Не е проблем, зошто според реон ќе си припадбе кај што сакам, Песталоци, односно она сака зошто сите другарчиња ќе и одат таму. Само се надевам дека до тогаш ќе излезе личната карта. Лани објавиле околу 18.04 па се надевам до тогаш ќе ми ја издадат. Утре иам закажано. За жал кај нас за се се чека за документи по 15 дена, па едно си повлекува друго... Среќа и до тука што завршив работа на време.
Пријавувањето не е одма првиот ден. До крај на Мај имаш рок. Во Мај закажуваат тестирања и до крај на Мај треба се да комплетираш. Така што можеш и да им кажеш дека ќе ти се смени адресата и дека ќе припаѓаш на тоа школо. Понекогаш дозволуваат и покасно комплетирање заради каснење со прегледи (стоматолог, офталмолог).
Кои документи ми се потребни за да запишам дете во школо кое сакам јас од причина што живеам под кирија? Договор немам дека сум кираџија а нема ни да имам. Инаку по лична карта детето припаѓа во сосем друг град, но нема опција да учи во школото каде припаѓа.
Прашај во школото најдобро. Обично оди по лична карта на родителите (барем едниот) или доказ дека детето живее во реонот на училиштето (привремено живеалиште, договор за кирија и слично).
Изјава на нотар на станодавачот дека живееш кај него на добра воља. Така го реши тоа братучетка моја.
Имаат ограничување, јас сум Центар и менував лична карта зашто се водевме на старата ќука која припаѓа под реон Кочо Рацин школо,па менувавме лична карта на новава адреса што живееме за да оди во Киро пошто ни е поблиску. Види на сајтовите на школите пишува кои улици спаѓаат во тоа школо.
Да, изгледа е вака. На сестра ми децата и учеа во центар, а она е од сосема друга општина. Без проблем и ги запишаа, ама они беа во Кирил и Методиј, па може затоа, оти таму имаат недостаток на деца, па примаа од секаде. Знам оти во одделението на внуките имаше деца од цело Скопје. За другите училишта можеби е поинаку. Се извинувам @Цвет88 што ти дадов лажна информација.
Не е страшно. Јас само онака прибирам инфо, да сум спремна ако снема лични карти за печатење Ако можам да однесам документи при тестирање а не при пријавување немам проблем. Мислев дека порано искача конкурсот. Секако ако нешто биде ќе кажам ја чекам личната карта. Него, ја коа мењам адреса, за детево не пријавувам никаде? Освен шо ќе мора нели пасош да и мењам.
Документи носиш при пријавување, ама ако нешто фали имаш време да докомплетираш до крај на тестирањата. Пример можеш да однесеш и да покажеш ливче дека чекаш нова лична карта па да ја однесеш новата на крај. Јас така се враќав да однесам документи дури и по истекот на рокот (тогаш касно пуштија термини за офталмолог па на крај општина Центар имаа договор со Санте и така документите се комплетираа во Јуни).
Ајде сеа да си допрашам. Забарот матичен може да даде потврда? Се важи од кај него? Потврда за вакцина се вади од вакцинален пункт? Како изгледа очниот преглед?
Мора да е на државно,приватно не прифаќаат,ова за стоматолог.Очно дозволуваат на приватно зошто се свесни дека термините се зафатени.Инаку на прегледот треба со едно затворено око да погоди фигури од најголеми до најситни.И после на еден апарат гледа нешто и мрда и проценува каков е видот.Ништо страшно.А ваквинален статус можеш да испринташ од книшката.
Нашиот матичен стоматолог рече дека може он да издаде. За очно утре сме ќе ти кажам како ќе помине мали. А за вакцини кај матичната ми рекоа дека они ќе издадат да носам книшка или картон што имам од вакцините.
Ќе прашам после, баш сме на забар. Нашиот е приватна ординација, ама работи со фонд. За очно се мислам каде да ја носам, пошо нели имаме проблем со комуникација со возрасни и не сакам само дополнителен стрес да и правам. Малце ми е глупо ова со забар па и очен, не сфаќам како е поврзано со школо, ама ај ок. Така мора да биде.
Ние за очно успеавме да фатиме термин во пол. Железара, има амбуланта за првачиња, ама за забар стварно не знам кај да го носам, имаме матичен па ќе видам со него. Инаку треба упат нешто за стоматолог за поликлиникиве, државна?
Им ги залеваат 6ките на стоматолог, не е само преглед. И во прво и во второ има систематски плус. На мојот сега втор пат му ги залеаа сите и добивме препораки за протеза, него порано му излегуваат сите заби до сега. А на очен кај многу деца баш на тој преглед имаат откриено дека се за наочари.