Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски

    И напредните се соочуваат со потешкотии, тоа особено го гледам кај поголемиот оти математиката им е никаква, според мене. Не учат како што треба, се е нафрлано, измешано, конфузно, и немаат време да совладаат одредена тематска целина.

    Исто и кај маливе. Додуша, кај маливе е потешко, повеќе брзаат со материјалот, а децата колку и да се заинтересирани, не можат да постигнат, бидејќи се заморуваат непотребно со материјал кој не е соодветен за нивна возраст.

    Во два месеци требаше да научат да ги пишуваат бројките до 20, десетки до 100, операции собирање и одземање до 20, поголемо, помало, следбеник, претходник, парни, непарни броеви, низи, последно и коцки како крстови со бројка во средина, да се напишат претходник и следбеник како и броеви што се за десет помали горе односно поголеми долу, сето тоа на погрешен начин поставено и распоредено. Под и над, зад и пред не се учат на тој начин, ама некој што мисли дека знае многу за шестгодишни деца мисли дека така треба.

    За тие два месеци учат и гласови, да ги препознаваат напишани, каде се во зборот и колку гласови има зададен збор. Тешко на децава со таа наставна програма, ќе им стане училиштето ептен одбивно, дури и на оние што сакаат да учат.

    Јас како родител на сите родителски го покренувам тој проблем со програмата, наставничката се вади на тоа дека таква е програмата и дека наставниците немаат право на глас во одлуките за истата, што мене лично не ми е верно, ама јас не можам да изигрувам професор дома, и да ја вршам работата на наставникот, прво не ни имам време, второ кога ќе се вратам од работа, детето не сака да учиме, сака да се видиме, да си разговараме, да си играме, а ако е втора смена, книга не сака да види. И го разбирам после пет часа поминати во училиште под притисок да совладаат толку обемен материјал.
     
    На drugarka, zuto и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.406
    Допаѓања:
    18.646
    Дали некој ги праша наставниците дали е во ред тоа што е креирано од "умните глави"?
    Не.
    Дали имаат право на глас?
    Не.

    За да постигнат успех послабите деца,односно оние кои не внимаваат на час,заради комплексноста на програмата. Заинтересираните доволно е само да слушаат внимателно и од искуство,учат од час.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.204
    Пол:
    Женски
    Редоследно кај Матео учеа Математика форми, 3д и 2д, броеви, поголемо, помало, претходник, следбеник, помало, поголемо и сега собираат и учат парни и непарни, парни непарни ги учат преку собирање некако и сум задоволна искрено. Македонски имаат графомоторика, раскажување по слики и илустрација на приказна, гласовите кои се проблематични за изговор р, л, ш, с, х, ф, ж и сега работат на пишување коси, прави, ченгелчиња, кругчиња... По општество учеа за другарство, фамилија, празниците ги опфаќа како идеа, училиште, добри и лоши навики... Природни науки учеа за чувства, сетила, делови од тело, растенија и од што е составено, диви и питоми животни, ден и ноќ, годишни времиња... Музичко учат за звуци, пријатни, непријатни, кои се инструменти постојат и слично. Физичко се ориентирани на корективна гимнастика. Ликовно се тоа што учат го цртаат и плус примарни и секундарни бои, како да мешаат и работа со различни видови техники. Јас искрено сум задоволна од досега програмата, иако е на брзање, на скокање, на нас ни одговара бидејќи се ова Матео веќе го има совладано и уште сигурно 1 година ќе успева со леснотија да ги совладува работите, тешко мислам дека ќе биде здравје кога ќе почне делење, множење, дропки, а чита течно на ниво на возрасен, раскажува и учи текстови неверојатно брзо и лесно, пишува и чита ракописно, печатно, кирилица и латиница. Англиски е на некое бејзик ниво, ко за прв пат што се сретнува со јазикот зошто досега не сме учеле ништо на англиски и не слушал цртани на англиски.
     
    На JoyJoy и danichap им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.017
    Пол:
    Женски
    Од минатата година е програмата. Синчето почна со таа, продолжи второ со таа. Моментално само уште 2,3 букви им останаа од ракописните да ги доземат... брзо ни дојде некако се, но совладува. Ама со работа плус дома секојдневно (а целодневна е). Плус иако има нова програма, сите наставници и улилишта различно си тераат, си додаваат материјали од стари учебници, наставни листови со друго и сл...
     
