Хахах исто и кај ќерче, на родителска ми вика дека мојата сакала да си позборува на часови, ама прва завршувала и после и кажувала на таа до неа, наставничката вика јас се чудам знам дека тоа девојче не решава секогаш до крај, ама вика па искрени се ми кажа дека мојава и кажувала Ама јас го гледам тоа позитивно од аспект на деца, значи не се себични штом дозволуваат да препишуваат од нив ние кога бевме деца, барем јас многу ме нервираа сезнајките што не даваа да препишуваш
Новата програма дава слобода на наставниците да решат која тема кога ќе ја работат. Имаат детални планирања и на родителската прва треба да ги покажата на родителите. @Цвет88 кај нас во школо е обратно. Наставничкте се позадоволни од новата програма отколку од Кембриџ што биле. Секој различно. Не може на сите да им се погоди. Сега баш прередував и гледам во прво ова време уште буква ниту една немале напишано. Е затоа знам ги носеа во библиотека, им даваа коцки со слики ги фрлаа па по нив раскажуваа, пишуваа цртки и слично. Баш игровна им беше во прво програмата.
Абе смешки сите во одд се исто препишале... Оваа мојава неќе да и препишуват. Ми се жали дома, ама шо да и правам, нек си се бори сама.
Нашиве рекоа дека во 2ро полугодие ќе учат букви и до крај читање. Инаку, малку ме плаши читањето, ама учителките убедија дека ќе научат.Кај син ми има две девојчиња што знаат да читаат и гледам дека го фрустрира тоа , но не сакам да форсирам ќе си учи во школо , секако поише математика му лежи. А може и ќе изненади
@eli25 ќе научат најголем дел од нив. Некои ќе читаат потечно некои буква по буква. Потоа во второ и трето ќе се усовршуваат.
затоа пола од децава се полу писмени. Ќе учат до 3то да читаат и пак не научиле. имам другарка, се уби работејќи со децата и вика, по мои критериуми пак не се добри. Ние во прво учевме полека, во трето читавме еееехеее! Сега во трето читаат како почетници.
Во прво лектирите не ги читаат дома. Читаат извадоци заедно на час. Имаат ливчиња што ги пополнуваат и слично. Лектирите за второ се очекува да ги прочитаат дома. @kukla21 за голем дел од работите и родителите се виновни. Точно се гледа разлика во читање во трето (моето е трето) кај децата чии родители школото го сфаќаат сериозно и оние што викаат ех кој не се описменил па моево неписмено да не остане. Се гледа разлика кај родители што читале дома на деца и што им создаваат навика на децата да читаат и оние што викаат ај нема врска или не можам да го оттргнам од цртани, дете е му треба одмор и слично. Порано се знаеше кој е авторитет и тоа што ќе се кажеше од учителката се почитуваше. Во нашава генерација родители има и такви што јавно пред деца омаложуваат наставници (на нивните деца), зборуваат како ништо во школо не чини, се дрзнуваат да критикуваат наставна програма итн, итн. Прават се само не ги стимулираат децата да учат и не им укажуваат дека знаењето е битно пред се ради нас самите. Ете затоа не знаат во трето да читаат деца.
ти кажувам пример за другарка која сериозно работи со децата. Не зборувам за незаинтересирани. Лектири цело лето се читаа на глас. Читаат, ама во споредба со тоа како ние сме читале на таа возраст е различно. Они се од подобрите во одделението. Или не знам, може ние многу очекуваме.
Мојот прилично добро чита. Ама не чита само лектири. Чита секакви книги плус. Секоја недела зема нова книга од библиотека и ја чита. Ама секој ден летово читавме. Сите тројца по дома. Имавме пола саат време за читање. Секој своја книга. Па раскажувавме што сме прочитале или што ни било најинтересно. На плажа исто читавме (секако на плажа со книги одиме ние како возрасни и годинава и тој така одеше). Некогаш и од дете до дете ќе има разлика. И како возрасни сите читаме со различно темпо. Не е толку битна брзината туку можноста да се сфати тоа што е прочитано. Да се сумира, да се прераскаже, да се знае како да се употреби. Затоа сега во прво одделение прво полугодие толку се обрнува внимание на раскажување и градење вештини за изразување.
