Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Шо значи залевање? И многу е битно дали боли?
     
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Не боли воопшто, ставаат слој од горе како пломба ама друг материјал е, ги штити од кариес одреден период.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Каква меланхолија и депресивност ме фаќа дека ќе оди во прво ...
    Не знам ... Како сите бродови да ми се потонати, никогаш баш никогаш се немам вака чувствувано.
     
  4. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Истото го поминав и јас, секоја вечер со солзи заспивав, како ќе биде како ќе се снајде како наеднаш да порасна.
    Ама кога ќе видиш колку е среќна и колку и е исполнет денот, ќе заборавиш на се.
     
    На Ano и fana им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Исто...
     
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Се тоа е во ред, како рурински преглед не е спорно.
    Зошто е услов за упис во прво?
    Која е конекцијата на залеана 6ка врз уписот, или пак потреба од протези.
    Исто како и за ортопед што си има време кога се носи детето, така и ова.
    Дека на таков преглед може да се открие нешто е сосем друго.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Пошо има родители што воопшто не ги носат децата на стоматолог. Вака барем ќе мораат :(
    Ептен е запоставено денталното здравје кај нас :(
     
    На M.B. и kristina.k им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Прегледот на забар е од превентивен карактер како грижа за здравје на деца. Освен што се оди пред упис се оди и секоја година. Кај нас не се прифаќа од матичен потврда. Си има забари реонски (тие што си постоеја од Југолавија кај кои и јас како дете одев - дури и во некои училишта ги има сеуште како ординации). Значи не е реда ради. Брои заби, гледа дали се распиани или не. Ако има потреба во договор со родител залева. Ако треба нешто плус да се направи препорачува што да се прави. Дел од систематски преглед е. Има деца на кои тоа им е прв преглед на стоматолог па служи и да ги опушти. Плус родителот е присутен па се објаснува и за потребата од правилна нега на заби. Објаснува правилно четкање и слично. Не е само да се дешава нешто. Начин е системски да се влијае на подобрување на дентална хигиена и дентално здравје што кај нас е на ептен ниско ниво.

    А офталмологот е апсолутно битен за поаѓање во прво. Ако не гледа убаво детето да се корегира проблемот пред да појде детето во прво одделение.

    Инаку во секое школо барем во Скопје има назначено каде се носат децата за стоматолошки преглед. Ако добро се сеќавам тебе ти е Песталоци таргет и таму имаш баш таков забар во склоп на самото школо.
    Исто има и каде одат на офталмолошки преглед. Не сите ординации може да издадат потврда. Наведени се кои. И обично општина Центар се договоара со некоја и од приватниве да се прифатат и тие потврди, освен оние од дел од установите од јавно здравство.

    @fana, @anastasijaki во конмкурсот за упис ќе си стои од каде се се прифаќаат потврди и за стоматолог и за офталмолог.
     
    На Kom.pot, anastasijaki, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    И нашиов е приватен стомстолог, ама работи со фонд. Он рече дека може да издададе. Баш ќе се консултирам и со општата матична. А што ќе залеваат кога мојов незнам кога нема 6.
    Термин за очни ние во Неуромедика фативме.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Не е само за залевање терминот. Ако не сака родителот или нема време може и да не залеат. Гледаат општо дентално здравје, бројат заби и слично. Не знам што сте се запнале со тоа залевање. На мојот во прво веќе му беа залеани кај матичниот. Па пак бевме на преглед. Годинава корегираше зашто залевачите се трошат со тек на време.
    Ама затоа доби преглед, разговор, потсетување да мие заби два пати дневно. Разговор како да ги мие правилно и слично. И секоја година исто. Мене баш ми се допаѓа што повторно го вратија ова. Зашто едно вреем го баталија, а јас кога бев дете исто одевме на стоматолог од школо.

    Некогаш ни крај ни чаре ни се фаќа. Ако нема нешто не не бива, каква земја е ова бла, бла. Ако има нешто е па зошто има само време ќе губиме, па каква земја е ова бла, бла. Едно нешто да ни се погодеше. Чудо едно сме.
     
