Ок, на толку многу избор ќе ја купам таа со ликови, која бај д веј е лита и никаква, само за да докажам кој е главен и дека не може да ме команда Инаку незнам за твоето дете, ама моето е разбрано и ако нема избор ќе јаде од таа, ама веќе кога може да се бира одбирам да му ја исполнам желбата.
Па колку што јас се сеќавам барем за мене и јас кога бев прваче си бирав какви тетратки сакам, каква хартија сакам за виткање на учебници, каков ранец, па не сум ни разгалена ни прибирлива. И ќерками кога купуваше рамец и кутија па тоа беше возбуда возбуда. Во право е Ано на толку избор сега зошто да не си одберат тие тоа што сакаат, и да се осеќаат поубаво. Оставтеги децата да се деца и да уживаат во тоа што сакаат. Па и јас сега за мене или за домот кога бирам гледам и на око што ми е убаво не колку само да се земи. ( Еден прост пример си купувам шарена постелнина, а може да е пр едноставна и бела )
Ок се тоа. И ќерка ми си избра ранец, прибор, облека и сл, но ако сметам дека пр. кутијата е попрактична без некоја посебна шара, ќе и објаснам и тоа е тоа. Сигурно нема да правам драма зошто не можам да и најдам таква кутија со Лол на пр. Јас разбирам мерак и нормално дека дозволувам да си избере сама, но до одредена граница. И замисли и моето е среќно дете и го обожава училиштето иако блокчето што и го купив не и е со омилените ликови, туку какво што успеав да најдам. Јас ги пуштам моите деца да бидат деца, но се трудам да ги научам дека има нешто побитно од тоа какви предмети поседуваат. Што во последно време забораваме да ги потсетиме. За нашите деца се мора да е перфектно. @Ano никој не кажа дека треба да купиш лита кутија за да докажуваш нешто. Туку кутијата да е ок без разлика на шарата. Сама кажа дека кај твоето дете било каква не би поминала, јас не кажав дека е неразбран.
Ти настапи агресивно дека сме ги размазувале децата. А точно дека ако може да бира ќе бира и ќе му дозволам. Ако нема избор ќе носи/користи то што ќе му дадеме.
Мајки како сте задоволни од дисциплината на одделението,особено за одмор? јас некако добив впечаток,дека ко да не знаат да се справат со децава,ко да незнаат авторитет да воспостават наставничките.Втора недела само,успеа дете глава да дупне на час.Таа објаснувала нешто,а тоа се бркало со друго дете.
кај нас нема вакви нешто. Децата знаат каде им е место, жените се одлични за сега. Земав ранче во петокот и сум воодушевена како ѝ изгледа тетратката. Сѐ средено, проверено. треба и дома да се зборува со децата. Таму се седи, се учи. Има време за играње и трчање. Не е само до училиштето, треба и ние да ги спремаме децата од дома. јас не сакам да го сфаќа како нешто страшно, ама не сакам ни да мисли дека оди таму за да си игра и да први што сака.
Па тоа не е до учителките, сепак втора недела е, не може баба роги да изиграваат, ако од одма ги фатат на лошо џабе се. Мислам дека првиот месец ги тестираат до кај можат, после воспоставуваат систем. Бар повеќето што сум разговарала ми рекле така. Ги оставаме да видиме до кај можат да одам и после знаеме со кого до кај можеме. Пример моето е наметливо и дете кое е полно информации, сака да каже прв, првиот месец го пуштија да се истакне, ама он остана таков, за се има одговор и е меѓу најистакнатите, лидер во учење (зборови на учителката) од друга страна не е лесен на дружење и знаеа каде треба да работат, каде да направат простор. Сеа не да дупне глава, ама ако еднаш два пати се рекло да седнат а не седнало, сигурно нема часот да прекине за едно две деца, одлучиле да продолжат. Искрено со овие денешни деца, јака им душа на учителките. Во саботата на крштевка имав едно такво размазено, 100 пати се рече остави ги балоните не ги пипкај, оно тоа па тоа, да ги пуштело да летале, ти му викаш остави ги он да летале, па и се налути оти повишив тон. Мајката мува не ја лазеше. И другите си играа па не правеа штета, ова ми истури цефки, ми растури чаши, ми преврте маса, ми ги дупна пола балони, штета колку сакаш, едно такво во клас и отиде енергијата на учителките.