Јас не очекувам, јас сум реална, и да, треба да читаат солидно и без да се форсира работа со нив дома, односно треба и наставниците да се потрудат малку да ги научат нешто. Моиве не сакаат да читаат книги, што дека ги форсирам, а и самата сум постојано со книга во рака. Читаат солидно. Инаку гледам разлика меѓу прво и второ одделение кај моево. Прво одделение беа буквално неизиграни, скратено детство, им беше досадно во училиште. Годинава е друга приказна, и кој што сака нека збори, според мене прерано е на 6 години да се започнува со училиште, посебно со никаквава програма. Да, ние родителите мора да изигруваме наставници, иако за тоа ги праќаме во училиште. Мене ми е несфатливо да мора секојдневно и дома да се работи со децата, да им се објаснува нешто што реално не е за нивна возраст, а имаат наставници во училиште за тоа. Не ми е проблем, ќе работам, ама објаснувам како јас сум учела. И тоа знае да биде погрешно, што ми е навистина чудно. Нејсе, многу револт ми создаде училиштето кај што учат моиве деца, и не мислам дека би било поразлично во друго училиште, оти системот и програмата се за никаде, и се толерира агресивно однесување.
Ќе критикувам зашто гледам дека нема ангажман од страна на наставникот. Не може од 30 деца, 25 да не разбираат. Да не знаат што е плус а што минус, замисли јас тоа го објаснувам, тоа мене ми е работа? И што тоа до родителите е? Каква работа дома? Јас треба со саати да предавам дома? Програмата е никаква, тешка за децава. Книгите математика се ужасни, јас морам да размислам, а не дете од шест години.
@Annath јас сум презадоволна од тоа како работата наставничките со моето дете. Програмата е програма. Реализацијата зависи и од наставници и од родители. Ние во прво и второ буквално немавме задачи дома да доработуваме со децата. Во второ почнаа со мали домашни за преку викенд. Сега во трето имаа и прво најавено повторување по завршување на поглавја (односно како најавени тестови иако не добија оценки и поени туку пак браво и слично). Инаку мене програмата ми е ОК. Не е никаква. Следи одредени светски правила (лани бевме во УСА и имам роднина која е таму учителка. Материјалите за учење и она што совладуваат на истата возраст се скоро исти со нашите). Пак ќе кажам кој колку успешно ја реализира зависи од наставник до наставник. И пак стојам на тоа дека родителите воспитуваат деца. Не смее тоа да се пренесува како одговорност само на наставнците. Ставот кон училиштето не се гради само од наставниците, се гради и од дома. @Black girl имаш право да критикуваш. Никој тоа не ти го зема како право. Ако нешто не функционира треба да се критикува. Јас во цитираниот пост за друго пишував.
и јас мислам дека со 8 часа во школо треба да постигнат сѐ. Кој е способен после тоа уште дома да прима информации. Мојава уште нема 6. Кај нас инсистираат дека нема потреба од работа дома. Јас сум единствен фрик кој зема книги и тетратки во петок. Кога ќе почнат букви, ќе зголемам фрекфенција на земање. кај моево им прават доста интересно да им е. Ептен сака да оди. Во градинка не сакаше толку да оди им ја адаптираат програмата на возраста. Им даваат да ги “цртаат” работите. Повеќе визуелно да ги доживеат. Де факто се мали за програмата.
Ти си една од ретките кои се задоволни од одделенски наставник. Сите околу мене се жалат, и на форумов доминираат жалбите. Јас лани бев разочарана од наставничката на првачето, исто како и со големиот што бев, гледаа само да се помине програмата, да завршат тоа што е предвидено, па кој научил научил, толку од мене. Од годинава има одделенски наставник што ќе ги води заклучно со петто одделение, ги потстегна малку, па се трудат повеќе. Ама пак децата имаат доста нејаснотии. И најтрагично е што се мали класови, максимално 20 деца (кај големиот во второ одделение беа 16), значи може да си дозволи да работи со децата како што треба, има време за секое. Тие поминуваат по 6 часа во училиште - класична настава, што лично сметам дека е премногу за возраста, нема кај нас целодневна, има само дневен престој, моево не седи цел ден во училиште. Кога ќе си дојдам од работа, и јас и тој сме уморни за да учиме, често не ни сака, ама и да седнеме да работиме, не му е исто вниманието и посветеноста како кога е одморен. Освен тоа, многу работи не се исти како што сме ги учеле ние, и јас не знам друг начин да објаснам понекогаш, и тоа само доведува до конфузија кај детето. Тоа го забележувам кај големиот (седмо одделение), кога има потреба да му се објасни нешто. Јас по мое објаснувам, тој знае на друг начин, и на крај никако не му помагам. А наставниците не се ни трудат, зборам веќе за предметни наставници. Не е ништо подобро во погорните класови, дефинитивно. Сѐ помалку се учи, сѐ повеќе се гледа да се помине денот ради реда, децата збеснуваат, имаат испади кои не се санкционираат, џабе јас сум го воспитала дома, кога сѐ паѓа во вода штом се појави во училиште.