    На JoyJoy и BlackNight им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.912
    Допаѓања:
    110.204
    Пол:
    Женски
    Да да, оно одделенија различно работат во исто школо а не па училишта. Јас очекував полошо да е, од ова засега сум задоволна.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    И јас сум во тек со новата програма за прво и второ оделение, и сметам дека е многу напредна, посебно за прво оделение. Ако е целодневна не смее воопшто да се дава домашна, а сите даваат. Ако материјата не може да се совлада во дадениот рок на училиште значи дека е преобемна или понапредна. Наместо да се ствараат навики за учење може кај децата да се создаде одбивност од седење во клупа. Мое мислење е треба повеќе слободно движење во училницата посебно во вториот дел од денот. Да се посвети исто време и на часовите по физичко, музичко и ликовно, рамноправно важни се за развојот на децата. Секој ден да се слуша музика, да се играат игри со поучен карактер…. знам дека идеализирам, ама овие работи не мора да ги пропише некој во програма може наставничката самоиницијативно да ги приемнува.
     
    На BlackNight, TarantulaA, Iki lepi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    13.603
    Пол:
    Женски
    Ние имаме проблем со едно дете во школо.. Постојано и го клоца на сестра ми ранецот, намерно постојано ја удира, денес ја удрил по нога намерно, модрица има.. Мајка ми и кажала на мајка му кога ги земале од целодневна, мајка му и рекла абе знаеш твоето е девојче, мирно е, моево е машко и понемирно е, затоа така.. Јас не знам до каде со вакви родители што не знаат на дете од 6 години да му преречат и да го контролираат.
     
    На sj *O* и tambelina им се допаѓа ова.
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Наставничките знаат? Гледаат? Преземаат ли нешто?
    Реагирајте кај стручната служба (педагог, психолог). А мајка ти нека и рече на мајка му или нека си го прибере и воспита синот или нека не се изненади ако од нејзе изеде ќотек некој ден нејзиниот син.
     
    На sj *O*, tambelina и _beautyy_ им се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.449
    Допаѓања:
    12.595
    Пол:
    Женски
    Мајки на првооделенчиња дали имате рутина за учење?
    Јас со син ми секој ден работам, не со саати ама пола час до час највеќе тоа кога имаат тест.
    Некогаш се мислам да не сум престрога мајка. Јас постојано му објаснувам дека тоа што го учи во школо треба дома да си го повтори, реално учителката нема време сите да ги учи, треба си континуитет.
    Пред некое време мајките од класот на моето дете ги слушам како велат дека ги остават така, не ги тераат да учат, во стил ако нејкеш, нејкеш. Некако се почувствував како престрога. Никогаш на сила не го терам да учи, секогаш доага дома одмара, спие си игра па на крај повторуваме.
    Сега ако не има рутина подоцна потешко ќе ми оди. Сепак училиштето е да учат а не само да се забавуваат.
    Некогаш наидуваме на отпор епа не сакам сега, ама секогаш наогаме решение, ајде одмори па кога ќе сакаш и сам се јавува и седнува за учење. Кога видам дека знае и 10 мин се доволни ама така не можам да го оставам на таа карта ако нејке, не мора.
    Кај вас како е?
     
    На TarantulaA и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Мамичка

    Мамичка Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2017
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Мојата оди на целодневна, таму пишува домашно, јас и го проверувам. Дома кога ќе си дојдеме јадеме и повторуваме што има учено во училиште, ако имат песничка учиме, сега почнаа со читање, учителката ја става книгата по македонски јазик во ташната и ни кажува што се учеле во училиште и што треба дома да работат. Што да читаат. Воглавно мојата досега добро го совладува материјалот и не и е потребно многу време, ама имаме стекнато навика дека треба прво домашно да пишеме и да учиме па после да игра. Можеби и мене ме сметаат за строга ама јас го имам тоа мислење дека почетокот е најбитен, и основата е најбитна, и се водам по тоа. Кој како сака нека ме сфати јас си одлучувам за моето дете.
     
    На TarantulaA, JoyJoy, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    13.603
    Пол:
    Женски
    На целодневна оди сестра ми, и наставничката што и е во целодневна ептен и помага, домашна пишуваат, песнички што им даваат од школо таму учат, обично кога ќе ја прашам дома што учевте денес, знае да ми покаже што пишувале и да ми каже, да ми објасни, нема рутина дома да учи и да пишува, се на целодневна и во школо прави.. Дури и атласи што и купувам и книги за надвор од школо да се едуцира, и тие знае да си ги носи во целодневна за да учат со наставничката во целодневна од нив.. Барем до сега не сум видела потреба да учиме и да повторуваме нешто дома, не заостанува ни со материјалот.. Можеби грешиме што не почнавме дома да учиме со неа од старт дома, ама добро напредува и вака, дома се одмара и си игра повеќе, а во школо учи, со оглед дека е до 5 саат на целодневна.
     
