Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    434
    Немате опција од дома храна да си носи? Кај нас од дома си носат . Мојот па си јадеше што си понесе последнава недела ми ја враќа половина храна и денеска на прашање зошто не изеде ми вика другите деца се маваат и ми викаат ти јоште ли ќе јадеш. Инсистирај да може да си носи храна од дома.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.079
    Пол:
    Женски
    Moето е многу прибирливо. Вегетаријанец е месо не јаде, ајде тоа, има стално прилог, ама спанаќ со ориз и кисело млеко дома јаде, зошто да не јаде и во школо на пример? Ми вика многу беше солено. На некои деца им дале кисело млеко со леб, он побарал не му дале. Денес ќе поразговарам со учителката да ми го испрати менито да знам да реагирам според менито, а дополнително да работам дома со него. Нема друго. Им давале круши со црвчиња, никој не ги јадел. Им давале грозје, исто никој не го јадел. Им дале некои јаболки кои биле како скапани и не ги јаделе децата, изговор бил дека се мешавина од круша и јаболка. Не барам да го мазнат моето со перо, не е крив никој што он не јаде, скраја да е, јас сум крива и он нормално што е пребирлив, ама мора да има нешто што 90% од децата не јадат спанаќ. Ми се плаче дека не знам дали и колку јадел, не ме лаже, знам точно дали и колку јадел во кое време, а и можам да прашам секако. На следната родителска ќе замолам да ни биде дозволено да носам јадење, ако не ќе одам кај директорката.

    Не оставаат таква опција, целодневна оди само со храна, посебно нема. Ќе инсистирам ама знам како ќе заврши.
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Кај нас лани имаше проблем со храната. Многу деца се жалеа, се праќаа инспекции од совет на родители, ама немаше не знам какво подобрување.
    Оваа година, советот на родители имаше составено мени и услов да се конкурира на тендерот беше да се исполни истото. И вистина, менито е горе, долу тоа, меѓутоа се создаде проблем со нехигиена и непрофесионални услови. Директорката си поднесе оставка, до општина стаса. Сега има подобрување во однос на хигиена и услови. Храната битно е убава. Децата ја сакаат.
    Сакам да кажам, лично ти сама нема да можеш многу да направиш, треба преку совет на родители да дејствувате. А бидејќи мислам дека во општина работиш, пробај и од таму.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.079
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ја користам позицијата, ама изгледа ќе морам. Не дека сум ја градоначалник па да сум којзнае колку моќна, туку да можам да направам бар да јаде нешто, бар леб и кисело млеко да му даваат кога ќе има спанаќ или 2 парчиња леб кога има манџа со месо зошто не јаде месо никако. Не барам да му требат нему од манџата месото, нема проблем да си го тргне на страна, едноставно има одбивност према храната со месо. Исто така не јаде мачкани лепчиња. Тоа ти е од пуста желба да јаде здраво и не ми давав мачканици многу многу и нема навика да јаде мачкано. Не знам како ќе биде еве стварно сум под стрес. Јас јадам и ми се враќа храната затоа што знам дека он не јаде. Дома само го бутам со јадење за да стекне навика, да му прочитам желудник па да бара поише, не знам веќе што да кажам.
     
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    18.644
    Имав случај на девојче што не седеше целосно во целодневна ( си одеше 12:30) а не се хранеше во кујна со останатите. Кога одевме на појадок и ручек таа си јадеше во училница сама. Не е дозволено внесување храна во кујна.
    Од друга страна кога некое дете поради здравствени причини не смее да јаде нешто, му се отстранува ако може да се отстрани од чинијата или му се нуди алтернатива.
    Те читам и размислувам,твоево дете да не покажува некаков револт со тоа што одбива храна?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.079
    Пол:
    Женски
    Мислиш кон школото? Не верувам, он ужива во школо, едвај чека да дојде понеделник да оди кога е викенд. Ужива во школо и е меѓу омилените дечиња. Едноставно не сака да јаде месо. А спанаќот стана тема на муабет во нашето школо и излезе дека многу дечиња уствари не го јаделе, не само нашето школо. Прашував колешки и сите кажаа дека дечињата не им го јаделе спанаќот.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Специјал е и кај нас...па децата јадат. Немам искуство, сепак имам прваче,,ама од досегашно искуство на родители со поголеми деца, сите биле задоволни од Специјал, со муабет дека деца барале и репете.
    P.S
    Сега го гледам менито, нема спанаќ ниту еден ден.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Деца колку што знам спанаќ не јадат нешто многу (освен мојов нејадач што јаде, ама овошје нејќе). Исто и брокула и прокељ заради горката жичка. Така што спанаќот не ти е репер. Види другите јадења дали се ОК. И види дали во школо не јадат јадења што дома ги јадат. Ако треба да реагираш оди преку Совет на Родители со реакција.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julia87