    На VDT2906, AngelOfArh, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Друго е прашањето.
    Јас тоа што го кажувате го разбирам. Од рутински преглед секако штета нема. Точно сум свесна дека и тоа ќе е некому прв преглед.

    Ама!
    Прашањето е зошто е МОРАЛНО да однесам потврда за стоматолог и очен лекар? Па дури и наведено кои.
    Ако не однесам нема да го запишат?
    Нема да го ЗАПИШАТ во ЗАДОЛЖИТЕЛНО образование?
    Потврда за вакцини скроз разбирам и д ане го запишат без потврда разбирам.
    Ама заболекар? Офталмолог?
    Како забите и очите на МОЕТО дете влијааат врз другите?
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Нема да ви прифатат. Во Аеродром само во Јане одат децата на систематски.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Не се запнав за злевање. Муабетот е дека матичниот стоматолог многу подобро ја знае неговата состојба. Малиот ми оди таму од 2,5 години. Ставани фасети на единици, поправани заби, дури и нерви му умртвуваше за да ги зачуваме 4. Матичен е. Зошто да мора да се влечеме на друго место, па уште и термини да бркаме.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ова за стоматолог или и за очно?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Ама ти си еден случај. Ова е системско решение. Механизам за државата да помогне во унапредување на дентално здравје. Не поаѓајте секогаш од вашиот случај. Има милион различни случаи и кон сите треба еден ист пристап. Затоа е ваквото решение.
    Инаку и јас знам дека потврдата се зема само од ординации што може да ја издадат. И обично на конкурсот од школот стои од каде или матичните лекари знаат од каде.
     
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Ок нека е задолжително ама нека се прифаќа од било кој што има договор со фондот, а не да се тепаме за термини.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.958
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Стоматолог.
     
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Така де...
    Демек само за у прво му треба да се провери видот.
    Као општо за у животот не му е потребно тоа.
    Сосем не поврзано со тоа што прашувам јас.
    Значи зошто е услов за запишување.
    Значи сеа треба дете да носиш на рандом забар, па тие државните шо се едни фини, поише да го уплашат, а дете веќе си оди редовно на забар.
    Сосем во друга насока се насочи прашањето.
    Нека си најдат начин да ви научат родителите на превентива.
    Впрочем, матичниот педијатар треба да им го кажува тоа.
    Како за ортопед што кажува.
    И еве ако у моментот има расипан заб, кој за жал не се поправа, туку се одржува, дали нема да ја примат во школо.
    Сакале нешто да направат, ама не го направиле баш ко што треба.
    Зошто едно е редовен систематски преглед кој мора да биде извршен во одредена возраст, сосем друго е услов.
    Ако не гледа, треба да носи наочари јасно ко ден, ама еве ако има проблем, зар нема да дадат потврда ми е прашањето?
    Значи дали ако има расипан заб ќе издадат потврда?
    Дали ако се увиди проблем со видот ќе дадат потврда?
    После ќе кажат ако сакате потврда, мора тука да го лечиме забот.
    Е ова не ми е јасно?
    Зошто да не може онаму каде што редовно си оди детето, освен ако не лапкаат пари од државата.
    Можеби некое дете редовно оди на очно, ради проблем, ама не они ќе му наложат каде да го носат, па после пошо веќе е со проблем, нема да добие потврда?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.636
    Допаѓања:
    15.784
    И мене баш ми се допаѓа идејава со систематски за забиве.,мојава е трето одделение и секоја година не викаат да одиме на проверка и покрај тоа што си оди на матичен стоматолог и води сметка за забите,ова е баш е убаво пред родител кажуваат за секој заб по ред,што треба,залевање,на што да се обрати внимание.Супер се во Јане ние одиме.Само не знам зошто нема систематски комплетен како порано што одевме од училиште.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.128
    Допаѓања:
    40.344
    Зошто мора за се драма да се прави? Бараат и ќе носиме, ништо комплицирано. На упис јас имав земено од матичен стоматолог, ми рекоа да донесам од Јане. Го однесов немаше никој за 5 минути завршивме. Да не е ова некои ни до 8мо нема да однесат дете.
    Не дека ако има расипани нема да ви дадат потврда.
     
    На JoyJoy и azelea им се допаѓа ова.