Мајки, на ќерка ми за две недели и е роденден, искрено незнам што да ги почастиме другарчињата. Во градинка сме носеле хартиени торти, сега за во школо се мислам само крем бананчиња да однесам. Вие што сте го поминале тоа, што обично сте носеле ?
Во прво одделение скоро целото прво полугодие ги ставаат во ред. На почеток не се престроги за да не ги исплашат децата па да имаат мака со некој што не сака да оди во школо. Кај нас на одмор сеуште ги оставаат без да им стојат над глава, кога се коментира дека некој е недисциплиниран тоа важи за на час. На одмор треба да се издуваат. Се спречуваат само тепачки меѓусебни и така и треба да биде. Е сега кај нас имаат и друштвени игри за на одмор и топки за надвор за да има со што да се занимаваат или им даваат задачи да играат нешто во двор (пример штркот бара боја и слично). Жал ми е што е главата дупната ама тоа е и до детето и до тоа колку е научено да следи инструкции да седи мирно барем одреден период. @Zumbulka86 секој носи што сака. Јас сум праќала или крем банана или сокчиња за сите или нешто друго ситница. Еднаш и пратив кесички со ситници, еднаш само крем банани. Некои во прво сеуште носеа хартиени торти (јас ни во градинка такви не праќав).
Кај нас знаат да однесат по едно колаче од слаткара за сите деца и тањирчиња и си јадат. Јас не сум носела до сега зошто е сред лето роден.
Немам прваче рано ни е ама нели мајка уште од сега почна да го преплакува бебе што ќе трга за 2 години па чита по темава..nevermind Ми падна у очи дека се 13 дечиња. Ова ново ли е нешто? За државно школо? Нели ние бевме по 25-30 на времето
Бројката зависи од тоа колку деца ке се запишат кај одредена учителка. Најмногу може да прими 30 деца, а минимална граница нема. И да има, тоа посебно се регулира да се спојат паралелки.
Леле некаде ми излезе , некое село накај истокот, 2 деца првачиња Душа ми заплака , тажно баш. Кај син ми се 27, инаку 30 е максимумот. Циркус е мојот. Седи со девојче бубалица, од градинак знаеше и читање и букви и собирање , множење. Интелигентно. И мојов си препишувал од неа Па го кажала на учителката. И сега не сакал да оди ако седел со неа. Или да го сменеле или немало училиште Ама таков сериозен. Вчера му рекла : ти секогаш сакаш да си прв во се, неможе така И овој пак насекиран. Не сакал да е прв , сакал да е последен Баш ми е сладок со маките
Да, не е едно такво село. Многу села низ цела Мк немаат деца или имаат премалку. Во некои места ни во градовите нема деца, па за села што останало.
Државно, нема бирање наставничка, уште во јуни имаше списоци. Толку деца има, кога ги поделиле кај мојот се 13, одлична бројка. Мислев една година е помал твојот, уф имаш уште да собираш сили
Не сум изненадена. Сите бегаат, некои се селат во друга држава, од помал град во поголем, бегаат од мешана средина итн. Во 'познатите' училишта молат за одредени учителки. Државата ни е таква.
Да бидам скроз искрена, и те како ќе си ја изберам учителката на синко у нашава праведна државичка Него @MilaSs12 кажи што бараме у темава волку рано
моето прваче беше истужакано денес од наставничкат кога го зимав од школо.Се бунел,не го сакал училиштето.Ми рече наставничката имаме проблем,не следи правила авторитет.Викаѓ а зашто така се побунил.Незнаеше д акаже. Дома ми кажува му го смениле местото и сега седи до закачкото,башка столчето му било скршено Затоа рекол несака во школо и незнаел да ј каже песничката(што ја учеле у моментот),па му рекла кец имаш. Прашањето ми е,зар е тоа ок педагошка мерка за прваче? зар не треба да се потруди да сфати што не штима? Чекам ваши коментари,зашто сум збунета.Не очекував вакво понашање.
Ова не ми се допаѓа. Гледам дека ти е нафрлено, побарај прием и убаво разјаснете. Реагирај си за се на време.