Ќерка ми ја прашаа дали деновите ги знае, дали ги знае боите дали знае да брои до 10 и дали знаела името да го напише. Едно ливче ми даде да пополнам јас уште пишував тие завршија со испрашувањето
Како може некој од друга општина која има училиште, ама не сака таму да му уче детето без проблем да го запишат кај што родителот сака во друга општина, а ние во нашата општина не смееме да прерипаме училиште и да го запишеме кај што ни одговара нас повеќе?
Еве читав погоре за Аеродром и строга реонизација особено з ашколото Ѓоргија Пулески, а другарче на ќерче од градинка баш таму се запиша. Во кисела вода живее и по лична карта се од кисела вода
Јас сакам баш во тоа школо оти свекор ми е таму, ама ете нешто прават понашање,контроли имало, ја немало во список, глупости. Уште не сме ја запишале
Знам дека треба да се отпише од едното училиште ти даваат потврда и го запишуваш во другото. Една познаничка детето го запиша во друго училиште за бабата да го зема од училиште (седи блиску училиште). Па пошла полиција кај бабава да види дали детето ќе имало услови за да седи после училиште бла, бла глупости. А да кажиш дека сте во план да купите стан/куќа таму околу школа па затоа сакате да ја запипите во тоа.
Нашиот случај пак ваков беше. До пред да го запишеме синко сите деца и од нашата улица и од другите одеа во едно школо. Е се направила некоја поделба, општината одлучила дека од следна година децата се префрлаат во друго училиште кое ни е ем подалеку, ем детево само требаше да оди. Плус, во сегашното негово училиште имаше дневен престој. Мене тоа ми беше важно. И поголемиве деца од улица, таман за друштво да оди, кога не би можела јас да го носам.Милион проблеми ни направија во ,,матичното,, школо. Не сакаа да дадат потврда/одјава, а мора да земеш, за да ја приложиш во новото. Знам примери што менуваа адреси на л.карти за да ги запишат во соодветно училиште. Е за овие другите, со врски, немаше никаков проблем. Пр.со моето дете учи дете кое живее на друг крај на градот, ама таткото е полицаец
Мајки да пишам упдате околу моето прваче.Земав обичен извештај од матичен лекар на кој пишува здраво дете, без дијагноза и особености.Долу во коментар/забелшка напиша се препорачува да тргне на училиште со наполнети 6 години.Бевме во школо, на тоа тестирање кога беше уписот, ни рекоа дека според нив е спремен за во школо а доколку ние како родители сметаме дека е подобро да се запише и догодина они немаат проблем.Потврдата со забелешката е доволна за одложување на уписот. Не посоветуваа да размислиме до Август па ако одлучиме да оди дека ке го запишат тогаш. Е сега, имаа прослава во градинка, мини матуранти беа, се сликаа со капи, цела негова група се запишаа во школо.Он сака да оди заради другарчињата ама јас некако сум против. Мислам дека ке му биде тешко, зошто да брза кога може уште цела година да си е безгрижен. Во градинка продолжи да оди. Му велам дека ако иде уште една година во градинка ке стекне дупло пријатели, дека поубаво ке му биде да тргне поголем на школо. Не знам што е најисправно, мн е паметен не дека е мој, стварно е мн понапреден ама е мн немирен, како торнадо е.Во школо ни рекоа дека тоа нема значајно да се смени за една година, да не очекувам премногу, дека таков карактер има, слободен е, и дека обично поинтелегентни деца имаат проблем да седат мирни.Има време до Август ке се одлучам ваљда на крај.
извини не те пратев од почеток, кога ќе наполни 6 години детенцето? ќерка ми наполни 6 во мај и таман почна во септември лани прбаче, во нејзино одделение има со 6 наполнети од јануари , а има и дечиња кои славеа роденден во ноември и декември, значи цела година разлика (мојава е на средина), особености во разлик на концентрација и ,,мал,, ,,таман,, за во школо наставничките не забелечаа, туку напротив рекоа дека деца одени во градинка и дома чувани има разлика, во однесува во колектив (во прво полугодие многу работеа на тоа) , но и воспитувачи во градинка се истакнуваа тие дечиња што оде во еден и друг клон (дека сите се знаеме реонски), ако сметате вие дека треба да почне слободно пуштете го, тоа ,,безгржиното,, ќе му треба за цел живот не само во преодот 5.5 6 , 6.5 години... Лично на мојава од јануари до мај и беше ,,претешко,, во градинка, одеше од што мораше, и требаше промена иако секој пат сум велела и мислела дека прваче си е со 7 години, но кога дојде ред за моево видов дека тоа е премногу градинка и дека не и се задржува вниманието во занимална, на овие деца им треба промена. Иначе многу многу научија во 1 одд, не очекував искрено, дури и премногу
Моето е на 30 декември и сакам да го пратам со полни 6 години, ако го пуштам годинава ке биде најмал.
Мојот е роден во Јануари. Си тргна со 5 и наполни 6 во школо. Најмал е. Комотно можев да го „чувам“ уште една година, ама зошто. Спремен беше за школо и еве сега заврши второ без да осетиме некој голем проблем со него. Секое дете се развива со сопствено темпо и ако некое е родено на почеток на годината нема гаранција дека ќе биде поспремно за школо од некое родени во втората половина. Спремноста за школо зависи од многу фактори, пред се од тоа дали одело во градинка, дали во градинка со него добро се работело и слично. Не знам што е ова толку фама за тргнување во школо. Растат деца, нпаредуваат не е нешто страшно. Баш е убаво.
Моето има 5, ако го запишам оваа година ке тргне со 5.5 години,идејата ми е затоа да тргне догодина со полни 6.
Мојот е роден во декември, и исто е најмал во одделение. Колку се плашев како ќе се вклопи, ама завршува прво одделение и е одличен. Многу се двоумев ама и многу ќе погрешев ако уште една година одеше во градинка. Почна во септември, а наполни шест во декември, а во одделение има деца кои веќе од јануари полнеа седум. Секако вие ќе одлучите ама мој совет е да си продолжи со неговата генерација од градинка.
Да ми е овој памет сега ќе го запишев лани. Немаше да има толку работи плус научено, ќе имаше фора да учи, а не сега во школо да му е досадно. Тргна во школо описменет, со основно познавање математика, него апетитите му растеа и на крај веќе имаше совладано и работи кои вторачиња ги учат. Во школо ќе му биде поубаво отколку во градинка, верувај.
Мојот е ноември, најмал е во одделението ама одлично се вклопи еве го второ завршува. Баш поради другарчињата го запишавме ние лани и не згрешивме, ако сака детето мислам дека оваа година ќе му е подобро со познати дечиња.
како со 5.5 ќе тргне со 5.9 и нормално е да тргне годинава, да сум била во ваква ситуација ќе го пуштам да си оди со неговата генерација, следната година ќе биде буквално задоцнет. не се двоуми нека оди детето , супер ќе му биде
Пушти го сега, штом и самиот сака е дополнителен плус. Не се грижи, ќе му биде добро во училиште. Ете имаш и други искуства, нема да згрешиш.
Ајде мајки на претшколски и школски дечиња освен ранец, што би можела да купам за подарок за девојче што од септември е прваче? Нешто интересно и практично што ќе ѝ биде за во школо.