1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.456
    Допаѓања:
    12.615
    Пол:
    Женски
    Овој веќе ни е втор, на еден рачката се скина, не ја даваше баш точната адреса ама даваше една улица подолу и ни беше ок. На пример ќе одат на излет и ние веќе знаевме кое време да се спремаме да го пречекаме затоа што знаевме каде е, во која околина се со учителката.
    Телефон никако не би му дала ама ова ни вршеше многу работа за некој паничар како што сум јас.
    Денес на пример се чувствувам избезумено, едвај чекав да го земам од школо и дремев во школо скоро еден час. :|
     
  2. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Во класот на ќерка ми има едно девојче со часовник, значи веројатно дозволено е, или па дека е само таа, не знам.
    За да се чувствуваш посмирено, нека го носи во ранец или јакна, само кажи му да не го вади и чепка. Сепак може треба и да прашаш за таа опција.
    Иако сигурно сам не оди до училиште и дома, а во училиште е безбеден, не излегуваат и онака надвор.
     
    На JoyJoy и anggell им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Кај што работам, дозволено е. Само како ќе влезат телефоните и часовниците одат во кутија, а кога си одат си ги зимаат. Кај моиве дечиња дозволено е, носат. Само моиве немаат сеуште ни тел, ни часовник.

    Дојде свекор ми вчера горе, да сме им купеле часовници. Ах си викам, тоа недај боже да се случува да грабнуваат деца. Ама кој ќе грабне дете, прво ќе истресе се од него.. џабе часовник, џабе се. Само да не се случуваат овие работи :(
     
    На mareane, mal.ecka, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    22.712
    Пол:
    Женски
    и мене часовникот не ми дава сигурност и затоа не сум ни заинтересирана.Прво мн лесно се вади од рака...За киднапирање нејќам ни да го помислам-све фрлаат од детето.
    Најсигурно за следење се оние tags од xaomi/apple, и детето да незнае дека му е прикачено(во патика доле)
    Но најсигурно е детето да се оспособи и научи на самозаштита:нема оддалечување од наставник,адресата да знае да си ја каже,тел.број..
    За страшните работи навистина несакам да мислам...
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. desperate15

    desperate15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.187
    Пол:
    Женски
    Денеска детево искочи од школо со солзи велејќи дека не сака да оди утре во школо оти учителката му се дерела зашто погрешиил и не знаел да напише и тоа неколку пати му се дерела. Вика него највеќе му се дерела :(
    Моето дете е навистина мирно, срамежливо, повлечено, она и самата кажуваше колку е мирен и паметен а сега му се дерела за ич ништо. Нели можела да му објасни убаво за тоа е таму да научи.
    Дали да разговарам, прашам што било работата, како би постапиле вие?
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Разговарај со наставничката. Не е во ред да се дере на прваче зашто не знаело нешто да напише. Кажи дека бил вознемирен.

    @anggell колку и да звучи чудно она што се случи е тажно и болно ама статистички гледано ретко кај нас се случуваат такви работи. Навистина ретко. Затоа и сите се распаметивме од тоа. А и медиумите кај нас играат огромна улога во кревање паника и претставување на работите тракви какви што не се. Плус ова со Вања не е ни класично киднапирање. Таткото има улога тука. Не правете паника таму каде што нема потреба. Децата се чувствуваат и реагираат на тоа.
    Инаку кај нас во училиште не дозволуваат нит саати нит телефони. Родители носат и земаат деца од школо нема поента да им се дава нешто што им одвлекува внимание. Тогаш кога ќе почнат сами да одат до и од школо веќе може. Чисто да се следи каде е детето или ако треба да се јави.

