Учителката на родители ги известува, тие одговараат моето дете не е такво, не дозволува кај педагог и психолог едноставно нивните деца се добро воспитани и не се виновни, виновен е системот што многу мали одат на школо затоа се такви. Како да во цела Македонија првачињата се поголеми само нивните се мали.
Крив е системот што не санкционира насилство. Ваквите деца не само во прво цел живот ќе наоѓаат жртви да малтретираат. Сите се криви од родители , учителки, повисоки служби ,цел систем и општество што не реагираат и не работат за промена на работите.
Се зачитав на темава, и моето е прваче. Дефинитивно она кое го учев на факс, првите пет се најважни на свет,е премногу точно. Со факти, со се, баш сега се гледа. Страшна генерација на невоспитани деца, со изговори на родители дека такво е детето. Среќа моево се падна кај прилично одличен педагог учителка, имаа големи проблеми со девојче кое маваше на сите, ги упати на психолог детски, се работи на случајот, не извести и другите родители да збориме со децата, од старт применува метод на награда и казна и тоа баш ми се допаѓа. Не може дете од 5 години да изиграва шериф, да мава по сите деца да скока по клупи и да пцуе, а родителот да си нема гајле.... Не сфаќам некои работи ама тоа е, работата во 3 смени на двајца родители, трката по пари и оставање премногу со баби и дедовци си има многу влијание
Не можеш некого да осудиш затоа што работи и сака да донесе повеќе пари дома. Има баби и дедовци и баби и дедовци. Ама најважно, воспитувањето доаѓа од родителите. И покрај работа можеле добро да го воспитаат детето.
Не осудив никого и не осудувам, туку напротив сакав да кажам дека самото тоа делува и врз родителот. Може не се изразив добро. Јасно е дека во ова време мора да се работат по 2 работи за, да се преживее за жал.
Мене оваа улична школа кај децата многу ми падна тешко. Не сум навикната на такво однесување од детето и ме стресе баш. Моја среќа е што имам исклучително паметно дете што размислува многу и знае кога ќе погреши да се извини, ама до кога ќе трае ова не знам. Имам комбинација од бунтовник, а мирен и повлечен тип, сака правдина ама само правдина, не да се истакне по секоја цена со сите негативни страни. Не учествува во тепачки, ама сака да го каже тоа што го знае и ако не го прашаат него за нешто се бунтува, е таква му е бунтовност.
Мајки на деца родени во јануари,како ви е искуството,дали ги запишувате порано на 5 и 8 мес,или чекате наредната година,јас се мислам
Јас би чекала до следна година. Синко тргна со 6 полни и 5м, има огромна разлика од овие со неполни 6.
Не знам за која програма мислиш, ама ова што досега го учи син ми многу ми се допаѓа и многу убаво го совладуваат сите. Малку е измешано, од типот, почнаа да пишуваат во тетратка бројки а тек сега коси линии, прави, она што е почетно пишување од наше време. Ама другото, многу убаво им е организирана наставата. Второ полугодие е резервирано за буквите, читање, а прво математика, графомоторика и општо знаење. Мислам дека за разлика од оној кембриџ е подобра наставата.
Чекај да почнат со буквите и со операции математика па ќе правиме муабет. Моите се сега второ одд и учат содржини што претходно се работеле во трето одд. Некои се навистина одлични ученици ,но има ученици што се губат во материјалот. Од година може се да се укине новава концепција па сосема нова програма да измислат. Така што кога може да бира членката,нека почека ништо нема да изгуби.
Не е наставната програма прилагодена за возраста, и наставничката го тврди тоа, посебно затоа што форсираат со математиката, учат операции без да совладаат целосно една, па да поминат на друга. Ни кај големиот не ми се допаѓаше програмата, ни сега кај малово. Не е соодветна за 6-годишни деца на кои паметот уште им е во играње. Не се децава понапредни отколку што бевме ние, не знам зошто толку форсирање од 6 години, детство им скратија, башка што не се сите еднакви, а неколку месеци многу менуваат кај децава. Да беа првачиња од 7 години, подруго ќе беше.