Кај мојов се стигнати број до 9 собираат и одземаат до 9 помало, похолемо, еднакво. Букви ги изучија А,Е и Н и пишуваат зборчиња и читаат пр. АНА, НЕНА.. Некако пребрзо учат мислам за нивна возраст.
Ок ти е оваа програма? Математика задачите јас се мислам како да ги решам, а не дете што тек тргнало во школо. Наставниците сиот товар ни го даваат нам, родителите, примери: вежбајте дома ( ова значи јас дома да предавам, најсериозна сум, а не е да повежбаме), читајте дома, домашно по една и пол страница итн... Мојата, а и други деца не ја знаат разликата меѓу плус и минус, тоа е вина на наставникот.
Здраво, сакам да прашам за дали сте се соочиле и како со страв кај прваче од наставници, имено на моето дете му е страв да оди во училиште вели многу викаат и го караат наставниците, тој е мирен не прави бељи, не се тепа, не се кара, но после 13 часот нели целодневна настава на децата веќе им здосадува и последниве денови ми вели цело време дека не сака да оди му е страв од двајцата наставници му викале затоа што не можел да постигне. Денес пак еден од наставниците на еден од родителите за моето дете кажал "овој па за се нешто плаче", детето ги изгубило патиките по физичко денес не му биле во торба а завчера ги носеше. Не ми е јасно зошто наставнициве се толку опседнати да мора првачињава сите се да прават исто, со иста брзина, наместо со убаво да им објаснат, да им помогнат да сработат па макар и да им кажат што да цртаат конкретно ако детето нема идеа како. Плус од стрес се жали дека го болат градите и нозете, и дека многу му е тешко ме моли да не го пуштам во училиште сабајле оти не можел да издржи. Вчера од страв цел ден се стискал за во тоалет наставничката им кажала дека не може секогаш кога ќе побарале да одат во тоалет па кога го земав беше подмочан. Не можам да заспијам значи прво одделение се не можам да сфатам зошто мора да им се дерат да им викаат или да им се закануваат ќе им стават минус ако не биде по нивното сега веднаш и одма.
Да ОК е програмата. Не зборам напамет. Психолог сум што проучува образование цела професионална кариера и што сега ја искусува програмата преку детето. Програмата е ОК. Има теоретска позадина во програмата, слична е со програмите во многу земји во начинот на учење и пристапот. Барем во првите одделенија, во погорните заради политички интереси и притисок од јавноста (која се знае, а од ништо појма нема) и од самите наставници ја расипаа програмата. Наместо да стимулира критичко мислење пак ќе се врати на учење факти. Само нас тоа учење факти изгледа најмногу ни е легнато како Земја. Се друго бара повеќе труд од сите. Е сега начинот на реализација на програмата може да е проблематичен. И тука настануваат проблемите. Програмата како програма е ОК. Во неа дури и пишува начини на поттикнување на математичка логика кај децата (за баш да сфатат што е собирање што е одземање). Во програмата има насоки да собираат децата камчиња низ двор на пример, да собираат со прсти, со броење и слично. Во програмата, а и во учебникот едно те исто се повторува неколку пати на неколку различни начини за да може децата да го сфатат. И секако се почнува од наједноставниот начин а тоа е просто броење на работите, потоа се собира со броење на конкретни работи плус пишување бројка одозгора кај собироците, па дури потоа само бројки. Кај вас не е проблем во програмата туку во наставникот. И проблемот е генерално во наставниците. Не се сите исто подготвени да ја реализираат програма. Бара многу планирање и многу труд од наставникот за да може успешно да се реализира. Бара училиштата да може да менаџираат добро со парите за да може да купат принтер на пример па децата да добиваат плус наставни ливчиња за вежбање. Бара во училиште да има смарт табла за од време на време да се користи (не секогаш ама понекогаш). Кај нас во училиште има Смарт табла. Ние како родители собираме пари за да може да се купи хартија и тонер (еднаш во прво купивме тонер). Купуваме и сапуни и тоалетна хартија и брисачи. Не е во ред генерално да даваме пари за такви работи, ама кога ги нема за да овозможиме квалитет на образование на децата се сложуваме да купиме. Е купуваме затоа што гледаме дека целиот кадар се труди да овозможи добро образование и вреди да се поддржи. На некој