Кај нас на упис се кажува, но од класична може да се прејде во целодневна без проблем бидејки децата од класична се малку и се мешани со целодневна
Кај нас нема класична сите се целодневна и тоа го пишавме во формуларот уште на успис во април. Во мај на тестирање само потпишавме. Немаме обврска веројатно да кажеме кој има потреба од дополнителен престој, само објаснија како ќе се одвива. Односно до 4 се со учителките по 4 ги собира дежурна.
Нема кај нас вака. Ми кажаа дека бројот за целодневна е потполнет. А таа заменик директорката кажа дека може и септември кога ќе почнат, да се одлучи.
Добар ден почитувани. Моја блиска личност има ќерка прваче. Детенцево нема одено во градинка предходно. Секој ден откако се почнати плаче цело време не сака да влезе на час, и дури откако ќе влезе и таму цело време не престанува со плачење. Мајка и ја носи и ја зема од школо,дури и надвор седи еве денеска и рекла наставничката да го земе детето надвор бидејќи не може да работи. Инаку ги знае повеќето од другарчињата,многу е зборлива и сака да си игра. Мајката е очајна, сите зборови ги потроши од објаснување. Ве молам за совет доколку сте имале слично искуство. Извинете на долгиот пост.
Ќе преплаче кога ќе се навикне, а мора да се навикне затоа што училиштето не е избор како градинката. Јас сум плачела цел месец. Тоа е тоа за жал ...
Кај син ми имавме дете цело полугодие плачеше. И наставничките многу се трудеа и бабата и мајката, но ништо не помогна. Едноставно требаше време да помине.
И кај нас имаше случај таков. Родители и баба влегоа и седеа во училница, па постепено надвор на клупа пред училница чекаа и на крај веќе и скроз се тргнаа. Време треба, ама ако се согласи училиштето, може и вака...
Како се виткаат книгите со хартија, сум заборавила, ќе ја залепам после не се затвара ако некој може некако да помогне со насоки...
Се случува кај поедини деца кои плачат на почетокот од првиот ден на училиште ама после извесно време наставничките плачат од нив така да ќе му помине
На затворена книга ќе ја свиткаш хартијата до каде треба и до таму ќе ја лепиш. Еве најдов некое видео, вака нешто и јас отприлика ја виткам. Си сечам хартија колку сакам, па по овој начин ми оди виткањето. Јас ем во хартија (не беше мрсна и ќе се кинеше), па проѕирна им ставив. Ама мн убаво испаднаа. Исто и фолиите се големки, па ги виткав и лепев на едната страна. Еве слики.. @Ano има и шаренки, ама со некои ликови јас само до сега видов (спајдермен, карс, фроузен, мини маус). Јас такви не сакав...
Имаше детенце, цело прво плачеше, еве ја и сега плаче... Исто неодено во градинка, со баби чувано... три дена оди плаче две недели дома болно... мислам ни дека не запишуваат у дневник оти ќе имаше премногу изостаноци. Летово со учителка било дома за да научи да чита, многу е назад со букви, со сметање. Мајката е пепел од нервози, не по нејзина вина, дека бабите инсистирале они да чуваат... па сега сите им се криви, како не чини наставничката, децата, родителите... а деца ко деца прво се смееле, после веќе го избегнувале детенцето оти не сакало да си игра, само плачело. Според мене, нека оди и нека разговараат со детето цело време. Нека идат кај педагог, психолог, да им кажат како да се однесуваат и како да објаснат на детето оти ако му попуштаат децата ќе прават проблем. А ако рика од плачење и им смета на другите ќе почнат родителите да бараат да се тргне за да не им смета на другите. Оти има деца па ако видат едно плаче сите по него тераат. Само многу труд и муабет да надокнади се што не успеало со годините седејќи дома.
уште поубава идејава со хартија па во фолии, бар ќе менуваме. А ликови од цртани и суперхерои сигурно нема да прифати па ова ќе е одлично решение.
Има и мрсна хартија која не се кине, па да немора фолии плус... јас оваа ја начекав во книжара (обична хартија и лесно се кине), мрсни немаше. А отпосле видов во Тримакс дека има и мрсна. Јас сама си ги виткав моите како дете, па некој мој начин имам.. ама успешен Има туторијали на јутуб, овој прв ми улета сега Му ги виткав и на синко во прво и второ... годинава нема книги за жал...
Леле да ти го дадам и хартиите и фолииве, ги упропастив книгите, не сум вешта... Вашиве супер излегле
Јас само во прозирни фолии му ги ставав во прво и второ. Ем заштитени ем одма знае која книга за кој предмет е. Вака во хартија сите се исти. Ама останало од времето кога немаше фолии дека се виткаат книги во хартија.