Некако ради реда…. Ништо не се слушаше, пред влезот на училниците кај нас, ко сардини наредени, на сонце, децата се видоа од градинка одма де растрчаа, едвај ги прибравме за читањето. Кај нас до 12 ќе бидат неделава. Синко беше среќен, дома најавуваше дека ќе плаче немаше такво нешто. Само две дечиња имаше од градинка, ништо не му значи, оти со нив не си играше, учителките му се допаднале што е најбитно Ги гледав книгите, малку ту мач за 6 годишно дете .
Поголемите дечиња играа кај нас, некој половина час траеше се што имаа спремно, тука влагаше и давање на подароци. Беше баш интересно и дечињата воодушевени, само браво имам да кажам за цел настан. Пред школото приредбата, полно балони, дечињата седнати на столчиња, па влеговме сите внатре да се запознаеме со наставничката и училната. Некои 15-20минути останаа и сами со неа. Мојов беше толку среќен и задоволен што за чао и се летна на наставничката да ја гушне Од градинка има дечиња, баш со тоа што најмногу се закачаше се заедно Во понеделник 1ч ќе седат, кажаа дека ќе имало и адаптација и таа ко што ми личи ќе потрае..
Аааа не ќутете за адаптацијата. И нас за синчето 2 недели адаптација рекоа тогаш пред 2г, па се буневме. Доволно е една недела макс. Повеќе не бива, па ќе мислат дека толку и треба да седат... Дури и 5 дена по 2 саати ми изгледа многу, баш треба секој ден по 40тина мин да зголемуваат и наредна нед нормално како што треба Тоа дете што ќе плаче, ќе плаче со месеци (има такви случаеви, каде родители, баби и дедовци или чекаат пред врата, па дури и внатре седат со месеци). Кај нас се многу малку деца, па побрзо се прилагодуваат... е само лошото е што само 2 паралелки се и групата од градинка не им е поделена 50/50, туку повеќето се во едното одделение, а неколку само во другото. Ама ќе се здружат, ќе биде се како што треба. Дури си викам, ај може и поарно ќе биде. Битно нејзиното омилено другарче е со неа
Многу малку деца се и они 13, по мене одлично. Многу имам да кажам за адаптацијата, се слагам со тебе и имам и повеќе да кажам. Отприлика како што кажаа како ќе тече јас одма се побунив, ама другиве родители кажаа супер Мислам дека само јас ќе мрчам на родителска во понеделник
Мајки на јануарски дечиња што почнаа првачиња,каков е впечатокот прв?,им се допаѓа училиштето?сакаат да одат,споделете искуства
Е кај нас сите деца ми делуваа ок,секако со огледа на возраста. Им се спиеше на некои, некои си збореа меѓу себе, се смееа. Едно од наш клас одма праша кога ќе имале тест. Па слатко си се изнасмеавме сите. Им кажа дека најбитно правило е нема тепање никако. Балони, декорации, поголемите си имаа настап. Ама ок беа стварно децава, си доседоа до крај. Не беше во двор, имаме свечена сала со бина, многу убава па таму беше. Е сеа некако топло ни се виде,ама ајде возбуда.
Ne se sekiraj na 1va roditelska ke ti dadat list eden golem se ke ti bide ispisano hahah I spremi edno 6000vo najmala raka
Тие што до сега имале искуство, ќе треба нешто како плус оброк да спремам/пратам од дома зошто ручекот е од 11, а ќе земам дете во 15:10, што би можела освен кроасан, банана...
Ќе ви кажат дали смеете и што смеете. Кај над во школо дозволуваат околу 15 часот да се јаде нешто само на тие што остануваат по 15 часот. Тоа што се носи мора да биде фабрички спакувано и да не е чипс или нештл што прави многу трошки.
Ни дозволија да биде и спремено од дома, ама немам идеа, овошна салата,кроасан, проја и такви работи ми е страв да не се расипат
Овошна салата не знам баш колку би издржала. Цело овошје да оф типот чистени зрна грозје, цела банана, јаболко или круша. Опција се сендвичи и врапови, мафини (благи и солени), кифлички.
Ќерка ми доби толку многу работи што можам книжара да отворам. Аман уште ли работи ќе и требаат. Боици, фломастери, пластелини моливи, тетратки, блокчиња, лепаци, ножички, несесери, ранец(сеа има 3), колаж хартија, лењири..... А да прашам, само тие 4 книги им се? Ние утре ќе ги добиеме, ама ги видов кај друго дете.
Тие се сега за сега. ,Во второ полугодие добиваат уште една математика сигурно (ама оваа првава ќе ја поминат до тогаш). Не знам дали имаа или немаа уште една по македонски во прво.
Кај нас во школото прво едно кажуваат, па сега друго. Кога ја запишував во мај, заменик - директорката ми рече дека може и во септември да се одлучиме за целодневна. Денес и кажувам на наставничката дека одлучивме да оди и таа ми рече дека би требало да има место, не беше сигурна. Утре ќе кажеле на родителска. Се изнервирав. Некој искуство има слично?