што се труди навистина е ОК да му подадеш рака. @Annath во одделение кај моето дете се 28 со тоа што едно дете е со посебни потреби па имаат плус и образовен асистент со нив. Наставничките успеаја цело одделение да го сплотат и сите да бидат прифатени. Нема двоење за родендени сеуште (трето се сега), детето со посебни потреби е вклучено во се во што сака да учествува. До трето сите научија да читаат и да бидат ОК во математика. Ама нема притисок. Никогаш не им мереше колку збора читаат во минута се до трето одделение (само еднаш им измери). Работите ги прават игровни и интересни за децата. Тематското планирање го прават на ниво на актив и го споделуваат со нас на првата родителска. Секоја недела во Понеделник добиваме планирање за таа недела за да знаеме што ќе учат. Од време на време добиваме клипчиња што ги правата наставничките од слики од активности. Се трудат да иницираат соработка со родители. Неколку пати сме биле и ние во улога на предавачи ако познаваме некоја тема. Сега последно побараа ако има некој стоматолог да им објасни за хигиена на заби зашто тоа им е по програма. И ете денес на пример детево е до 3 на школо и ми вика не мора да дојдеш во 3 ќе одам во дежурна училница (дежурната е место каде што секој носи грицки од дома и заедно прават гозба и играат). Имам другарка чие дете е во друго школо во истава општина и таа е задоволна од училиштето. Децата од градинката каде што одеше завршија во две школи во друга општина. Од едното школо се прилично задоволно (добиваат се исто што и ние од аспект на планирање, клипчиња итн), во другото зависи од наставниците (едно одделение се супер, другото не баш). @Ellyy ова што го пишуваш дефинитивно не е во ред. Во првите три одделенија нема класични часови според новата програма. Наставниците имаат право според потребите на децата да прават паузи. И дефинитивно треба на децата во прво да им даваат паузи тогаш кога им се потребни (за мочање на пример смее да излезе кога му треба). разговар5ан со наставничките и ако треба и со педагог/психолог. Викање не смее да има.
Кај ќерка ми имаат веќе изучено 10тина букви и собирање и одземање до 5. Текстови со по 5-6 реченици секојдневно имаат да препишат за домашна работа. Планот бил до јануари да ги изучат сите букви и потоа да се фокусираат на читање и раскажување. А и зошто е секаде различно не ми е јасно и мене. Зошто да се дава таква слобода на наставникот, треба да се знае кога и што се изучува. Мене чудно ми е и што наставничката повторува како мора секој ден да се вежба дома и пишување и читање, само на училиште не можеле да научат децата. Сум зборувала и со други мајки што имаат деца кај други учителки во истото училиште и кај нив истото. Мислам, за што ги праќаме на училиште ако не можат таму да научат. Кога ќе споредам со времето кога јас учев, помалку часови имавме од сега што имаат, деца дупло повеќе бевме, немаше ни ФБ ни Вибер групи, моите никогаш не знаеле ни што учиме ни до каде сме со материјалот, со мене никогаш никој не застанал да пишува ( а верувам и знам дека и со повеќето деца беше така) се си беше работа на учителот. Гледам ќерка ми скоро сите букви и броеви ги пишува по нејзино (во редоследот на пишувањето на една буква или број) и зошто таа учителка не може да го исконтролира тоа. @Ellyy Ова да не го оставиш така. Сите деца не постигнуваат исто и наставникот треба да го има тоа во предвид, а со викање сигурно нема ништо добро да постигни. Ако мисли дека не може да постигни треба да му обрни повеќе внимание, само така ќе научи. И тоа коментирање на други родители за твоето дете, а не тебе, кажува многу за наставникот каков е и не ми се допаѓа воопшто. Кажи му на твоето дете да оди во вц секогаш кога е одморот, не знам како им е организиран часот, немаат класични часови со одмори, но сигурно имаат паузи кога не работат. Во врска со ова, уште одма разговарај со наставникот и ако не се подобри ситуацијата обрати се кај педагогот и психологот, само не ја оставај ситуацијата така. Кажи му на наставникот се отворено и тоа дека би сакала ако има нешто за твоето дете да кажи, да ти кажи тебе лично, а не на други родители. Ова дефинитивно е поради погрешниот пристап на наставникот и само таму е вината, а на крај последиците ги трпи твоето дете.