    julia87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    Kazite mi sovet ,sin mi vo skolo saka samo so maski da sedi ,ako go premesti so zenski place ,duri i ako ne gi vidi vo skolski dvor drugarite isto place ,probav se ne mi uspeva ,dopolniteno problem e sto sea samo 4 maski vo klasot so se nego ,drugite se zenski ,a niedno od decinjata ne gi poznava od prethodno ni maskite ni zenskite a se odnesuva kako da se druzel so maskite koj znae kolku .Za drugo ne mu problem ni za ucenje ni domasna ,koga ke go prasam zosto nesakas da se druzis so devojcinjata veli deka mu e sram ,inace ima drugarki sto se druzel i sto se druzi i sto odime na rodendeni i slicno i odese i vo gradinka eden period ,neznam zosto vaka pravi
     
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    12.588
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од учителките на вашите дечиња сега како првачиња?
    Мене ми е ова ново искуство и искрено не очекував ваков пристап на учителките. Некако речникот им е што знам..
    Не наогаат подобар начин да им ги исправат грешките на децата кои сепак се само деца. Знам дека и домашното воспитување многу значи ама и учителките мора да внимаваат.
    Она што ми го пренесува син ми, не се има обратено кон син ми, тој е сеуште срамежлив ама дечињата кои се помалку срамежливи им се обраќаат на децата со ти од планина ли си симнат, ќе јадеш топли банички, стојат во ќош и слично. И тоа не за тепачки, туку ако некое зборува, и слично.
    Знам дека и нашите учители нешто слично се имаат однесувано кон нас ама тоа е пред 30 години, зарем малку не сме мрднати напред.

    Некој ќе рече децата ги правиме снегулки, не ама еве за казна нека им даваат дупла, тродупла домашна, некој принцип нека пронајдат не вака со омаловажување и ваков начин на разговор.
    Знам дека ќе бидам нападната ама ете сепак се деца и колку и да се немирни мора да се изнаога начин како да им се задржи вниманието, затоа се просветни работници со деца. И сите деца не се исти на исти начин не реагираат . Ете на пријателка детенцето по вакво укажување имаше доста лош контра ефект.
    На син ми доста многу му зборувам што смее, што не смее, тој за сега е доста срамежлив ама не значи дека така и ќе остане.
    Искрено се загрижувам на пристапот кој го имаат кон децата. Најмногу за нивната психичка кревкост.
    Сведоци сме дека и како повозрасни секое дете различно реагира дури и бунтовните не значи дека не се чувствителни, паметни, едноставно некогаш покажуваат револт.
    Со деца е најтешко да се работи, ама да бидеме реални сега и некогаш времето не е исто.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Пишав др ама избришав оти ќе ме нападнат па ќе го скокнам делот за критика на нашето образование .
    Ќерка ми е прво одделенине во Де и е во една меѓу најлошите покраини во школство во Де.Овде се оценува школскиот систем.
    Навреда едноставно е неприфатливо и меѓучовечките односи овде ретко се случува некој да навреди некого мислам на германци што имаат некоја диплома за завршено некакво школо.Да не зборам за академски граѓани каде степенот на едукација и воспитување е далеку повисок.Значи јас не слушам и не гледам навреди.Многу пазат.
    Мојата учи во клас со прво и второ одделение и деца што се измеѓу на не кажам што повторуваат.Да тука можеш лесно да повторуваш.
    Значи правилата на децата им се појаснати првиот час.Дека мора да бидат мирни и да си ја решават дадената задача за да може учителката да работи и со децата што се второ одделение.Доколку имаат прашање мора да дигнат рака и да чекаат додека учителката не дојде кај него. До сега не сум чула за некои казни , но на почетокот добиваа секој ден дневна пофалба стикер во тетратката за домашно.Стикерот го добиваа ако биле мирни и не зборувале.Сега имаат неделен стикер-пофалба.
    Мојата еднаш не донсе стикер и ја прашав зошто ,зашто многу зборела со др дете(facepalm).Одма ми кажа воспитачката што ги чува по часовите дека многу зборувала па морав цел викенд да мелам како не е убаво бла бла.
    Морам да се пожалам дека многу е строго овде во однос на оценувањто мора се точно да и биде за да добие зелена ѕвезда.Ако згреши нешто е жолта, а ако има повеќе грешки одма е црвена:worried:.Домашно не добиваат го пишуваат во школо еден смешен лист.Колку многу домашно имавме ние на времето:sweat:.А и книгите им се во школо|(.Немаат оцени во прво полугодие мислам на крај само ќе добијат.
    Инаку за да ги мотивира учителката да пишуваат дополнително домашно имаат натпревар на пчелки и кој има плус домашно добива печат пчелка и на крајот на годината ќе има поклон ако победи.Ама родителите толку не се замараат што мојата сама со себе се трка и ми е криво искрено.Нема конкуренција нема натпревар.

