Здраво, дали некој има искуство со деца родени на почеток на јануари...кога тргаат во прво... со 5 и 8 месеци или 6 и осум месеци....
Мислам дека е избор на родителот. Јануарските деца не мора да тргнат на 5 години. Јас би пуштила дете со полни 6 години ако е во јануари родено.
Мислам дека е време да ја активираме темава. Не е исто прваче во мое време и прваче сега. од кога почнуваат уписите за во училиште? Какви документи се спремаат? Како децата ги подготвувате за првиот училишен ден и што е потребно за купување? * да видиме колки првачиња ќе не има од септември
Леле и јас имам прваче годинава. Уплав ме фаќа, малечка е! Кај нас во градинка поставија листа, ќе ја сликам после и ќе пишам точно што бараат.
Може и на 5 и 8 месеци на 6 и 8 месеци. Изборот е на родителите. јас имам дете родено ептен на поеток на Јануари и ептен сум на мисла што да правам кога ќе дојде време за школо. Ако појде со полни 6 ќе наполни 19 во четрвта година и тоа на средина и ќе биде најстар. Ако тргне со 5 ќе наполни 18 како што ние полневме во 4 година, ама ќе биде најмал. Че проценам кога ќе порасне малку дали емоционално е спремен за школо или не.
Имам и јас прваче годинава. Во август ќе наполни 6. Колку што се сеќавам од уписот заголемата пред две години, носев нејзин извод, потврда за примени вакцини, пополнав формулари од училиштето, друго не се сеќавам.
Изборот е на вас родителите. Брат ми е 1фев роден, тргна на неполни 6г. Најмал е во генерација (и ја сум така порано пуштена), за разлика од мене што јас се имав многу добро снајдено и иако сите беа поголеми јас покажував најдобри резултати, за него беше потешко и со повеќе труд да се вклопи и да го учи истото. Јас бев единствена во клас што у 1во додека учеа уште печатно јас учев кирилица, знаев и да читам и пишувам од 4г, а брат ми пак до 3то-4то се мачеше да научи течно да чита. Сега во 6то веќе се прилагоди на се, полесно му е. Ти си го знаеш најдобро детето ако е многу интелигентно, покажува голем интерес за читање, за учење работи, прати го ако не почекај уште малце. Моите за мене не згрешиле, за брат ми да, се зависи од детето. Со оглед на тоа што сега долго се учи поради тоа 9то одделение јас би запишала лично дете порано, за да на 18 заврши со средно, а вака би имало 19 години на матура, а таа 1г значи според мене, еве јас на 17год ќе сум матурантка, планирам факултет 6г и ми е предност истото. Среќно, како и да одлучите.
Леле моево со 5 треба да појде Јас со полни 7 сум пошла, а она кутрата ни 6 нема да има. Им го зедоа детството на децата.
моето е март родено на 6ипол му доаѓа. Психологот во градинка кога го запишував ми рече подобро на 6ипол да го пратиш одколку на 5ипол.
Нели правилото е поаѓа прваче бо годината кога полни 6. Децата што се родени поаледниот квартал ќе појдат со 5. Твоето е во март изледа и фино му се паѓа. Нема опција да се одложи поаѓање, освен со потврда дека не дај боже нешто му е.
мојата исто така ке е прваче со неполни 6 бидејки во ноември ги полни. баш ке видиме што и како ке биде
Od dokumentacija treba da se dostavi : Potvrda za primeni vakcini Potvrda od stomatolog Izvod od rodeni(orginal) A so podavanje na ovie dokumenti se zakazuva testiranje na deteto za prvo odelenie.. Prvoto dete mi e trgnato so 5i 9meseci i ne gledav problem vo odnos na dr deca... Mislam poveke zavisi od deteto kolku ke e opusteno, nego li od godinite... Ima decinja na pet vo grupata vo gradinka sto na priredbite pokazuvaa ubavo znaenje i cisto zborenje, a ima na sest god koi tesko da kazat zbor od edna pesncka... Zatoa postojat tie testiranja i procenka kolku e spremno deteto
Мене синчето ке ми тргне на 6 и скоро 5м, роден е во Април. Баш имав другарка родена на ист ден како синко и она најголема ни беше во генерацијата, а имав и уште една која ја пуштиле премала и на матурата немаше 18г (род и беше некаде Јуни,Јули), па и правеа проблем за во диско после матурата (се пикна после некако) Јас па имам сфатено дека со 5ипол минимум може да тргнат, а мојов нема да има ни толку и затоа тек на 6ипол ке го пуштам.. Тој уште сега е како прваче со 115цм (има 4г), а тек на 6ипол Да не се осеќа па и многу поголем така... знам не зависи висината ама ств е многу висок за возраста. Вака и доста зрел е за негови години, ама мислам ни законски нема да може да тргне и да сакам на 5 и 5м. Малава на 5 и 10м точно ке тргне, таман е така. На 1ви Ноември 6 ке ги наполни. Јас и сестра ми 3 генерации бевме разлика (а иста разлика ми се децава во возраст како нас), моиве ке бидат 2г.
Aко сметаш дека психофизички е спремен, може да одиш на психолог и со потврда да го запишеш и порано. Јас лично сметам дека 6,5 па натаму се спремни за школо. Мојава, па и твојата женска ќе одат со 5 и 9, 10 месеци. За мене тоа е мало. Ќе матурираат на 17 и факултет во октомври да почнат уште ќе се со 17 години. Ако им оди добро на факултет на 18 ќе запишат втора, на 19 трета, на 20 четврта и може да завршат на 20. Мали се!! Животот без обврски кратко трае. Греота е да им се крати од безгрижното детство.
Грешка си Кукла, мојава и твојава ако тргнат на 5 и 10м, таман со 18 ке матурираат. Па дури и синко да тргне со 5 и 5м ке матурира со 18г. 9г се во основно. Ако ги пуштиме со 6 и 10м, со 19 ке матурираат
мене психолог ме советуваше подобро на 6ипол одколку на 5ипол. Ние на 6ипол ќе одиме. ќе може со лекарско уверение ако сакаш и ако е способен да се носи со ситуацијата. Ќе си проценат.
Јас бројам почнување, а во ноември полнат плус година Нашите девојчиња секако ќе се меѓу најмалите во генерација. Рачунај дека ќе има деца родени јануари, февруари. Тоа се 9-10 месеци разлика. Децата од април, мај ќе се постари 6+ месеци. Не е мала разликата кога се мали. Кога ќе пораснат не се приметува разликата, ама дур се помали и те како се гледа
Да ама како и да е, нема да матурираат со 17г. Во 9то ке почнат со 13 и 9,10м и ке наполнат 14. Таман во 1ва средно ке се запишат со полни 14г. 1ва полнат 15, втора 16, трета 17, четврта 18г и со 18 матурираат. Па и јас така бев во генерација, а не бев најмала, таман беше. А има и деца до Март родени што ги пуштаат првачиња со 5, па дури и помали од нашиве ке има. Дури ако се пуштаат сите дечиња родени од Јан до Април со 6ипол, сите со 19г ке матурираат
Не верувам и не познавам некој што пушта толку рано дете во школо. Зошто би го пуштал цела година порано?! Јас тие во друштво што ги имам и имаат деца март-април, баш сметаат дека се во најповолна позиција. Децата им се на најубава возраст за школо.