Би сакала да ги прашам мамичките кои сега имаат дечиња во училиште од што се состоеше разговорт за прием на детето во училиште и дали истиот е пред комисија( детето зборува пред група возрасни ) или со секој член посебно ( педагог психолог и.тн ) Благодарам однапред
Кај нас прашуваа деновите од неделата,броење до 10,бои, ако знае песничка да каже,да нацрта цртеж. Педагог и психолог беа,децата влегуваа по 3/4 без родител. Зборам за помал град во Мк.
Мајки и ние стигнавме до темата 'прваче' да размислуваме за тоа што и како треба за упис иако има време до следната година ама ќе дојде како утре Вака сега , кај нас нема во близина школо т.е школото е во друго село ама под иста општина сме и јас не сакам во тоа школо да го запишам бидејќи нема никаква одговорност ни безбедност и сакам да го запишам во друг град т.е во школото кај што учев јас , ама во поднаслов на документи за 3-то дете пишува дека 3 год не смеам да имам променето адреса (појма немам зашто) и нема да можам да сменам адреса за да го запишам во тоа школо . Па да ве прашам вас знаете ли дали ако ја ополномоштам мајка ми ќе можам да го запишам во тоа школо ? Го прашав директорот во школото ама ми кажа дека немале ваков случај и не знаел за тоа како иде процедурата па ќе се распрашам и ќе ми кажел , ама ако некоја од вас знае или имала искуство нека ми каже
Mozes da biras na cela teritorija na Mk u koja skola sakas da go zapises deteto ,tvoe pravo e.Toa so reonizacija na ucenici i upisi,vrska nema . Sto se odnesuva do adresa na ziveenje na prvaceto,ke ja dades onaa kade sto realno ke zivee ono.Ne ti treba promena na adresa.Ne sfativ zosto bi ja opolnomostila majka ti....
Дека директорот вика морало јас и маж ми сме морале да смениме адреси на личните карти за детето ако сме сакале да го запишеме во друг град во школо , а дека поднесував документи за трето дете ми кажаа не смеам да менувам адреса барем сега и да сум чекала 2-3 год. па затоа си помислив дали би можело ако ја ополномоштам мајками да го запишам во школото , директорот уште не ми има одговорено па затоа не знам веќе ни што да мислам
Nema vrska toa sto ti rekol za promena na adresa.Neka si citne malku uzakon za osn.obraz. Sega uMaj se upisite .So sreka na prvaceto Edit: Dali roditelite menuvaat adresa koga decata im ucat sredna skola i se vo internat ?Neee,a i oni se maloletni...objasni mu go i ova na direktorot
Па затоа и ми е чудно тоа што тој директорот ми го кажуваше башка и кога во социјално при поднесувањето документи кога ги прашав како иде процедурата за запишување прваче во друго школо ми се чудеше малку на прашањето ама ми одговори некако хаха
Има ли некој што запишал дете во школо од друга општина, па да ми каже каква е точно процедурата? Живееме во една населба, ама бидејки школото што ни е во населба е доста оддалечено од местото каде што живееме, сакаме да го запишеме детето во друга населба каде што живеат баба и дедо, па да го зимаат за да не не чека нас до завршување со работа. Од школото ни рекоа дека е ставена на список и проследено е до социјалната служба, да чекаме. Прво ни рекоа дека може со дадено полномошно на баба или дедо без проблем да се запише, после тоа ни рекоа дека нема потреба, дека без проблем ќе ја примат. Ако има некој со вакво искуство, нека ми пише, за да знам што да очекувам.
Зависи за која општина станува збор и колку се флексибилни. Карпош воопшто не дозволуваше упис на деца од друга општина. Сега со промена на власта не знам како е, ама до лани со 300та врски на пријатели не им дозволија. Демек да чекаат до август и на крај пак го запишаа во школо во нивната општина.
Баш за Карпош се работи. Знам дека до лани и со кабли врски не им успеваше на луѓе да си ги запишат децата во ниедно школо што не се води на адреса на живеење, сега наводно смениле нешто, па со врски или полномошно примале деца од било која друга општина.
Тешко да го запишеш во Карпош. Прават проблеми на оние што имаат друга адреса. Јас сум во Ѓорче и морав во таа општина да го запишам. А и така ми одговараше. Школото ми е преку улица.
Во Карпош и по градинките е строго.Ако не си со адреса на живеење на оние улици кои се предвидени во таа градинка, ептен врски ти требаат за да запишеш дете. И навистина, сите другарчиња на Рефче се од наше маало
Многу лошо направија со реорганизацијава. Можеби некои имаат потреба од баба и дедо, па затоа сакаат во друга населба да го запишат детето. Јас кога одев во градинка, тоа беше во Козле. Не им одговараше на моите да ме праќаат во населба, затоа што немаше кој да ме зема. Тоа важеше и за сестра ми.
@SummerGirl и ние сме од Ѓорче, ама школото ни е отпатно и не е баш изводливо таму да учи. Во Карпош школото е до сама зграда кај свекрва ми, па затоа повеќе одговара таму. @referentka нас ни рекоа од школото со полномошно дадено на баба и дедо дека нема да има никаков проблем. После тоа фативме врска и рекоа дека детето е ставено на список со запишаните, да чекаме одговор. Јас дури бев спремна и да сменам адреса на лична карта, порано таму се водев ама штом се преселив ја сменив, сега искрено се каам.
Затоа јас не сменив адреса. Не живеам баш во Ѓорче. Во другата населба сум. Ниедно од школите во Ѓорче не ми одговара. Далеку се. Прв пат слушам за полномошно.
Не размислив на време и ја утнав работата. Сега гледам дека лична карта само од еден родител бараат. Од школото ни рекоа со барање и полномошно од родителите дадено на баба и дедо нема да има никаков проблем, зошто видоа по адреса дека е лепенка зградата со школото. Да знам колку време се чека за одговор ајде, пак и некако, ама вака држат во неизвесност, не знам на што сум.
Има логика да се запише дете само во општината каде живеат родителите. Со децентрализацијата даноците ги плаќаме по општини. Е сега плаќаш во една, користиш услуги во друга.
Имам мала дилема околу запишувањето во прво одд на ќерка ми.Сега во февруари малата ќе полни пет години.Дали тоа подразбира дека ја прескочуваме оваа година со запишување во прво или треба да ја запишеме?Зошто нели ако ја запишеме сега тек наредна година во февруари ќе полни шест,а од шест години се трга во прво.Јас по мое мислам дека дека треба наредна година да се запишеме...или грешам?
Наредна година ќе ја запишете, со полни 6 се трга. Значи децата или имаат полни 6 или ќе полнат 6 во тековната година во која се запишуваат.