Со казни и забрани. Од летово воведовме и искрено се препородивме, колку е воспитно и добро не знам ама гледам дека учи така што е добро а што не е добро да прави. Не дозволувам невоспитано дете дома па да е крај свет, среден прст ако ми покаже ќе биде толку казнет што нема да види играчки и телевизија добри 3м. Епа различно им е менито, тоа сакам да кажам. Инаку на почеток негодуваше многу, сега не, јаде скоро се освен месото и спанаќот. Не чека родителска па ќе бидам многу гласна овој пат, има да се карам ако треба и да бидам најлошата мајка таму.
Ок еве ќе го казнам 3 месеци со тв или било што ама колку е тоа исправно?Он незнае што значи среден прст и ме прашува.И сега неговата љубопитност проработува,затоа што добил непотполн одговор,само му кажав тоа е нешто безобразно и неубаво.Не е дека шета по дома и ни покажува прст,а и човек неможе да постигне зошто секој ден по некој бисер носи од поголемкиве.Се надевам со тек на време ќе научи колку е лошо и вулгарно.Ако е утеха знае дека не треба да се користи особено пред други луѓе или деца само дома сега за сега си пробува граници,е на училиште што се случува Господ знае.
Па ќе му објасниш што значи, ќе му кажеш и зошто е казнет и што треба казната да направи. Како инаку ќе научи. Нас кога ни поминува казната седнуваме да разговараме што научил од тоа и дали знае зошто бол казнет. Не е работата ти да си Баба Рога и само да казнуваш. Последниот пат исече со ножички несакајќи блуза на другарче, сакајќи да го насмее го скокотнал со ножичките во раце, следниот ден купивме блуза, му ја дадовме на другарчето, се извинивме и следеше казна од 1м не гледање тв, помина скоро месец и седнавме да разговараме, го прашав што научил и дали си ја сфатил грешката, бев и повеќе од задоволна од одговорот и на драго срце дури и неколку дена порано ја прекинав казната бидејќи сфатив дека научил. Забележав дека и дома е сега повнимателен со ножичките, со наострените боички, со предметите со кои може да се повреди. Значи казната вродила со плод. Не е дека е нон стоп под казна, 3 пати досега бил под казна за овие 2г како спроведовме казни, награди и поттикнувања за да биде поодговорен. Со тек на време ќе научи дека мора да ги одвојува работите кои ќе ги прима и тие кои ќе ги отфрла од своето однесување.
@simona_baby, @AngelOfArh не мора казна строга за среден прст. Учат и интересно им е и ново се во школо. И улење на такви „шеретлаци“ е кул и фраерски особено што се учат од постарите деца. Ќе ви фати пена устата дома од зборување и со тек на време ќе престанат кога ќе сфатат дека не е убаво тоа да се покажува. Инаку казната од глава може да ви се врати особено за нешто што сите го прават и во моментот е многу интересно за децата. Пробано лани на прваче. За се што имаше казна имаше бунтување и повеќе користење, за се што беше пена устата да ти фати од обајснување побрзо се забораваше. Еве сега во второ помалку е проблем средниот прст. Сега има други работи на мени (what the f..k и Глупав). Реално ако не се употребуваат такви изрази дома со тек на време ќе сфатат дека не треба да се употребуваат. Напорно и тешко, ама ако домашната атмосфера не е таква тоа нема да стане дел од однесувањето. @AngelOfArh исто и за приборот. Само треба време да помине и да се навикне на новата атмосфера за да стане поснаодлив. Ах да и да го оснажиш да кажува на наставничките ако некој ептен го тормози. Нас тоа ни беше проблем, сам пробуваше да реши проблеми и ем он крив на крај ќе испадне ем ништо не решил. Е приборот секогаш му бил ОК. Боичките од прво уште ги користи. Циција е мојов па тоа не беше проблем, иако не е многу уреден генерално земено. Му се случува да заборави нешто сеуште во школо само сега е поретко. Во прво на почеток тоа е поголем проблем. Само и за тоа беше устата пена да ти фати. Па покажување како да среди се итн итн.
Јас мислам дека сум најдосаден родител за зборување во врска со школо, не пена, устата ми се искриви од зборување. Кај нас само казни функционираат, кај секој различно. Кога ќе му земам тоа што му е драго некако одма поинаку реагира. И не повторува повеќе такви грешки. За приборот не е он крив, премали им се масичките, имаат едно дете баш невоспитано кое му го уништуваше приборот и му реков, следен пат јас ќе се разберам со него ако ти расипе нешто. Ама за сецната блуза и употреба на безобразни зборови и гестикулации, кај мене тоа не проаѓа и нема простување. Додуша кај нас нема поголеми во целодневна, седи со неговиот клас, ако научи нешто ќе научи од неговите врсници.
