Да, слог по слог е полесно и побрзо оди, ама и за тоа треба да кликне. После школо моето си има период на игра, или погледува цртани, се одмара малку, не е целодневна. Потоа пишува домашно, си има нејзино биро кај што си седнува и си пишува. Јас после само ја проверувам домашната, или помагам ако заглави негде. Друго не учиме ништо посебно, излегуваме и шетаме, си игра, дете е уште, доволно е да си има навика да си напише домашно, за мене барем.
Во второ имаат писмени, учат множење, делење, равенки, пишуваат ракописно и кај нас еден куп домашно. Денес ги учевме таблиците со множење, ама делењето потешко му оди.
Мојата останува целодневна и веќе домашното и е напишано.Дома јас и го проверувам.Ништо др не прави освен што си игра после школо.Некогаш кога е ептен расположена има книги за вежбање математика и дојч што и ги јас купив(наставните книгите и се во школо) ,ако сака пишува и после тоа го носи кај учителката и добива пчелки како награда.Пчелките се бројат и има натпревај за највредно дете во класот.Прво полугодие победи со огромна разлика,сега веќе не сака да прави нема конкуренција. За читање слогови, овде самиот јазик нема сврзник или збор со една буква затоа учат делење на слогови уште одма.Од сам старт тоа и се вежбите делење на слогови.Колку слогови има зборот,сортирај по број на слогови итн. Учителката на првото родителско лани во јули кога кажа дека ќе знаат да читаат до Божиќ.Јас бев ваква. Стварно, имаа учено 7-8букви ,а веќе читаше.Ама секој ден 3 месеца пееја песна азбука и ги научја сите букви со песничката.Книгата на поклон што ја доби од учителката и е направена по слогови со бои.Сега немојте да мислите чита како 5 одделенец, чита слог по слог.Во второ не смее веќе по слог да чита туку цел збор.Таа ми кажува бидејќи во класот се прво,второ и измеѓу деца. Ова полугодие почна веќе да учи и ракописно. Математика па претера учителката не дава со прсти да сметаат.А веќе ги учат бројките до 20.Ептен ми е комплицирана и строга учителката.Ако не стави точка на раченицата цела страна и е грешна. Да не кажам дека именките сите се со голема буква и плус тоа треба се да знаат деца од прво одделение.
Кај нас во второ немаат писмени. Има нешто како контролни ливчиња ама не ни се кажува посебно да ги спремаме. Множење почнуваат да учат ама сега сеуште ја учат логиката на множењето (со броење собироци), а напамет уште не и кажале да вежбаме иако од повторување на ова со собироциве дел од тоа му е влезено во глава. Ракописни одамна завршија со сите букви и сега само така пишуваат.
Моето е прваче ама нема тестови, имаат некои како натпревари меѓу нив, на основ на тоа добиваат Математичар на денот, Пишувач на денот, Читач на денот... ама ништо задолжително. Дома самоиницијативно ако реши да чита или решава математика, да бои... а решава секој ден и обично после школо тоа прави, па после му дозволувам на тв на you tube kids да гледа Биби и Боби или во петок попладне и за викенд игрички да гледа со Супер Марио и Соник. Исто за викенд му е дозволено и да игра игрици на лап топ, ама само Супер Марио и Соник и една игра со цртање.
^ За прв пат во мојот живот мислам дека попуштам со нервите Имаат и тестови и диктати, само што помала оценка од 5- не става. Колку и да не сака човек кога стави на таа и таа дата имаат тест се напнувам. Моето не се замара баш, и добро е тоа, ама кога учиме дома, посебно пишување, подобро никој да не не слуша Без нерви останав, тие се мали а мора да ги тераме да пишуваат сами Кога ве читам немаат тест како да не сме од овде.
Не смее да им става оценки до трето одделение. По законски одредби не смее. По наставна програма не смее. И не смее сите 5-ки да имаат. Треба жената да најде метод да ги класифицира во три нивоа споре дпостигнувања за да се знае кое дете во што е подобро а каде му треба помош. Тие тестови за тоа треба да служат. Ама да не се најавени туку низ редовни часови. Описно мора да ги оценува. Реагирајте. Кај нас наставничките им ставаат печати (ѕвезда, насмеано човече и неутрално човече). За сами пишување да во прво почнуваат сами да пишуваат. И да имаат диктати. Ама дома не за оценка и нервирање по дома. Не се најавени. Се случуваат во текот на наставата. Ги пишува во неделното планирање ама не се нешто побитно од се останато што се случува.
Исто е и кај нас, со тоа што им пишува во тетратките пораки, довршува ги цртежите, одлично сработено, внимавај на знаците... Презадоволна сум од учителките.
Пораки има секако. Поправање и слично. Тоа секогаш. Од време на време добиваат и знакчиња чисто за да им биде визуелно претставено до каде се. Ама бројка па уште и за сите една иста по мене нема никаква логика.
Женски прашање имам за тие што ќе запишуваат првачиња. Дали се пуштени тие термини за офталмолог и стоматолог за првачиња?
Сега како што се сеќавам се јавив на 7ми април, ми закажаа за 25ти мај, ама не отидовме зошто на нас од општина ни направија бесплатни во бившата турска сега Санте очната, во Ѓорче. А за стоматолог немаше преглед, само одиш и ти даваат потврда после преглед.
А каде можам да најдам според реон каде можам да запишам дете? Чисто ме интересира Моментално се водам на друга адреса(центар), ама задутре ќе мењам лична карта(исто центар). Ама баш сакам да видам кои се адреси спаѓаат. За Песталоци стрикно зборам.
Значи џабе ќе мењам лична карта хехе.. Нема врска уште поубаво, ако случајно излезат уписите дур ја земам.
И мојата е прваче, генерално добро се снаоѓа со пишување и читање. Кај нас им се изучени сите печатни букви, пишуваат, имаат дикатати, имаа 2 лектири Грдото пајче и мислам Снежана и 7те џуџиња беше., а веќе учат и прерадкажување. Математика собираат и одзмеаат, одзеѓжмаат и цели десетки пример 70-30. Бројчани оценки немаат но имаат браво, , или штиклирано дрка е точно, подвлечено, прецртано или прашалник кај што згрешиле, испуштиле буква, а прават и тестови. Она е во целодневен престој, но јас и дома подработувам со неа, читаме заедно обично, за математика не и требам, а исто и за пишувањето ме бара, како да не е сигурна, не секој ден но 3 дена во текот на неделата, и сабота и недела наутро работиме, дали читање, дали текст да препишњже, дали задачи чисто заради стварање навика и обврска за учење и пишување.
Имаат реони во Центар. Секое училиште на веб страната при објавување на конкурсот за упис на првачиња наведува кои улици влегуваат во нивниот реон. Отприлика секоја година се истите улици. За Песталоци коцката од Партизанска, Климент Охридски, Теодосиј Гологанов и Рузвелтова е реон. Преку Партизанска е Коле, преку Климент Охридски е Гоце Делчев, преку Теодосиј Гологанов е Киро, преку Рузвелтова е веќе Карпош (Војдан). Центар знаат да бидат и прилично строги во реонизацијата заради притисок на родители кои работат во Центар а живеат во други општини и во последно време заради притисокот на Киро Глигоров.
Ако според лична карта се водите под Центар, можеш да си го запишеш во било кое школо што спаѓа под Центар.
Не можеш. Има некои школи што имаат помалку деца и примаат без реонизација, ама има и некои што се „на удар“ и таму се водат по реонизација.