И ја се согласувам.Син ми собирање и одземање помина сега учат букви и до крај на прво одделение треба да научат да читаат.Пропратно поминаа и парни и непарни броеви.
Ама сега не е ланската програма колку што знам. Нова е. Не знам, мене ми се допаѓа бидејќи син ми е напреден и совладува се многу брзо и лесно, но факт е дека има деца кои не можат да совладаат и им е потешко. Пред некој ден имав шанса да присуствувам на неколку часа и морам да забележам дека деца основни работи не знаат, да држат моливче, да држат ножички, да сечат со ножички, гума не знаат за што служи, не знаат што е прибор и како да се грижат за својот прибор... мислам дека требаше првиот месец да совладаат се тоа а после да почнат со форми математика и приказни. Многу се уназадени со оваа година што им ја имаат одземено а и во градинка не се трудат многу многу очигледно. Се слагам со сите, но дека е подобра програмата од таа Кембриџ, подобра е, имав шанса да ја пројдам со внука. Да, мали се на 6 а камоли пред 6, 6ипол накај 7 е друго веќе.
Од ланската учебна година е воведена новата концепција според која и годинава учат првачињата. За тоа што не знаат да држат моли и да си средат прибор е кривица на родителот,да ги прашаш ќе видиш дека мама им го средува приборот и ранецот. Секогаш ќе има такви изгубени. Но во однос на содржините,разликите помеѓу децата тек ќе се видат во второ полугодие кога ќе почнат посложени математички операции а најдобро кога ќе почнат со читање и пишување. Кај дел од децата кои се соочуваат со потешкотии е причина возраста,односно не доволно созреани за да го усвојат тоа што им се сервира. Се трудат ,но не разбираат. Во второ одд одеднаш за 1 недела треба да научат таблица со 2,4,5 и 10. Реално со 4 само најдобрите математичари 2-3 ја научија. Барем во Кембриџот имаше повеќе часови за повторување, па поголеми шанси да се совлада. Овде е пренатрупано,исфорсирано,конфузно. Ако родителот од почеток не загрее столче со детето,отиде возот.
Дали некој од вас се бунеше за програмава, како што се буневте за платите? И зошто побогу родителите да загреваат столче и да ви ја вршат вашата работа?
Нас ни кажаа дека од годинава е нова оваа програма и дека тек ќе се види дали е добра или не. Јас ко што кажав засега сум задоволна, моето напредно, со желба за учење голема дури преголема. Сега за Нова година доби главна улога за приредбата и за 1 недела ја совлада приредбата, а после 2 недели некои деца немале ни кажано дома дека ќе имаат улога или дека треба да учат нешто па наставничките мораа да потсетуваат. Инаку се слагам и јас дека децата имаат слаба моторика, немаат организација и не знаат што значи школо и тоа не е до наставниците, до родителите е, ама ако видиш дека децата имаат проблем, застани, батали програма за 2 недели, нема ли да се достигне, објасни што и како ќе се случува следнава година па после продолжи. Џабе они во првиот месец научија 2д и 3д форми, кога не знаат дека во училница треба да се седи на место, дека не се шетаме и слично. Имавме родителска од 2ч и добро е, се среди малку, сега ако не друго бар се помирни. Иначе имавме тепачки, буквално хорор им беше одење во школо.
До сега од тоа што го видов што го учат, прво учеа броеви по математика, па собирање и одземање до 10, па сега собирање и одземање до 20 учат.. По македонски, сега почнаа тек да ги учат буквите, две букви до сега имаат само учено, а пред тоа линии цртаа, коси, прави, криви, си ги вежбаа рачињата.. Практично, до крај на прво одделение децава треба да научат да собираат и одземаат, да пишуваат, и да читаат на македонски јазик.
Се учи собирање и одземање до 30,а се запознаваат со броеви до 100.Македонски изучување на буквите и читање.Парни и непарни броеви,поголемо,помало,еднакво.