@simona_baby повеќето деца таква фаза поминуваат ко ќе се во контакт со поголеми деца или со поголем колектив. И кај нас лани секој ден со по некој нов збор си идеше, а не знае што значи. Зборуваме и ние дека е срамота, некогаш објаснувам на негов начин да има идеја што кажува и дека не смее такви работи да зборува, ама поминува фазата. Се сеќавам брат ми ко беше иста возраст пред 20 години истото го правеше, 10 години сум постара и убаво се сеќавам мене ми беше смешно, а моите се нервираа. Помина за брзо.
Во однос на приборот можам да ви кажам да си ги обележите боиците со колаж хартија а при тоа детето да знае. За во случај кога ќе се загуби да се знае чие е. Боичките најчесто така ги губат,паѓа на под,детето не се наведнува да го земе,тетката ќе го смете и отишло во ѓубре. Секојдневно наоѓам купишта прибор на подот и ретко кое се пријавува утредента да каже дека е негово. Па стојат во заедничка чашка за да се послужат кога ќе имаат потреба.
И кај нас ги собираат, не е проблем, кога ќе им требаат идат си зимаат од тој куп и готово, друго се е потпишано, ножички, лењири, баш се е потпишано. Ама несесер партал после 2м е скроз безвезе, да го скинал он ќе му речам крив си зошто го искина нема друг сега, ама јас да купувам на 2м прибор за невоспитани дечишта да играат фудбал со него, е не може. Реков следен пат јас ќе се расправам со децата, нека сум мрдната.
Одговорот на родителите знаеш што ќе биде мали се уште. Јас го имав и се уште го имам тој проблем кај едната ќерка.
Кај сестра ми ништо не помага, 10 пара дрвени боички и имаме купено од Септември до сега, најмалку 5 пара фломастери, наставничката на два три дена ни се јавува и вика дека седела само затоа што немала боички, нашава вика дека некое дете и ги земало, мајка му на детево вика моето дете само неговите боички си ги носи дома, нема други, а сестра ми не знае да лаже, чим вика дека некој и ги зема, јас и верувам.. Најверојатно мајкава на детево лаже, детето и е лопов, бидејќи и други мајки кажуваат дека им снемува прибор на децата што им го даваат за во школо.. Полошо од невоспитано дете е дрска мајка која што го брани детето и покрај тоа што знае дека греши..
Кога син ми упропасти маичка на друго дете си ја купивме истата како попче, има да купат нов прибор или пак ќе му објаснам на син ми дека од сега натаму приборот на тоа дете му служи како фудбалска топка и крај. Не може јас да плаќам за туѓи желби.
Ќе реагираш прво кај наставничката, ако таа сама не може да се справи, тогаш заедно со наставничката ќе реагираш кај стручната служба, штом родителите ги праќаат невоспитани и да уништуваат туѓи работи тогаш стручната служба треба да си се позанимава со проблемот.
Мене ми е сосема јасно меѓутоа во на ќерка ми класот повеќето се деца кои што се невоспитани и реакцијата на родителите им беше мали се уште и зарем боици и фломастери вредат повеќе од децата. И што ќе кажеш на овој одговор .
Епа нека земат и нека купат На никој не му растат парите на дрво, ниту паѓаат од небо за да купува секој ден поради нивните невоспитани деца.
Реагираме, чекам сега родителска па ќе бидам многу гласна. Пробувам да се ставам во кожа на родителите, не сакаат да им се децата невоспитани ваљда, ама она што го уништило детето ќе си го надоместам и крај. Па 750ден секој месец немам да давам за приборот. Да се само боици и фломастери ќе ги купам, ама самиот несесер е неупотреблив, искинат, од играње фудбал со него. Епа ако не вреди до толку, купи му го, крај. Стварно не е за парите, ама каква порака ќе му дадам на син ми, дека он мора да е одговорен а другите со неговите работи може да си играат мајтап, е не може така.
Сосема те разбирам лани со на ќерка ми ташната играле фудбал. И ти кажувам од искуство што ми рекоа и јас бев таа што кажа дека децата ако сега не сфатат како треба да се однесуваат во училиште понатака нема шанси. Одговорот беше тој многу се мали. Дома треба ние родителите да зборуваме што е добро а што не, како да се однесуваат во училиште ама не бев прифатена баш поради тоа што мнозинството од родителите и не се замараат со нивните деца. И еве сега сме второ одделение и уште го слушам тој изговор во врска со се им е.
Ок, мали се они да сносат одговорност, родителите ќе сносат (купат), ич не мора да ме прифатат, ако не ќе си играме и ние фудбал со нивните работи и тоа јас ќе ја почнам играта.
Јас многу се разочарав лани кога видов дека повеќето родители не се замараат со децата. Мене устата пена ми фаќа а некој воопшто мува не го лази. Во нашиот клас сме неколку родители што се замараат и дојдов во ситуација да се подзамислам јас да не сум грешка што сакам да ги научам моите деца на вредностите што ме учеле моите. Можеби јас сум таа што грешно ги воспитува децата, можеби треба да ги воспитувам да се тепаат, незнам.
Ич да не се сеќираш, ти одлично си воспитуваш, зошто насилниците во животот кад тад ќе завршат со поголеми насилници од нив.