Душиче …. Треба да се сецнат малку Поголемки се од книгите. Мене не ми се допаѓаат ич, сакав како јас на времето да му ги завиткам со хартија, мене тоа ми беше омилено , ама кога ќе размислиш па во право се, да не го збунувам уште толку!
Исто и нас учителката ни рече да бидат во прозирни за да ги разликуваат, а тетратките да ги обележиме со стикерчиња за да им биде полесно да се снаоѓаат со книгите и тетратките кои треба да ги извадат.
Не разбирам што е грешка со заокруженото. Примерите мислите дека се грешни. Мене примерите заокружени во печатница ми изгледаат точни. Нема што да се корегира. Инаку ова им е повторување на она што се учи како подготовка за математика во градинка и се раководат според нивните рачиња (што им е лево, а што десно) и кој каде гледа од децата за кој е напред а кој позади.
Дајте идеи што им пакувате за јадење за оние што се целодневна за училиште. Мензата уште не им работи па ќе мора да си носат два оброка. И идеја за кутии за пакување.
Во Љубен Лапе да не сте? Оти само таму уште нема тендер за кујната оваа година. Мојава тргна прваче во короната и тогаш немаше кујна па праќавме цела година од дома , некогаш и по два оброци.Ова сум праќала: сендвич,тост , јогурт, макарони со сирење или сос некој,овесна каша , сендвич со путер од кикирики,мед и банана, палента, кифлички домашни со јогурт..тоа ми текна во моментов.Од оваа година не е веќе целодневна настава ,оди во смени и ова исто и спремам секој ден или ако изрази желба нешто друго, важно овошје си носи или по некој зеленчук (вчера ставила пиперки свежи ),може и смути готово или од дома во некое термосче. Инаку кутии имаш секаде ,само гледај со прегради некоја.Легната сум веќе, утре ќе ти сликнам што имаме ние
Е таму сме. Тендер има, ама се тужакаат, тоа што децаат немаат храна многу им е гајле . Фала на предлозите, горе доле и јас ги мислев тие работи, ама ќе биде напорно. Ќе си правиме сами дома изгледа неделно мени уште еден месец минимум. Кутија секако планирав со прегради мислев за некој конкретен предлог од кои сте задоволни. Баш сликни кога ќе можеш да видам сепак какви користите.
@Ano , немам дете во школо ама често следам канали со храна. Овој види како идеи Е сега колку има ваков тип на кутии кај нас не знам. Ама исто еве вафли со овошје. Мини крофнички, тортиљи на видеата има итн.
Кај нас лани првите две недели немаа храна. Ручеци не сакаше син ми да носи. Пецива носеше, кифли, тост, мафини, проја. И обавезно нешто овошје, ама цело, не исецкано пример банана, јаболка, круши.
Јас спремам еден оброк за на училиште. Мафини разни варијанти солени и благи, проја, сендвич со путер од кикиритки и џем, тортили на омлет, сендвич со кашкавал и млечен намаз или хумус. Секој ден и ставам и овошје и зеленчук, најчесто грозје и краставички, понекогаш и кашкавал на коцки сечен (зависно од оброкот) и и ставам пластично стапче за боцкање на храна. Кутија имам со три прегради но ми е подарок одамна даден. Имам и силиконски калапи за мафини, па и нив ги користам во кутијата. Порачав и калапи од Алиекспрес за да го сечам лепчето-сендвич во форми . Види на Карес или kidsandco.mk има таму кутија со прегради. Зависи од оброкот, ако сакаш баш ручек да праќаш можеш и термус сад да набавиш. На ФБ има групи баш за таа намена, јас ја следам оваа, баш е инспиративна: Kids box lunch ideas
Морам два оброка од 08-16 ќе е таму, а богами и добра организација ќе ми треба дека и со мало бебе сум дома. Фала на сите за предлозите ќе мора на време да се смисли секој оброк и да се надеваме дека брзо ќе се реши проблемот.
Кутиите ги има на Ибеј, а калапчињата се силиконски па ги има кај нас од маркети до Меркур, Карес, Џамбо.. И со нив може да се прегради. @mariz ја најдов Траки
Кутии за храна има и во Офис Плус и во Просветно Дело дали се со прегради не знам. Обична како за сендвич имаш гратис со Несквик во КАМ. За ручек можеш и омлет во тортиља (кашкавал прво, па одма јајце и поклопи со тортиља, па вртиш со тањир) да свиткаш па на парченца да исечеш. Можеш и макарони со некој сос. Или во кулер торба и нешто со месо може (сендвич со цепкано пилешко или макарони со пилешко и сос или риба.
