунеше дете дека во градинка било повкусно (не викам дека не било, ама моравме да се научи да јаде барем нешто). Втора работа е што во градинка добиваа секогаш топла храна во школо додека стигнат на ред дел од храната е ладна (потешка за јадење). И разбирливо во градинка беа помалку деца добиваа храна во занимална исте во исто време, во школо одат во менза со распоред (за првите е топла за последните веќе е ладна). Овој проблем со ладна храна не знам како да се реши. Ама и тоа е проблем. Ова го зборам од позиција на дете што не јаде многу и јаде споро и е пребирливо, ама прагматично. Па така у школо јаде, дома изводи зашто знае дека не може да учи ако е гладен. Сега сме во фаза каде што и дома почна да не јаде некои работи што не ги сака ептен во школо како на пример грашок а во градинка додека одеше се давеше во грашок омилено јадење му беше. И со прашување сфатив дека месото во грашокот му е проблем (пак е парче месо неисечено кое треба да се јаде со лажица) па дома правам грашок без месо и дозволено му е да не јаде месо во школо.