Мораш да разговараш со наставничките за да видиш што точно се случува. Ако добро се сеќавам пишуваш и пред некое време за инцидент. Прво одделение е прилично тешко за децата од аспект на прилагодување на новата ситуација. Видете како може да му помогнете сите за подобро да се прилагоди. Мене не ми е јасно како наставник тужака. Наставник во принцип кажува што се случува. Не е тужакање. Ама мора да видите што се случува.
ја одгатнав ситуацијата.мн разочарувачко.Проба да ме излаже прво дека кецот(мислам кец да му кажеш на дете после три недели у школо идење!!!) било ради песничката,па после преправи зашто многу зборел на час и кога не требало....Мн и падн акредибилитетот у мои очи.Жално.Многу жално...Ептен се спукав денес.Уште мозгам дали можеше д биде поинаку.
Кај нас имаа во прво полугодие 5ки една пластична и една дрвена, и кое дете заслужило добива 5ка да ја носи дома и да ја враќа. Второ полугодие имаше и 1ца, ама стварно ретко ја даваа, зошто имаше група деца кои правеа многу проблеми. Сепак тоа беше веќе после неколку месеци, не одма на почеток и повеќе беше како воспитна метода отколку образовна. Па трета недела уште не знаат кај се наоѓаат, какви песнички...
Мајки многу се двоумам,тие што иматр дете што сега во јануари ке полни 5 год,дали ќе ги пуштате во нареден септември првачиња,не знам што е попаметно,на 2 ума сум,на 3 јануари сме родени поздрав
Веројатно детето е родено на 3ти Јануари. Јас пуштив дете родено на 5 Јануари со полни 5 во школо. Проценката дека е спремен дојде од повеќе места и си тргна на школо. Сега е трето одделение и ОК е.
Јас здравје за едно 6г пошо синко ми е 27ми Јануари, не планирам да го пуштам со 5г, туку да наполни 6 па таа година да си оди (ако важи до тогаш ова со бирање за деца во Јануари нели)
Мојата е сега прво родена јануари. Наставничката вика дека е позрела од некои деца кои се постари од неа. Сега за сега е супер. Секако стручни треба да проценат
Дали малите имаат проблем при пишувањето? 2 и 3 го пишуваат и се одопаку и иде да пишива.Многу е нервозна едвај два личи на нешто Наставничката рече дека е левичарка потешко ќе и оде. Има ли вистинаили едноставно потешко сваќа @An-na
Врска нема, не се оптоварувај. И ќерка ми пишуваше наопаку и јас мислев дека е левучарка, затоа. Разговарав со други мајки и нивните деца исто грешеа, а не се левучари. Јас искрено да ти кажам понекогаш заборавам дека е левучарка, никаква разлика нема од другите деца.
Малку му е потешко зошто мора малку извртено рачето да го мести за да гледа што пишува....ама генерално добро му оди...со ножичка за деснак му одеше тешко и се нервираше што не сечи по линии....зедовме за со лево раче , па киниса на арно А инаку кога почниваше пример името да си го пишува....требаше огледало да имаш со себе за да прочиташ скроззз обратно
Еве ќерка ми со десна пишува па прееска тројките како Е ги пиша обратно, исто и името го пишува наопаку ( пр наместо лизи изил), тие се мали и допрва учат, душичиња.. Ја сум левак самата, во пишувањето никогаш не ми сметало или па да имам проблем, покасно пошто претежно се смислени работите за десничари има моменти ( ѓезвето од кафе ми текнува, или кај моите дома плинското им го вртам обратно кога го користам , такви ствари ). П.с левичарите се интелегентни особи ( научно докажано), имав извонредна учителка, кога наставничката по мк јазик ми рече дека ќе ми ја врзе левата и треба да учам со десната да пишувам, и кажав на учителката (класна) и ми рече, не се потресувај, да и кажеш дека претседателот на УСа е левичар ( клинтон на времето), така што само претседател може да станам, неа ја среди у канц, и веќе никој ништо не ме реметел фала богу. Така да, нема врска муб на учителката на детето, она сè ќе научи како треба, како и другите деца, а може и побрзо .
И деснаците ги пишуваат бројките и буквите наопаку... Моево е деснак, па обратно пишува 3, 6 и 9 понекогаш, порано почесто, сега е веќе извежбан. Сакам да ти кажам да не се нервираш што е левак, нема да пречи тоа, ниту па побавно ќе сфаќа и учи. На почеток е тешко додека да влезат во шема, ама за жал и наставнициве не се нешто заинтересирани да работат со децата (чест на исклучоци) и гледаат само да го поминат денот и програмата што е планирана. Не седнуваат со секое дете барем малку да го охрабрат и да му покажат. Не треба многу време, само треба волја и желба, што очигледно доста ја немаат. Нејсе, и јас сум левак, ме одучиле како мала, и криво ми е. Сега и двете раце ги користам паралелно во секојдневие, само професионално десна рака доминира.
Ич не се секирај. Мојов е деснак и тоа опседнат со бројки и многу пишува, па пак наопачки ги пишуваше 5, 6, 7, 9 кога помалку кога повеќе. Сега почнува се поретко.
Најчесто се случува пишување наопаку на бројот 9 додека поретко бројот 5 и 2.Со тек на возраста тоа се намалува веќе во трето одд скоро и се изгубува ништо страшно
Без секирации, моето пишува од 4г па во прво од нигде никаде почна некои букви и бројки наопаку да ги пишува. Се чудевме, од кај сеа, ама видел некое детенце и се збунил.
Фала ви девојки. Наствничката пробала да и помогни,таа станала нервозна и почнала да плаче.Проблемот е што од никогаш несакала да и покажеш.Сака еднаш да и кажеш и веќе да знае.А тоа е невозможно.Не е трпелива.Никогаш со сила не сум ја терала или барала од неа се да знае ама таква си е. Има ли промена во однесувањето кај вашите дечиња одкако почнаа на училиште? Таму е супер,весела,сака да оди.Ама дома е после врескање и нервоза.Плус втора смена е,сестра и ја буди рано па останува недонаспана.Еве денес покасно стана супер си е цел ден. Многу ми е променета одкако почна на училиште. Па какви изрази користи,џабе цело мое досегашно воспитување и зборување.
Вака јас работам со дечиња и често пати се случуваше кога беа во прво одд одредени дечиња да ги пишуваат одредени букви на пример Е ,И, С наопаку. Исто така и некои броеви да ги пишуваат наопаку како на пр. Бројот 9 и 3 најчесто додека поретко 2, 5 и 7.Различно е кај секое дете има дури некои бројот 1 го пишуваат наопаку , некои 6 ката и т.н. Иако во моментот детето не е свесно дека направило грешка, сепак кога ќе му појасниш тоа ја увидува грешката и ја поправа во истиот момент. Сепак ништо страшно со текот на возраста посебно до крај на 3 то одд тие грешки се минимизираат и скоро да ги нема со исклучок на одредени деца кои покажуваат помал интерес за учење.