Кутиите од Офис и Просветно се само за сува храна, чак и сендвич кога би носел мора првин во ќесе. И таа од Кам е таква, кај у тоа макарони или ручек. Карес видов дека има без прегради ама на нивоа, убави, има и метални внатре, држат топло, ама тешки ми се видоа за отварање/затварање. Ама ќе ги погледнам пак со бебево дали би се снашол. Имам со прегради јас од некој маркет или што знам од каде се, обични пластики се ама има прегради, ниски, убаво се затвараат и мојов може да ги отвори.
https://www.e-jumbo.gr/kouzina/apot...machairopirouna-siel-1.6lt-2-theseis-_163017/ https://www.e-jumbo.gr/kouzina/apot...-pirouni-koutali-400-500ml-16x10x9cm_1657045/ Може некои како тие погоре од Џамбо ако ги има кај нас ама пак за посува храна. Не верувам течност да држат.
Знам скроз те разбирам,и лани имавме проблем со кујната на почетокот ама после се оправија некако,јас како тебе бев со прваче и бебе штотуку родено,па со тоа оброците ми се темнеше секој ден цела година Ваква имаме ,купена е од некоја продавница за пластикарии ,а ова другово го користам за овесни каши,чита пудинг или нешто потечено,ги има во Стокомак и многу добро се затвораат. А и оваа е многу добра длабока од Рептил ми е купена,можеш дури и ориз да му ставаш,месо било што јаде,оде со неа и вилушка и лажица . И нека му е среќа на првачето,те прочитав дека сте ги пропуштиле првите денови, ама имате добри наставнички во прво годинава,една од нив беше и на ќерка ми и уште жалиме по неа Ако те интересира било што пиши ми слободно.
Проблем е што он не сака цртани ликови и супер херои. Тие од просветно нема шанси да пројдат, а плус што вика Емка лити малку личат пластиките и незнам што би држеле. Ние овие од карес ги гледаме https://kares.mk/product/on-the-go/...e/legami-lunch-box-kutija-za-prenos-na-hrana/ Па ако не за него ние ќе ги кориситме. Ене го и јас кај и да е ќе почнам на работа. Леле овие зелениве ги имам од веро купено уште пред години. Нема подобра кутија за складирање мислам. Само ми е криво незнам зошто само округли сум купила тогаш и за него малку терсене ми се за пакување. Супер ако ги има може и нив да ги имам предвид. И фала и за чашката предлог. Јаде он и овесни па сигурно ќе му пакувам, а баш се мислев во што. А и таа првата со прегради ми личи супер ама не сум видела никаде. Инаку кај таа што плачете уште сме мислам. Така ми ја кажаа дека дечињата не можат уште да ја прежалат колку ја сакале. Еве сега интензивно се спремаме конечно доби зелено светло од доктор и почнуваме од понеделник. Фала ви на сите за идеите и предлозите, присобрав идеи па ќе почнеме со планови. И ќе морам да се активирам во кујна да поднаучам мафини и слично да правам. Јас проја никогаш не сум направила во живот, ама битно желба имам, тавче имам, по некој рецепт запишав па сега ќе се учам .
Малку претеруваме мајкиве. Вакви кутии такви кутии, па не сакаат со супер херои и принцези и сл. И што ако е со супер херои нем да јаде? Каква најдов таква и купив и нема врска што шара е, битна е намената. Ептен ги правиме пребирливи од мали. Знам офф топик, ама не можев да се воздржам.
@emkaemka доколку ви се чека овие се совршени за топла храна и лесни за отварање. Само не се којзнае колку големи зависно што сакаш да ставиш и колку количински јаде
Дискусијата поврќе беше во насока на поквалитетни и соодветни за складирање на различен тип на храна за да не е само суво. И да ако веќе купувам и при избор ќе одберам нешто што ќе сака тој, исто како што и јас бирам што сакам да носам, а што не сакам. Ама нели за се мора да се промрчи па и за ова
Ок сметај го за мрчење. Ама констатацијата со херои и цртани ликови нема шанса да поминат и тоа кај 6 год дете мене ми забоде очи. Значи и ок да се наменски, затоа што на него не му се убави нема да поминат... Ќе ти ја џитне кутијата и ќе ти рече јас од ова нема да јадам? Погоди му го ранецот, патиките, јакната.До кутијата дојде работа да се тресеме да му е по вкус и да го свртиме цел град за една кутија... Нека ти биде мрчење, ама вака да размислиме какви генерации растеме...