Нормално е на почеток на прсти да собираат. Па и првите задачи со собирање им се со броење (не е собурање два броја одеднаш). Потоа ќе собираат со бројна оска (она сликнатото погоре) па на крај вистинско собирање. Цело време ќе вртат собирање и одземање во прво одделение. На различни начини. И за премин преку 10 ќе имаат различни начини на двоење на броеви и слично.
@NNK19 купи сметалка, има и кутија за сметање во Просветно. Можеш и моливчиња, коцки да дадеш. Секако брои мојов и во школо исто, им дозволуваат и сметалки да носат, ако немаат, коцки им даваат, раце, небитно, сега учат. Мене пак ми смета што брои на памет, повеќе сум да користи и раце ако треба, ама он во глава смета, помагала повеќе користи за да му е поинтересно
Мајки, чисто онака да си споделам и да видам и ваши мислења. Можеби јас сум грешка, не знам. Немам изреагирано никако. Зошто не знам дали е правилно да реагирам за ова. На родителска се договаравме за китење за нова година, каде една мајка се пријави да донира елка. Другите кој може да донесе по 2-3 лампиона и дека ќе накитат. Во вторникот, доаѓа дете дома, и плаче. Вика денес китевме. Ама мамо ние што не однесовме лампион не ни дадоа да китиме. Викам ок мама, мислејќи дека нешто не сум разбрала или детево не пренело дома дека треба да китат. Се распрашав по мајки и ми викаат да вистина така прават, ако не донесе не кити. На прашање на учителката зошто не пишале кога ќе се кити, рече па ние не сакаме да наметнуваме, имаше многу лампиони .. Па ако имало многу, нели беше логички бар по едно лампионче да дадете на другиве да закачат. Ок ли е ова? Еве и друго девојче исто е луто зошто не и дозволиле. Уште мојава ми вика, мама не беше вака во градинка, сите китевме и да немавме однесено лампиони. Што е со селекцијава не ми е јасно?
Китењето на елка треба да е радосен чин за децата,а не да ги исфрустрира и натажи. Ајде ако не ,тие што не донеле лампион нека не ја ни гледаат елката? Во моето одд родителите купија елка и лампиони кои подеднакво им ги поделив на сите деца ,а тие што беа вишок јас ги закачив. Требало и вашата учителка да ги распредели на сите деца лампионите,па макар и по едно лампионче да закачат. Срамота
Сешто. На што личи ова. Двоење за елка, а понатаму може нешто поголемо да е. Еве мојата некогаш заборава да носи лепак или боички, па наставничката и дава. Зарем ќе и вика или растажува. Срамота за некои наставници, не заслужуваат да работат со деца.
Лошо. Кај децава немаше такво нешто. Сите китеа. Што е битно кој донел лампиони? И прибор си делеа. Еднаш помалиот син заборавил да ми каже да му ставам темперни боици во ранчето. Па други деца му дале од нивните. И на моите сум им рекла да даваат ако другарчето нема. Можеби некои деца немаат лампиони дома. По тоа ќе се делат? Многу се нервирам вака. Да се реагира кај учителката. Срамота вака да ги двојат.
Не знам што да кажам, однесе лампиони вчера и китела. Бог да чува Сериозно помислив дека е некаква грешка, дека детево погрешно ми кажало. Ама не, еве девојчево друго, истите зборови, исто лута и тажна. Подобро воопшто да не им дале на децата да китат туку само наставничките да накителе.
Лани едни родители донираа елка а други донираа лампиони и украси, па сите китеа. Глупости! Јас им правев декорации, зар не треба другите да ја гледаат декорацијата ради тоа?
Јас да сум на наредната родителска средба пред сите родители би го поставила прашањето на учителката зошто ги деле децата или дали не ѝ е жал што децата заради тоа се тажни и плачат и дали и понатака така ќе ги дели децата. Срамота, ептен се изнервирав
Јас би поработела да се потсетува да кажува дома. Моето често заборава и плаче у 5 за 12 и му викам Нема, да кажеше на време ќе имаше, сега нема... А често има пример и носам без да знае кај наставничката и му вика дека сега ќе му даде ама следен пат нема да се сети да каже дома. Пример материјали специфични. Они ги учат да кажуваат дома, не е дека нема да им дадат, ама мора да запамтат да пренесуваат. Нас не ни дозволуваат ни да препишуваат едно од друго пример. Еднаш имаше 10 реченици да ги препишат и да ги препишат во тетратка на ракописно, арно ама им кажала имињата да си ги измислат и дејствијата, пример Јана пие сок од боровинка, и моето си ги напишал печатно со негови имиња и дејствија и дома да препише ракописно, ми се јавува мајка вика дај сликни од твоето да препишеме ние. И пратив нормално без да знам и на крај на детето домашното беше оценето со тажно смајли поради тоа. Добро е да се учат да пренесуваат информации, сме се научиле се на сервирано на децата и арно пиша Џој џој, после деца најниско рангирани зошто напраивме да не памтат ништо.