    Инаку со нашите ставови дека се е тешко, дека џабе им е се новите ПИСА резултати покажуваат дека сме ин направиле огромна штета на 15 годишниците. Ај што се резултатите на ПИСА ниски, туку децата во земјата се со многу ниски скорови на скала наречен развоен мајнсет, односно мислат дека успехот зависи само од тоа дали те бива или не, а не е поврзано со тоа колку труд вложуваш. Е ова значи дека како родители и наставници потфрламе. Место да ги учиме децата дека со труд се се постигнува ги учиме на дефетизам.
     
    На M.B., anggell и mariz им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.020
    Пол:
    Женски
    Веднаш би разговарала со наставничката. Слично ни се случи на почетокот во септември. Им дала во втора смена наставничката наставен лист со броеви до 20 и мојава не знаела, се збунила нешто. Огромен ИКС низ цел лист имаше со црвено пенкало и ја искарала, мојава како дојде дома одма кажа со плачење. Веднаш си реагирав, па дури и ми се извинија. Само никако со лошо, ќе јавиш и ќе прашаш прво што било, како било, како да постапите, каде заглавува и што да вежбате повеќе. Нека види наставничката дека се интересираш, со убаво да се реши се. Ако се искараш, ќе му фрли пик и ќе си имате мака...
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    Замоли ги прво другите мајки од класот да ги прашаат своите деца како се однесувала учителката.
    Прашај го детето, со кое дете седело денес кога се дерела и замоли ја баш таа мајка да го праша своето дете околу ситуацијата.
    Кога сме имале слични проблеми во градинка или училиште, обично децата различни верзии кажуваат, ама две деца ако кажат исто значи така било.
    Ако имаш потврда за ова од друго дете, посигурна ќе бидеш кога за ова ќе разговараш со учителката, зошто инаку би се потрудила да ти замачка очи (ама нееее јас само вака му реков, таман работа да се дерам...)
    Направи го тоа денес додека им е пресен настанот на децата. И секако потоа разговарај со учителката уште утре.
    Потоа прашувај го детето секој нареден ден дали била добра учителката денес, ако има пак слична ситуација обрати се на повисоко ниво.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Започнаа ли вашите првачиња со читање ,некако многу брзо ми се виде ова со учење на буквите мене ,викендов за домашна имаат да препишат текст од учебникот по македонски и плус со изучените букви да напишат по 3 зборчиња ,пишува се ама никако да научи да го прочита зборчето тешко му е многу ,незнам навистина како да му помогнам :?:
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Не учат читање се уште.
    Мислам дека се почнати со некои букви.
    Како што гледам повеќе се посветени на математика.
    Мада мојава почна со читање.
    И треба уште доста, ама сепак може да прочита и по неколку збора во реченица.
    Читање ќе учат во второ полугодие.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Кај нас некако фокусот е повеќе на математика изгледа. Букви пишување и читање во второ полугодие рекоа. Сега препознавање и изговор на гласовите. Рекоа дека им е важно сите правилно да ги изговараат сите гласови и ова полугодие работат на тоа и дополнително ќе известат родители ако некое дете има потреба од логопед. Во тетратката по македонски цртаат засега.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас, уште не почнале ни букви да пишуваат ни да читаат. И кај ќере мислам повеќе се фокусирани на математика, во тетратката цело време гледам само вежби пишуваам со собирање и одземање, а тетратка по македонски јас не сум видела.. учебникот им го дава за дома кога имаат песничка да научат на памет и тоа е се.
    Баш гледав во книгата и јас си мислам дека буквите ќе ги остават за второ полугодие:)


    А додека сум тука да прашам, дали сите дечиња собираат и одземаат на прсти? Гледам кога собира се крие кога брои на прсти да не видам јас, и викам дека нема потреба да се крие, зошто јас освен со броење прстиња не знам како да и кажам да собира и одзема.. на нас веќе ни е влезено во глава нели, ама на нив..? Како да и објаснам на друг начин? :D
     