    На JoyJoy и anggell им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.449
    Допаѓања:
    12.595
    Пол:
    Женски
    ^Во целодневна тоа е и целта таму да учат, моето не оди и затоа мора дома да се работи.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не си строга мајка, продолжи така, мора да се навикне дека мора континуирано да учи и наученото да го повторува. Таа навика ќе му помогне кога ќе биде во погорните одделенија, кога ќе биде потежок и пообемен наставниот материјал. Ако сега не ја стекне основата, ако има недостатоци во знаењето, многу лошо ќе му се одрази понатаму. Подобро ,,строга" мајка, отколку да го испуштиш од колосек детето. А и еден саат дневно е доволно. Некогаш и помалку ќе си процениш.
     
    На TarantulaA, Sofi.ja и anggell им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски

    Тестови не смеат да се даваат во прво одделение. Или барем децата не смеат оние контролни ливчиња кои им се даваат да ги доживуваат како тестови. Контролните ливчиња во првите три одделенија треба да им служат на наставниците да одредат напредок кај детето, ама тоа детето не треба да го доживее како тест.

    Во прво одделение детето се навикнува на школо не му требаат стресови од типот тест. Леле аман баш се разочарав.. Мислев дека се искорени тоа сфаќање барем кај учителките. Очигледно не. Сироти деца.
    Инаку со секое дете ако не оди во целдневна настава мора дома да се работи. Ние работиме по нешто по плус за време на викенд и работевме и прво кога беше. Сите покажуваат отпор на почеток затоа не е добро да се плашат од тестови и слични работи и специјално да учат пред тест.
     
  15. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.054
    Мајки како да помогнам на детенце да почне да чита? Има ли некоја посебна стратегија која ја користевте? Буква по буква кажува збор, и тоа обични двосложни. Не ни повторува таааа-тоооо, си тера т а т о и толку. Сите букви ги знае, неможам да го научам да чита
     
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ако е прваче таман си е. Толку треба за овој период. Плус у школо учат така буква по буква. До крај на прво ќе му кликне и за подолги зборови. Буква по буква толерираат и во второ.
    Ако сакаш да помогнеш дома дрлете зборови на слогови, составајте зборови од букви (не со читање туку при разговор). Има и една игра на Скампер за учење на читање (https://scamper.mk/product/bukva-po-bukva/).
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.707
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки...Имам детенце кое треба да биде прваче, но се мислиме дали целодневна или класична настава да го запишам.Дали може, вие мајките кои веќе имате некое искуство да споделите предност/мана меѓу класична и целодневна настава?Зошто баш пдбравте вашето дете да посетува класична/целодневна?
     
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.638
    Пол:
    Женски
    Од мака :) Нема кој да го чува.Зависи какви се условите таму,кај нас се крш ама моментално немаме избор.Мали се брзо се преморуваат.Кога би имала избор би избрала класична,да одмори па со мене ќе си учи.Секако он со мене дома учи бил или не бил во целодневна.Е сега зависи какво е твоето работно време.Ако се прибирате покасно подобро во целодневна барем домашната ќе си ја напише таму.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Кај нас во школо нема ни опција за класична настава до трето одделение. Само целодневна.
    Со целодневна се цел ден на настава тоа е можеби напорно, ама па од друга страна се работат во школо. Дома нема некои обврски. Носи книги во Понеделник, ги земаме во Петок. Значи после 15 часот (или 16, 17) кога го земаш од школо е слободно детето да прави што сака. Уште од лани оди во самото школо после часови на Англиски јазик и на шах (зашто во 15 часот ни е рано да го земеме). Ние најчесто остануваме во школски двор пола саат на играње, па се прибираме дома и во лето накај 19 часот пак излегуваме на играње надвор, во зима игра дома или ако е подобро времето пак надвор или кај некое другарче. Годинава е второ одделение и сам пројави желба да оди на фудбал па со тоа му се фатени две попладниња.
    Во прво одделение во целодневна немаа ниту домашни. Сега во второ имаат за викенд домашна по еден предмет која се завршува за околу саат време.
    Дома јас работам со него чат/пат математика. Секој ден читаме по малку ама тоа се трудам да му го претставам како задоволство, а не обврска. Значи имаме време за читање и јас тогаш читам и татко му. И читањето не ни е пишано како училишна обврска туку како забавна активност.
     
    Последна измена: 13 март 2023
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Мајка ќерка ми е прваче во Де па ќе ти кажам како учат овде.Буквите не ги учат како што се, туку како се слушаат или токму како нашата азбука.
    При тоа зборовите ги делат на слогови.Така го читаат зборот по слог. Некогаш еден збор од 4 букви е слог и не смеат да чита буква по буква туку само слог по слог.
    Пробајте по слогови.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.