1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Првачиња најрано можат да тргнат на училиште со 5 год. и 8 месеци.. Но, ако смета родителот дека детето не е сеуште зрело да почне на таа возраст, може да го запише наредна учебна година, на 6 год. и 8 мес.
     
    На cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.702
    Допаѓања:
    72.593
    Пол:
    Женски
    Така е поради деветолетката... која ич не ми се свиѓа. Треба да си биде како порано, тие дечиња на 5ипол да си бидат во забавиште, да си играат повеќе.. а не да се седнати во клупи :( И сите ги пуштат на 5ипол зашто ако ги пуштат на 6ипол ете ке матурираат со 19г, што за мене не е некој проблем.. но за некои родители е. Нема правило дека мора на 18г да матурира, не е ни 19 касно, ама тоа е... Во мојата цела генерација само една матурираше со 19г :?:
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Колешка вадеше потврда за ќерка и да почне порано во школо. Пред упис се предимисли.
    Друга колешка има дете родено јануари. Си појде на 6 год и скоро 9 месеци.
    Во групата од градинка на внука ми имаа девојче родено декември. Малтене ко нашиве. Мајка и извади потврда да не оди во школо на 5 и 8-9 месеци. Си појде другата година.
    Не знам што би брзал некој да му крати од детството на детето.
     
    На Shmizla94, eli25, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Најчесто родители кои си ги форсираат децата ги праќаат порано, на 5+ години.

    Има многу ситуации каде и врски дури се фаќаат (ако детето е родено на почеток на Февруар) да тргне на училиште,а законски не е дозволено, па ваѓаат секакви уверенија од психолози, педагози, доктори, дека детето е спремно и зрело да почне.
     
    На Tajnaotrovna и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.702
    Допаѓања:
    72.593
    Пол:
    Женски
    Не е до детството, секако не се цел ден во школо (освен ако не е целодневна). Повеќе е за тоа дека со 19 ке матурираат, па ако оди и факултетот супер ке дипломираат на 23год. И тоа ако е факултет со 4г. Рачунај ете, ако ги пуштиме на 6 и 10м, они 1ва факултет ке упишат со 19 и ке наполнат 20. До крај на 4та веќе ке имаат 23год. Сега не сум размислувала дали би им сметало тоа... но еве @Dream-Girl е таа возраст па нека каже.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Порано не беше вака така?
    Порано, мислам ние коа сме оделе.
    Јас сум пуштена со 6 и пол години, а генерација имам другарки заедно што учевме што се цела година поголеми од мене. Во Март четворица заедно славевме родендени, двајца полнеа 18, двајца полневме 17.
    Не знам како им било нив, мене сеедно ми беше.
    На бебе, ако остане вака, му паѓа да оди на 6години полни точно.
    Ќе нема 18, на матура, а?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Во наше време дури и тие родени во март ги пуштаа со постарата генерација. Јас бев најмала во генерација, родена сум јануари, 6г и 9м бев кога тргнав во прво, речиси сите беа со полни 7. Супер сум се вклопила, плус од странство дојдена (градинка и забавиште одев во Сло), не сум го знаела добро мајчиниот, ама брзо сум совладала се. Матурирав со 18, дипломирав со 22, на 23 веќе имав 1 година стаж.
    Син ми е крај на декември роден и ќе биде најмал во група, ќе тргне со 5г и 9м, а ќерка ми е март и ќе биде од најголемите 6г и 6м. Гледано сега од оваа перспектива мислам дека за синко ќе испадне подобро.
     
    На azelea, Dream-Girl и mariz им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Мене не ми смета воопшто. За 9 дена тек правам 18, а истиот ден аплицирам на факултет. Плус ми излезе голема предност што е можно да не сум и примена (одам на јак факултет со огромна конкуренција, а матурата не ми излезе по план) па и да земам gap year ради истото (шо ми е некоја опција план 5 :D), нема да заостанам ептен.
    Ја цел живот им се заблагодарувам на моите што сум најмала во генерација(од некои и по 2г помала скоро бев), ептен си го осеќам за предност, дури тие сега 4та средно што ќе се некои се постари од мене и по пола година и повеќе...
     