За тоа се согласувам. Но овде проблемот е што учителката му рекла на сопругот, абе ние знаете не кажавме зошто има премногу лампиони и немаме потреба. Оваа е слободна активност, не е нешто поврзано со учењето. Комуникацијата со нас родителите скроз им е на 0, само официјални соопштени ни праќаат. Да не сме ги прашувале, какви биле децава во школо. А еве јас имам со малата реален проблем, а со нив тешко се воспоставува контакт.(не со китењево)
Молам? Убаво ли прочитав? Во превод не ме замарајте. Ау страшна работа. Кај нас учителката сама си кажува кога можеме да одиме да видиме што прават децата во училиште, на родителската ни ги даде книгите и тетратките да ги разгледаме, оти не ги носат дома. Ова вашиве многу на ниво учителки бре
Како не. Должност и е да каже. Можеби некои родители претеруваат. Јас досега два пати на родителска сум прашала, еднаш кога го земав. Кажуваат . Но знам дека има родители што се качуваат на глава.
Да да, демек немојте да не прашувате како се децата во школо, ако мислиме дека треба нешто ќе ви кажеме ние. Ептен дека јас прашав за моето, па разврза муабет, иначе толку и од тоа дека ако има нешто сами ќе ни кажат. Еве ја уште не збори со возрасни, ниту со учителките. Јас да не прашав, како загрижен родител, они тешко дека сами ќе ми кажеа, еј мајка абе вака и вака детево.... Мада ова беше кажано и зборено на упис, што многу ми влеа надеж. Ама ништо ...
Мајки на првачиња, еве скоро 3 месеци и више како имаме дома првачиња. Кој е вашиот впечаток од она што децава до сега дома ви го пренеле од тоа каква е дисциплината во училиште, во смисла на тоа дали меѓусебе се закачаат, дали се жалат дека некое другарче ги удрило, се степале, бутнале, на физичко во училница... Општо ме интересира како стоите на ова поле, бидејќи од она што го слушам од малиов, кој знам дека не ме лаже, не ми се допаѓа баш. Сме биле и ние деца, основци, имало се и свашта ама првачиња да бидат агресивни, немирни некако ми е чудно. Немам инфо реално освен од малиов, ама му верувам знам дека не лаже. Стварно не знам што е нормално, што не. Ако може да споделите мислења/искуства.
Каква е таа надменост и вообразеност? Која и целта на учителката, од табула раса да направи одличен ученик или како роботи само да ги поминува низ материјалот,па кој научи -научи? Нормално дека треба да ве информира за постигнувањата и дисциплината на учениците Со цел ако некое дете побавно ги усвојува стандардите и не се снаоѓа со материјалот, да знае родителот каде да обрне внимание. За дисциплина верувам дека ќе каже ако има нешто спортивно од училишните правила. Можеби твоето дете нема никаков застој и е примерна ученичка,но сепак не е тешко и да каже два три збора да ги потврди тоа. Инаку околу пренесувањето дома, на групата на моето дете во градинка уште од лани од 3г. Учителката им кажуваше што треба да донесат во градинка(пр.листови есенски,овошје,зеленчук). Моето дете ми пренесуваше дента кога веќе ќе ја направат изработката денес требаше листови да донесеме. И се учиме,му кажувам дека однапред треба да каже,па се надевам до прво одд ќе научи. И ако не донесе некое,тие што донеле ќе поделат и на тие што не носат,никогаш никој не бил дискриминиран. А за првачињата,во прво полугодие домашна(вежби) и потребен материјал за часовите им кажував на родителите,потоа им најавив и на учениците и на родителите дека од второ полугодие ќе им кажувам само на децата. Имаше и такви деца што не пренесуваа дома, но се научија и тие до крајот на училишната година.
Ама кажува она во глобала. Не да ја фалам, ама она е многу амбициозно дете. Кажаа дека ќе им требаат во второ полугодие пластелин, она уште од сега го носи, зошто учителките кажале. Не си дозволува грешка. И мене се ова ми е шок. Се плашат родителиве да прашаат нешто, сериозно ви кажувам. На родителска што ќе кажат општо за сите деца, и тоа е тоа. Добри се, малце дисциплината, ова она... Не можам да зборам веќе, се нервирам.
Јас за вакво нешто голема би ја направила На што личи тоа да ги двојат децава уште од мали? Како ќе се научат да делат, ако вака од мали се учат од учителките? Да не зборуваме како им влијае на психата ваквата поделба! Страшно!!!
Психата сега е неќам во школо.... Една мајка ми кажа дека не било селективно ова, демек така сите правеле... И од таа причина побарав совет овде. Викам ај да не сум јас лудата што ова ми е неприфатливо.