    Мене па друго ме мачи.Учат во школото буква и имаат слики во книгата треба да ја заокружат сликата што ја содржи бараната буква.Мојата едноставно тешко и е да препознае дали ја има буквата во зборот.Како се вашите дечиња во оваа проблематика? Мене постојано ме мачи прашањето јазик да не и е проблем или едноставно е мала и треба малку да се почека во спзревањето:).
     
    На TarantulaA, minne992 и anggell им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    12.588
    Пол:
    Женски
    Па супер, строго, ама нашле начин да ги мотивираат.
    Овде ако некое дете зборува стои во ќош цел час, или на несоодветен начин му се обраќа учителката. И јас сум за овој принцип, за казна домашно. Или еве за да учат им пишуваат интересни петки и гледам доста се мотивирани за тоа, ама како учителката да не обрнува внимание за психичкиот дел на децата. Повеќе и е центарот да омаловажи и посрамоти некое дете, а веќе мајките се јавија дека има многу лош контра ефект, стануваат уште повеќе бунтовни.
    Две дечиња кои се потемпераментни во одделението, син ми уште што не ми накажа дека им зборувала (facepalm).
    Јас сум далеку од дечар, и просветен работник, не ми е тоа професијата ама ова мене далеку од нормално ми изгледа. Штом учеле за тоа мора да наогаат решение барем додека се малечки.
    Не и се грижи за буквите, уште се малечки, ќе свикнат, сега уште од мали мора повеќе во главчињата да собираат за разлика од нас кога работевме со логички плочки прва година и цртавме какво е времето за тој ден.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Мојот е сега второ одделение и јас сум задоволна од наставничките.
    Укажуваат дека сеуште се навикнуваат на школо, а се второ одделение. Во прво имаа некоја методологија на пофалби и укори ама без навреди. Тие што биле мирни на час (на одмор им е дозволено да трчаат, копаат во двро и слично) добиваат пофалба прво секој ден па потоа на неделно ниво. Оние што не биле мирни имаа некој знак покрај нивното име што значи дека наставничката била тажна за нивното однесување. И тоа си стоеше се додека не се поправеше однесувањето. Така што навреди и слично до сега не слушнала дека добиле од наставничките.

    Во прво одделение не би требало да имаат многу домашна. Секако домашната никако не смее да се користи како казна за дисциплина. Така ќе се создаде отпор кон учење и кон домашни задачи. Затоа дисциплина и успех во учење се одвоени како концепти и отсекогаш биле.
    Ако не ви одговара тонот разговарајте со наставничките. Навреди кон децата никако не се прифатливи.

    @Ava.84 трпеливо со буквите. Мали се за се да им слегне. Затоа сега одат само со препознавање на букви. Чисто да ги навикнат на концептот буква претпоставувам. Кај вас може да е малку позбунувачки заради двата јазика, ама не би требало тоа да е голем проблем туку повеќе е созревање. Вие може да играте активности со букви и препознавање дома (да не и дојде премногу како школо). Пример да ги пишувате на песок/брашно или да погодувате на која буква ви личи некое дрво или знак или облак и слично. Игровна активност без притисок. Купете боенка со букви па нека бои букви и слично. Ако ти е за утеха дури и во второ има деца што не знаат убаво да читаат и да препознаваат букви и не било ништо страшно дури и во второ одделение (барем така нас ни кажаа наставничките). До крај на второ очекувале сите да читаат убаво. Пишувањето исто. На ракопис уште не се обрнува многу внимание туку повеќе на точно пишување.
     