    На Moon.Girl, BlackMistery, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.702
    Допаѓања:
    72.593
    Пол:
    Женски
    Кога и е роденден? Порано тие деца од 5ипол беа забавиште, а сега тие деца се 1во одд и учат 9год основно, а ние учевме 8.
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Е да и ја имав една година пауза меѓу средно и факс и дојдов таман.
    Аа

    @mariz ааа да, ја имам другарка со 6 тргната. Во Август родена исто. Ама ние учевме 8+4, они ќе се 9+4.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.702
    Допаѓања:
    72.593
    Пол:
    Женски
    На твојата таман ке и е се :) Со 6 ако почне, прва средно ке запише со 15 полни, втора ке наполни 16, трета 17 и четврта со 18 ке си ја тера. Факултет со 19 во прва ке тера. Мене искрено не ми е битно, јас имам 26 и сега ке дипломирам во Септ со две деца :lol: Да сме здрави и живи само, ке биде се :D
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Уууу @Dream-Girl ти ептен мала си тргнала, таков случај не знам досега.
    Еве пример дека се зависи од детето, зрелост невидена за тие години, 18 неполни а размислување и став ко за 20 и кусур. :clap:
     
    На Moon.Girl, eli25, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Па кој може денес да си дозволи фа го зема детето после часови?Повеќето се во целодневна. Па и школово не е ко што беше. По 5-6 часа имаат, а ние 4 имавме на времето.
     
    На eli25 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Едвај ме примија, бараа огромна процедура ама моите беа упорни. Мајка ми беше свесна дека сум ептен напредна за мои год, сама си пројавував интерес за учење, само што направив 4 ја терав да ме учи да читам и пишувам, решаваше крстозбори она често, па и ја тоа ќе седнев со неа после откако научив и ќе решавав. :rofl: Она ми помагаше, тогаш секако толку информации не знаев ама ми беше интересно да ги пишувам зборовите. Па и нели дека се бара како се обележани елементите во периоден систем да им пишеш буквата, па и тоа ја терав да ми објаснува, пола периоден го знаев на 5г. (facepalm):D
    Не бев нормално дете, играчки не ми беа интересни, сакав да ме учат нови работи и многу книги да читам. Мајка ми беше невработена тој период, а инаку професија и е професор и целосно ми се посвети тој период баш за да ме образува за се што ме интересира.
    Не ме форсираа ништо моите, дури се чудеа зошто сум толку сериозна на 4г, цел живот ќе сум учела (facepalm):rofl: ама па и не ми ја скратија желбата кога гледаа дека имам интерес да читам, учам и сум понапредна од врсниците.
    После милион тестови и разговори со психолог во школото и потврди од градинката кај што одев дека вистина се издвојувам од другите, заклучиле дека имам натпросечна интелигенција и сум способна да почнам 1во со генерација постари.
    Ама со тоа што системот не тера да учиме едно исто, мислам дека сум сега просечна како и сите, не го развив доволно мозокот, а можев појше. :rofl:
     
    На Moon.Girl, BlackMistery, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Зошто подобро за синко? Јас би сакала да има 6+ за во шлоло.
     
  16. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.615
    Допаѓања:
    161.144
    Пол:
    Женски
    И внучка моја е 5 год сега, во март ќе полни 6 год.
    Не ја запишаа сега прваче. И самата Не сакала. Мала била , така кажува и она , сакала уште во грсдинка да оди:).
    Она на тетка и се метнала .
    Јас во август наполнив 7 г и со полни 7 тргнав на училиште:)
     
    На eli25, cresa-jagoda, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.702
    Допаѓања:
    72.593
    Пол:
    Женски
    Ако на 5 и 10м е мало за школо, на 6 и 10м не е мало за цел ден во клупа? Имам внука која беше прваче, до 11,12 макс беше дома, цел ден пред неа пак за да може да има детство... Какво детство е тоа ако и на 6ипол седи до 4 во клупа? Мене синко би ми бил мал на 5 и 5м, ама за малава 5 и 10м го сметам како таман, тоа е веќе 6год. Да беше како порано океј ке ми беше да тргне на скоро 7, ама за оваа програма тоа е веќе касно.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    @kukla21 грешка си бајаги. Јас сум родена со твое девојче и тргнав во прво без полни 7. Значи наполнив тргнав со 6 и 10 м наполнив 7 во ноември. Така треба и нашите.Да почне прво со 6 год и 10 месеци ми е нон сенс :)
     
    Последна измена: 21 август 2019
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    Не можат сите да си дозволат да ги земаат децата порано од училиште, не сите имаат баби, дедовци или невработени родители. Целодневна е едиствена опција.

    Јас сметам дека се мали да одат на 6 години. Ќерка ми следната година треба да оди, ќе има 6г и 3 месеци, па пак сметам дека ќе биде малечка. Програмата им е обемна, од градинка, веднаш клупи. Недостасува забавиштето од претходниот систем. Прво одделение би требало да биде подготовка и да им го олесни трансферот од градинка во училиште. Ама кај нас, за жал не е така. Внука ми лани беше прваче, заспиваше на часови |-) си го бараше креветчето од градинка :D Да не зборувам за програмата, преобемна е!
     
    На azelea, cresa-jagoda, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    6 е идеално, ама 6 ипол веќе ми е многу, подобро малку порано. Пак ќе кажам зависи од детето, ако покажува интерес за учење нови работи, ако е понапредно во тој поглед не гледам причина зошто да не тргне со неполни 6.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.