Искрено "му кратиш од детството" кога ќе го пратиш во школо не го разбирам и ми е глупост. Син ми како тргна во школо се препороди. Градинката ја мразеше и никогаш не ги вадеа надвор. Имаа пасивна труп учителка што ништо не работеше со нив. Во училиште му е интересно, после ручек скоро секој ден се надвор и си играат и трчаат. Секој ден се учи нови работи. Имаат прекрасни учителки што само нешто смислуваат. Конкретно денес беа на театарска претстава, скоро беа во стара скопска чаршија и во собрание. Децата се љубопитни сакаат да учат нови работи и знаења. Тоа не е кратење детство, напротив збогатување. Пак има време за игра. Плус да му вадиш документ на дете на кој пишува некоја дијагноза, а детето реално ја нема не е во ред и жално е да го обележиш. И да, не мора со знаења да тргне во школо, таму ќе учи. Кај син ми најголемите проблеми ги прави најстарото дете во класот. Зошто сите се помали од него, тој најстар, најголем, не може да се вклопи.
Јас сум од тие децата "со скратено детство" и баш ништо не осетив од скратувањето. Мислам, секој за себе си кажува ама мене не ми беше ништо проблем. Од прво одд до крај на факултет, јас бев најмала ама не осетив дека сум најмала. Знаев да читам по нешто и да пишувам по малку од брат ми, ама не е дека не ми беше интересно на школо. Напротив, поубаво ми беше некако
Потпис! Се е до учителките, кај нас едната им прави забавно да им е, им организира еден вид натпревар меѓу нив, ги мотивира, им дозволува да играат игри попладне кога ќе завршат со работа, а другата ги изнесува надвор, ги шета, им дозволува да се движат повеќе... одлично се надополнуваат. А да не зборам за воншколски, имаа една екскурзија, сега ќе имаат друга, ќе ги носат во Зоо, ќе ги носат во театар пак, беа за Нова година, имаат работилници... детево се препороди во школо, ко да ми порасна преку ноќ некако. Мислев досадно ќе ми биде зошто знае многу, ама не, супер е.
Баш така! Сега бар децава немаат некое детство, сите по дома затворени, ако не се во школо да се изиграат дома а телефоните потешко. Моево додуша телефон нема фатено, ама детствувањето му беше во шетање со мене и татко му, баба му, децата со игрите од тик ток не му беа баш баш најпознати и не се вклопуваше.
Не знам дали е соодветно тука да прашам или има посебна тема. Ме интересира искуства со класична и целодневна настава дали има искуство некоја мајка, конкретно со ОУ "Лазо Ангеловски"?
Нас матичната ни закажа на очно за следна недела на очна клиника. На стоматолог треба да се закаже или само се носат? Од кои стоматолози ги важат потврдите?
Каде поточно на која клиника? Бидејќи нас ни кажаа дека нема термини Јас не закажав, само отидов и ми издадоа потврда за стоматолог. Има известување за првачиња за упис.
Здраво. Дали треба да добијам покана за упис на прваче на домашна адреса или сама да одам и да поднесам документи. Има неколку училишта во наша близина и искрено не знам во кое припаѓаме.
Vo tvoja opstina vo koe sakas moze. Pokana ne prakaat taman rabota Odi vo koe mislis odnesi dokumenti i ke dogovoris termin za testiranje.
Нас ни поделија покани во градинка кој ден и час да одиме А ако некој нема треба во училиштето да си обрати за термин.
Некои праќаат, некои не. Во Аеродром конкретно има строга реонизација. Школите имаат списоци од дечиња што исполнуваат услов за училиште од тој соодветниот реон. Е сега некои (Ѓорѓија Пулевски пр.праќаа покани), други само објавија списоци (на влезот од училиштето и на веб страната) со термини за тестирање за секое дете. Не е така. Во нашата општина можеш само во реонот кој го опфаќа тоа училиште. За друго училиште можеш да поднесеш пријава, но само ако има место ќе те повикаат.
Можеби на некого ќе му е од корист. Прашања,проценка или теми за кои се разговара при упис на прваче: -поим за годишни времиња -броеви до 10 -геометриски форми,поголемо,помало,исто -ориентација во време -натпреварувачки дух -соработка и помош -моторичка смиреност/немир -емоционална стабилност -агресивност -прераскажување приказна -односи меѓу предмети и појави -разликување односи меѓу луѓе -контактибилност -јасен говор -изговор на гласови -внимание -брзина на решавање на задачи -просторни односи -сличности и разлики -бои -прецртување 2д форма -скокање со една нога/одење по рамна линија. Односно се проценува знаење, перцепција, помнење, социо-емоционална зрелост,вербални способности.
Вчера ја запишав керкичката прваче, супер поминавме, фали само уште потврда од офталмолог, ама нема ни термини уште во Битола, па ке однесам нахнадно. Денес бевме ранец да видиме, леле колку се големи спрема неа... Не знам кој беше повозбудена, јас или таа
Ранец нема да ти треба верувај,јас работам во школо,првачињата немаат ранци,бидејќи и приборот,и книги и тетратки им стојат во училиштето.Можеш некое помало ранче за храна,водичка и несесерче со прибор да и ставиш.Голем ранец нема да искористите оваа година
Кај мојот па баш им беше потребен ранец и тоа голем.Спремаме две ужинки и секој ден носат книги и тетратки по распоред,плус прибори боици,вода.