    На Kom.pot, Ava.84 и anggell им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    За буквите мојава скоро сите ги знае.Имаат една песничка и мора секој ден да ја пеат и од таму ги научи буквите.Исто дома имам еден куп книги за вежбање, вежбаме редовно.Има и книги за читање за 1 одд пола се слики пола зборови .Значи книги имам милион немам место веќе:D.
    На првото родителско учителката ни кажа децата ќе научат да читаат до Божиќ.Јас бев ваква:o.Еве гледам дека поврзува зборови по два и три.Нели овде малку поинакви се правилата за читање ама пробува да чита.До сега имаат само 6 букви научено и имаат секогаш вежби по 2 букви за читање.Добро некогаш чита и напамет нешто што не пишува:D.
    Имаа диктат по букви и по бројки и двата и се без грешка ама ете пак не знае да каже дали во зборот маус има с:).Ќе имаме на крајот на ноемрври родителско со учителката па ќе видам што ќе каже.
    Овде учителката како и што кажав бара се да е во ред точно и правилно напишано.Пишуваат исклучиво со мастилно пенкало не со молив]:).Значи имаат вежба дали буквата с е на почеток,сред и крај.Мојата напишала на сред ама голема буква.Точно е сред ама се пишува со мала(facepalm).Автоматски цела страна и е грешка:!:.Луди критериуми.
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ќе научи тогаш да чита. Интуитивно учат сега. Со диктати буква по буква и слично. За пишување со пенкало од одма првпат слушам. Во Велика Британија и УСА и во 5-то со молив се пишува како кај нас (во едната земја проучував образовен систем во другата имам братучедка наставничка). Германциве баш чудни се.
     
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Или учителката е чудна ама во потребен школски прибор кај сите стои мастилно пенкало мислам кај различни школи.Ни беше напоменето да биде без гума за да научеле децата да шкртнат одозгоре за се се гледа грешката.Демек од грешки се учи.
    Не дека немаат молив имаат со моливот шкртале грешка сега прашав(facepalm):D.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.079
    Пол:
    Женски
    Секоја втора среда е спанаќ кај нас. Имам и јас мени, не зборам на памет. Кај нас не беа никогаш задоволни родителите од Специјал, а ни децата нормално.

    Ние имаме проблем со приборот, со тетратките, со нивните работи така да речам. Секое детенце си има сопствена фиока, таму си ги чува своите работи. Син ми првиот ден донесе дома прибор со половина боички. За после 2м да донесе дома целосно искинат прибор кој е купен не така ефтино во Просветно дело. Прибор од 750 денари ни траеше само 2м. Мислам дека не е во ред никако тоа. Во фиока е донесено буквално се, дури и резерва имаме, а наставничката кажува дека немаме тетратка по англиски. Јас не сум таму и не им го знам начинот на работа, ама не предупредуваат неколку пати да учиме за правилата во училница, како кога ние не ни знаеме што и како е таму. Устата пена ми фати за тоа однесување во училница и сега ќе земам да му цртам оти нема како другачие. Џабе е многу интелигентен кога се што он учи сега е за џабе кога основите ги нема. Исто имаме проблем и со седењето. Масичките се премали за 4 дечиња со А4 тетратки и прибор. Не знам, не сум паметна ама зар сите школи се со овие мали масички како во градинка. Не ми се допаѓа воопшто. И децата сами реагираат дека им е тесно. Ајде моево си го знам, аљкаво е, ама не е до толку за да искине за 2м прибор, ко фудбал да играл со него. Шишенцето за вода што е метално, исто скапо купено, да одговара нели со приборот и ранецот, се да е најдобро за првачето, и на крај истото детенце што му го зело приборот да игра фудбал со него го фрлал во вис у му го свиткал, значи метално шишенце траеше само 1 ден. Не знам дали ние како родители имаме преголеми очекувања или пак до децата е, не знам, ама знам дека оваа генерација е страшно невоспитана, од клас скоро пола деца се проблематични. Не знам како да постапувам искрено. Книгата што им е зададена им е скоро празна, онаа по сите предмети што е. Исто приметувам, ако добро ми кажува син ми, ги немаат распоредите пи часови јако што се зададени. Знам, првачиња се само, ама ако од сега не фатат ред, кога?
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.893
    Допаѓања:
    110.079
    Пол:
    Женски
    Иначе да не биде дека само се жалам, морам да ги пофалам наставничките за тоа колку убаво ја совладуваат програмата, задоволна сум од тоа што син ми го има совладано и како брзо има усовршено работи кои во градинка ни беа тешки. Овие спорадичните проблеми мислам дека се пред се поради тоа што децата се премногу испуштени од раце.
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Па и јас не зборам на памет, и јас го имам менито, кај нас немаат спанаќ воопшто :)

    Инаку, во се друго е исто, дури почнав да се нервирам секој петок со половина празен прибор, и точно насочува кое дете им ги зимало и си ги ставало кај него во шкавче. Му викам појди земи си ги, ми враќа не е културно да чепкам во неговото шкафче. Е ај сега, овој да му земе е културно, мојов да си го земе своето не е културно...:)
     
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    Мајки како се справувате со лошите работи што ги учат децава на училиште?Оди во целодневна со поголеми дечиња и во рок од месец дена научи се нешто.Среден прст,вод да фак,Му се објаснува постојано дека тоа се неубави зборови ама дома постојано си наоѓа начин да ги спомне или да крене среден прст во смисол еве да ти покажам како прават големите деца.