До сега не прифаќале. Сега ние во Аеродром чекаме повратно инфо од општината дали ќе има промена во однос на ова.
Офталмолошки прифаќаат, особено ако детето има редовни прегледи. Ако одите кај некој доктор редовно замолете да ви напишат дека редовно правите контроли и дека докторот е запознат со состојбата и соодветно третира.
Девојки ја однесов денес малата во букурешт на прегледи. Прво за мајките погоре што се потресени, стоматологот беше исклучително пријатна и културна докторка, чисто уредно и тамам. Никаква баба рога немаше. Ги ѕирна запчињата, дури и ја зали шестката што и е излезена. Очно исто така беше сосема ок, читаше бројчиња и чинеше 40 денари. Завршивме за севкупно 10 минути во двете ординации, немаше никој пред нас. Земавме потврди. И од вакцинален пункт денес земав потврда и целиот картон ми го дадоа.
Како поминавте на очното? И како изгледаше прегледот? И ние завршивме денес, забарот беше ок. Ама очно и рече само една бројка да каже, било која и толку. Не пишувам подетално ништо, да не рече некој дека лажам или измислувам. Се правдам или било што слично. Толку од мене на оваа тема.
Дали има некоја мајка од Куманово, дали ги знае учителките од Кочо Рацин, треба да го запишеме бато ама прво сакам да ги истражам учителките да одбереме паметно.
Па ја седна, рече да и покажувам бројка по бројка од осветлените, си ги кажа една по една и толку беше, ја пофали и посака со среќа во училиште. После тоа потроши повеќе време да ми објасни кој органски ц витамин да и го купам од виола Зошто би измислувала, ако не верува некој ти е гајле, ако не ги знае детето бројките сигурно ќе рече една која ја препознава да ја каже, ако ја гледа ваљда и другите ги гледа, не знам што да речам, можда и протрчала про форма ако имало гужва, кој ги знае...
Зошто не им прегледуваат компјутерски диоптрија стварно не ми е јасно, тоа читање од ѕид ми е чиста глупост.
Исто ахахаха.... Сите шо беа ми коментирас исто Јас очекував детален преглед. Ме зачуди, зошто еве во муабетиве нагоре, многу беше битен прегледов. А ова беше се само не преглед. Бар ќе однесев дете на асален доктор. Докторката продаваше процент за ацерола, стрикно од виола, кај нив, во зегин не чинела.
Седни тука и кажи една било која бројка или буква и рече. Кога почнав јас да покажувам повеќе идејќи накај поситните ми кажа дека прегледот требало да трае кратко, пошо многу вируси имало периодов, а тука многу деца иделе. И ми даде ливче со печат и потпис за ацерола од виола, тука кај нас у аптека ќе си ги земете. На забно беа супер.
Зошто не е веродостоен сам по себе. Мојот очен никогаш не се ослонува на резултатот од компјутер. Додека убаво не ме провери со мануелен преглед никогаш не одредува диопрер. Еве и кај син ми. На мануелен преглед тој супер ги гледа сите бројки од најголеми до најмало, а компјутер вика -1,5 . Самата докторка вика супер е он и тоа го пишува во извештај. Јас секако планирам наредно да го однесам кај мојот зошто оваа докторка баш и не му остави впечаток на мм за веродостојна, ама нема да навлагам во детали.
Кај син ми лани установија дека има диоптер односно дека станува збор за недоразвиен вид, кој со тек на време т.е во пубертет се средувал. Разликата меѓу диоптерот во државна и во Систина беше огромна. Два пати го носев во државна кај различен доктор, различен диоптер, и следно во Систина, со капки за отварање и затварање на зениците испадна сосем трет. Внимавајте многу и барајте добар специјалист.
Кај нас во пп те праќаат во очна амбуланта, таму сестрата го прегледува детето. Кажува бројки, букви или слики од најголемо до најмало. И потоа гледа дали има потреба кај докторот или не. Син ми не погоди неколку букви,ни даде потврда и ни закажа преглед за два ден кај доктор. Таму сестрата му капина капки да му се отворат зениците и потоа се влегува кај докторот за преглед.
Сликички им покажуваат, и моево не ги знаеше буквите и бројките, слики пушташе докторот. Си праша претходно дали ги знае.