    На JoyJoy и delvi им се допаѓа ова.
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Не. До сега интензивно вежбаа математика, неделава почнаа со А,Н, Е .
    Леле колку брзаат вашите. И на мојот му е тешко читањето, не се почнати во школо но со трите букви му пишував зборчиња и него не му е јасно што треба да прави :rofl:, пример чита АНА, и вика Ана, Ананас :rofl: Го чита ама мисли дека треба да додаде нешто,му се изнасмеав , душа :inlove:
     
    На mal.ecka, TarantulaA, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.537
    Допаѓања:
    289.021
    Кај нас школската година започна на 12 септември, имавме и недела распуст.
    Првиот ден после распуст, ненајавено, имаат тестови по математика, германски и природо ваљда ќе дојде третиот. Немаше отцени ама бодови и доле како цветчиња, сликовито прикажано кое цветче цвета, кое му треба бода да се наводни, кое е суво итн.
    Германски до сега ги имаат зедено
    А, Е,И,О,У, Н, М, Т, Ф, Л.
    Препишуваат зборови, работат со рими, слогови, препознавање букви, поврзување слика со збор итн.

    Грахомоторика и пишување цели страни при земање на нова буква/број.

    Почнаа и со читање на текстови. Сеуште чита бавно, ама секојдневно вежбаме и има огромен напредок за овие 1-2 недели. Очекуваат до Божиќ да знаат да читаат, така да ќе се вежба за распустот и е едвам дека солидно ќе чита и она.

    Математика бројки до 10, количини, одземање и собирање, разградување на бројките до 10, рачунање во пирамиди, поголемо помало.

    Природо изучува делови од растение, делови во недела со ориентација (неќна, вчера, утре, задутре), годишни времиња и во кое годишно време што има( на пример летање змејови да се поврзе со есен, вапсани јајца со пролет, Божиќ со зимо), месеци во годината, ориентација во денот(утро, претпладне, пладне, попладне, вечер, ноќ) заедно со активности за тој дел од денот.
    Секој ден имаат домашно по се, 1-2 страни по секој предмет, плус препораки да вежбаат читање. Кажуваат редовно вежбање оти следуваат ненајавени тестови. Кажано ни е доколку не е доволно педантно да бришеме, на ново да пишуваат.
    Домашното секој ден е барем 30минути, ако дете не соработува би било дупло/тродупло, плус и да се совладаат препораките уште пола час барем вежбање.
     
    На JoyJoy и emkaemka им се допаѓа ова.
  15. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Нашиве и математика одземање и собирање до 10 сработија до сега како обични задачи плус и на бројна права редовно и тест им дава еднаш неделно математика, ама и многу букви имаат земено А, Е,Н, И, М, О, С, Т, В.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.774
    Исто. Кај нас наставничката дури мислам форсира премногу. Цел текст за читање. Многу форсираат. Мојава плаче, не знае како да прочита.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    @elcezelce до сега имаат 7букви земено, пишуваат и читаат со нив реченици.
    Пример: "Мама ме има мене и ме ❤️", па срцето го цртаат.
    Сега се учи и мојов, нема предзнаење, ама ок му иде, чита буква по буква или во себе ќе прочита и каже, брз е во секој случај, па у брзање греши.

    Ние мака имаме со ракопис, ај со тоа, битно букви не пишува наопаку, ама колку е неуреден леле мори мајко, едвај запазува нешто, па кога требаше да почне точка да става на крај црташе едно кругче :D
    Иста сум била, уредност кај мене тек на факс бидна :tmi:

    Математика до 20 имаат земено.
     
    На mal.ecka, TarantulaA, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.022
    Пол:
    Женски
    Купете табела стотка (ние од Тримакс ја зимавме) многу лесно е за собирање и одземање. Иако, и со прсти не е грешка. Може и дрвени стапчиња во разни бои.
     
    На JoyJoy и NNK19 им се допаѓа ова.
  19. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Може да ми сликнеш каква е таа табела? Фала
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.022
    Пол:
    Женски
    Еве ја
    [​IMG]
     
    На mal.ecka и Asher им се допаѓа ова.