По различна програма да не учат децата?! Какво собирање, одземање?! Мојава само броеви учеа, поголемо, помало… сега има некој зачеток на собирање
И мојатa, еве баш сега домашно пишуваше бројот 9. Прво пишуваа до 5,па поголемо помало, па собирање и одземање до 5, итн
И кај нас собираат и одземаат до 10, башка до 20 бројат. Шок ми беше и мене, ама тоа е што е. Вежбање си бара дома и со класична и со целодневна. Зошто друго е еден на еден дома, друго е една наставничка на повеќе деца. Не вежбам секојдневно, ама кога гледам дека им оди тешко нешто и кочат, работам за да може да се во тек и да не се изгубат во материјалот. Исто и викенд си седнувам со двајцата (прваче и третаче) и пишуваме, решаваме задачи. Мојава многу добро се снаоѓа, тргната со никакви предзнаења (не ги знае сите букви, не чита, не знаеше да собира и одзема). Задачки со собирање и одземање до 10, сега веднаш ги решава (си брои на прсти ). Инаку вежбавме со моливи, боици, бонбони, капачиња, прстиња И башка на Малац Генијалац оди месец дена (Малац сезнајко програмата), презадоволна сум и од таму и јас и она (еднаш неделно е, едвај дочекува да отиде)
Не знам, овие многу побавно одат тогаш. Минатата недела помало, поголемо учеа. Сега гледам почеток на собирање учат. Цртаат како домино коцки, имаат топчиња и да доцртаат колку фалат до бројот кој е зададен. Претходно учеа 2 д, 3 д форми. Моево фино се снаоѓа, ама многу чудно како сите различно се стигнати, а тееба исто да движат. Со букви ќе почнеле во февруари. Кога ќе научат да читаат не ми е јасно. Жениве доста работат со нив. Гледам дека се трудат и дека тоа што го поминуваат во школо го знае. Нашиве инсистираат дека работа дома нема потреба до 3то одд. Нивна работа било тоа. Јас сум едина која зема ранец и книги на детето. Ова во буквална смисла. На родителска денес прв пат им ги видоа тетратките на децата и што учеле. Не ја форсирам, ама следам како ѝ оди. Дури ме поправи - не било тетратка со коцки, туку со квадратчиња
Изгледа нашиве се доста понапред. Он н а почеток ги учеше 2Д, 3Д форми. И ние немаме потреба да учиме дома , недела ќе разлистаме само, а инаку сам си бара задачи да решава па му печатиме
Сите броеви октомври ги земаа мислам, собираат, одземаат ехехеее, 3Д, помало/поголемо се е земено, сега учат парни/непарни броеви. Додека македонски имаат земено само три букви, коси, прави, полжавчиња тоа се исцртаа мислам уште септември/почеток на октомври. Најмногу ги форсира да раскажуваат, мислам секој час нешто читаат и раскажуваат, па цртаат. Јас слушнав дека имале некоја "слобода" кога што како ќе предаваат на децата, колку е точно стварно не знам. Ама и овде што читам и приватно, изгледа е така, вчера другар ми кажува дека неговото детенце имаат земено 15тина букви, а математика неделава се до бројот 3. Броеле до сега и место бројки ставале цртички.
Програмата е иста за сите. Може да отворите на Биро за развој на образованието и да ја видите одделно по предмети. Иако наставникот е должен да ве запознае со истата на првата родителска средба. Од планирањата на наставникот месечни и неделни зависи кога која содржина ќе се обработи. Тоа е таа слобода за која зборуваш ти. Затоа се разликуваат,еден наставник смета дека треба прво бројки да учат,друг почнал со тема геометрија. Според мене во прво полугодие е прерано да се учат буквите. Во прво полугодие децата треба да се поттикнуваат на дијалог, раскажување, опишување итн. Дури кон крај на полугодието би требало да вежбаат графомоторички линии,па од второ полугодие да почнат со буквите. Прерано е бидејќи истовремено учат букви и учат читање и пишување. Децата се многу мали,лесно може да дојде до одбивност и фрустрација. @kukla21 Според моето искуство ,со учење на азбука од февруари до крај на училишна година, 95% од децата научија да читаат. Таман си е тогаш да почнат.
Нека е само жив и здрав времето лета, ама за мама ќе си остане бебо што има женска. Јас стваро мислам уште максимум 4 години е .
Јас сум задоволна од како им пристапуваат за работа. Воопшто не е агресивно. Многу работи и ги цртаат, оживуваат за да им се попристапни и полесно да ги запомнат. Баш убаво им легнува сѐ, па одат напред. Дури и во евидентното ливче не пишува ништо за собирање и одземање. Многу им читаат, приказни, сказни, па раскажуваат, што исто ми де допаѓа. единствено, од целава работа ми е чудно, што ако дете треба да премине од школо во школо?!
Програмата е иста, но методите на наставничките се различни. НАшата учителка фаворизира математика дополнително купивме и плус збирки за да вежбаат, раскази учат, а оваа недела прв пат и стихотворба. Моше и возраста не им е спремна з атолку учење нови работи, кога учиме и вежбаме нон стоп с емрда, па се раскажува што се првело дента, концетрацијата ни е мала. може второто полугодие подруго ке биде кога веке ке имаме полни 6 години.
Добро бе, нашава наставничка многу ли брза, не знам што е. И собирање, одземање, букви, па дури почнаа со реченици да пишуваат. Мислам дека е прерано, па и на децава им доаѓа многу.
Реченици? Кај ќерче последно во тетратката кога ја донесе дома имаше само црти пишувано, прави криви вакви такви, вчера во учебникот баш гледав боеле топки по делови и песнички им дава да ги научат.. не стигнале уште до буквите, а не па реченици
Да де, реченици. Јас мислам дека е многу толку форсирање. Не знам зошто толку брзање во ова полугодие особено. И математика, број за број, па мајку му стара може повеќе да вежбаат собирање и одземање до пет, а не одма до десет.
Леле стварно е премногу. Не знам запо така, ја во учебникот математика баш гледав, прво се бројки до 5, па собирање и одземање до 5, па после ваљда е до 10 па собирање и одземање до 10.. Многу форсирање..
Уште не учат букви, туку елементи на буквите. Собирање и одземање до 10. На родителска учителките кажаа дека системот е мн лош и дека ако некој од нас има влијание да се бори да се смени. Иначе нашето одделение биле први за препишување. Во прво одд еј препишуваат. Не дека е нешто страшно вика ама тоа е за нас да си знаеме кој до каде и на што да обрнеме внимание и да поработиме. Последно вика им правев на сите различни ливчиња за да не можат да препишуваат. Мојава е прва иначе. Прва ги решавала и го предавала ливчето на катедра. Почнува да чита зборчиња а и да собира и со двоцифрени. Ваљда е до пристапот и до тоа како објаднуваат. Само неќе да одзема.. И дадов задачи дома да реши со + и - сите со - си ги преправила во + и така ги решила...хахахаха. Ама таму си ги решава точно. Смешки се... Уште не ми се верува за препишувањево.