Ние до сега имаме купено само една голема тетратка и тоа за Слободни активности (активности по избор на одделение и за личен развој) во второ одделение. Во прво сите беа мал формат. Така што освен моливи и гуми за се друго јас би чекала.
Е па јас од тебе прв пат разбрав дека на првачиња им барале големи тетратки. Јас мислев тие се за погорните одделенија. Затоа за се нека се чекаат списоци од школо. Детево за кое се прашува веќе има се. Нема да им е голем трошок да купат во Август/Септември.
И кај нас по сите предмети им се големи тетратките и среќа земав големи дебели зошто по македонски и математика веќе една потроши.
Може ли да ми кажете за процена кај педагог/психолог дали влегува детето со родител и колку трае временски тоа? Исто и да се надоврзам, дали мора саатот да го знае?
Зависи од училиште до училиште некаде влегуваат некаде не. Саат апсолутно не мора да знае. Тоа се учи на училиште. Прашуваат работи како ориентација во простор, бои, делвои од тело, да нацрта нешто гледаат дали знае или не букви и бројки, Исто така дали знае приказна да раскаже на кратко (некоја петен позната како црвенкапа на пример или снежана) или ако знае да каже песничка или сличнмо. Повеќе гледаат дали има моторика, концентрација на активности.
Кај нас само влегува, родителот надвор потполнува формулари. 10 мин. го задржа. Броел до 10 и назад, дали има брат, сестра, омилена боја, со што сака да си игра, имиња на баби и дедовци, омилено овошје, да наброи зеленчук. Ова за во мал град пишувам,не за Скопје.
Mene najsmesno mi bese koga go prasaa sto pravime prvo koga ke staneme od spienje sabajle? Vo smisla da kaze se mieme, se ceslame itn. On se misli nekoe vreme i odgovara so prasalnicki ton: mocame?
Да споделам искуство со запишување на моето прваче...Верувам повеќето мајки се повозбудени него децата Нашиот разговор траеше некои 20-30мин, родител влегува меѓутоа седи на клупа позади детето надвор од негово видно поле... Од прашања, се проверува знаење на бои, год.времиња, ако знае да каже колку е часот(тука моево потфрли...нели нека остане нешто да научи и во прво), со кој живееш, адресата да си ја каже,датумотна раѓање, презиме+име-да напише,горе-доле на сликички да распознава,да обои нешто... И после ова се дава насока од педагогот на што би требало летото да обрнете внимание,,,Кај нас добивме препорака за логопед...
Премногу. Да знае саатот да го каже? Па јас некогаш се мислам Лева рака, десна рака, кажи ја азбуката, страните на светот, денови од неделата, годишни времиња, кога е викенд, бројките да ги распознае, формите, ту мач е. Мислев општ разговор ама баш ко испрашување. Во градинка си збореле, вика мене кога ќе ме испрашуваат. Утре одиме и плаче, зошто некое другарче му кажало дека ако не знае нешто ќе го тепаат со стапче по раката.Ова некој родител дебил се правел паметен
Мојов го прашаа прво како се вика и презива колку години има, дали знае кој месец е роден како се викаат мама и тато, дали има брат или сестра како се викаат. Со кој живее, како се викаат бабите и дедовците, дали он или брат му е постар и колку години има братчето. Дали знае да брои и до колку ( броеше до 10) после му покажуваше картички со форми ( круг, триаголник...) и која боја се. Картички со бројки, картички со годишни времиња да ги распознае. Картички со активности ( пример има деца кој мијат заби, си играат) дали ги знае деновите од неделата и месеците. Што прави сабајле кога ќе стане. Картички дали ќе познае предметот дали е над, под, позади, напред...Која му е лева, а која десна рака. Дали знае сам да се облекува и да облекува чевли. И да нацрта нешто по своја желба и да каже што е тоа. И препорака за логопед зошто не ги изговара убаво Р и Л ни дадоа.
Денес го запишавме синко. Го прашаа како се вика, како се викаат мама и тато, да нацрта куќичка, дете, да изброи некои сликички, да покаже овошје, зеленчук, малце околу годишни времиња , да ја напише првата буква од името и толку малце го прашуваа.
А некое дете ако не знае нема да го запишат? Не. Ќе го запишат.... Овие што направија како да полагаат приемен испит за на факултет. Лани незнам дете што го прашуваа, ми дадоа формулар да го потполнам во ходник додека синко беше внатре.Стоев до врата но ништо не слушнав. Кога излезе прашав ми рекоа дека си поправиле муабет кажал дека одел на логопед и ми рекоа дека ќе има истакнато списоци за кај која учителка ќе биде и тоа. Кога излеговме од училиште дете го прашав но ништо не ми кажа ми рече дека заборавил.
Mnogu ispasuvanje stvarno!! Nie ke odime vo ponedelnik da go zapisime, sinko moj znae mnogu raboti, no od drugi i se srami sigurno i ke se zbuni koga ke go prasuvat na 24.05 prajt 6 godinki.. Crtanje i pisenje ne go interesira znae po nekoja bukva da napisi ama koga saka toj! Neznam kako ke pominime me plasi toa testiranje!
Нема што да те плаши ова е само онака да видат колку децата се спремни од прилика, секако ќе го примат. Гледаат они дали е дете кое се срами или дете кое има некој проблем. И мојот е срамежлив пред други но се изненадив кога почна да збори со психологот се си кажа што требаше. Знаат они како треба.