1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    37.017
    Пол:
    Женски
    Каде правеле така сите? Ова прв пат слушам. Јас, за ова (особено што детето сега и не сака во школо да оди) би се обратила до психолог и педагог, најискрено ти кажувам. Не е мала работа, да му создадат одбивност на детето.
    Ние лани имавме ситуација со ќерка ми, не сакаше во школо да оди, заради наставничката. Со месеци се оправавме додека не се опушти.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Тие родители што имаат поголеми деца во школото, демек да така прават.
    Искрено јас учев во тоа школо и никогаш ама никогаш не било ваков случај.
    Среќа некако се стабилизира детево.
    Ама еве и она и другарка и, се осеќаат повредено.
    Нели, не би бил истиот муабет од две деца од 6 години, ако измислуваат или претеруваат.
    Не ми дадоа да китам, сега не сакам да носам лампиони.
    Ако не сакам да китам, не морам.
    Револт страшен се ствара.
    Не знам, ми викаат е па ова е школо не е веќе градинка.
    Ама сето тоа е ок.
    Со нешто се согласувам. Како на пример дека е построго, дека треба дисциплина, дека нема отсуства зошто нас така ни текнало или и се спиело.
    Ама за некои работи сметам дека се уште се мали.
    Никое ништо не јаде, живи гладни се.
    Гледам никој од родителиве не се буни.
    Зарем сум изрод некој јас.
    Па не сакам да зборам многу, да не ми го земат на тапет детево.
    Ич не знам како да се понашам.
    Не знам бе, во градинка значи не се двоумев ништо да прашам.
    Абе сум се советувала како со мајка што се советувам.
    Ова не знам што е.
    Едино позитивно е што апсолутно никакво насилство не толерираат, и веднаш се превземаат мерки.
    Друго ништо не сум задоволна.
     
    На Selest и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    2.931
    Пол:
    Женски
    @Цвет88

    Не, не си луда, никако не е ок тоа со лампионите. И 15 лампиони да биле, а 20 деца пример, кога ќе стават 15 деца 15 лампиони, учителката би требало пак да извади 5 и останатите 5 деца да добијат шанса да ги стават на елката. Или барем некој цртеж да нацртале па да ставеле, не знам, има начини да не се чувствуваат изоставени. А тоа може имало за сите деца да стават по еден лампион. Навистина срамота за учителката.
    Кај мојата се случи до сега 2 деца да си ја заборават храната дома. Учителката ги прашувала другите деца кој сака да подели храна со другарчето и децата давале кој што има, па она дете што нема храна си одбирало. По логиката на вашата учителка требало тоа дете да остани гладно.
     
    На JoyJoy, mal.ecka, Lady*Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Остај тоа. Одат родителиве и се лигават на наставничките. Коа ги зимаат децата се упикаваат а на родителска друга песна. Као “мирни” сите, а после гледаш први пријатели со наставничките. Така да не лежи на тоа уво и прашувај си и реагирај си.

    Како да научиме да читамееее ?
    Па и диктати почнаа :|
    Математика му идеше супер, за ова плачки , а и го гледам под стрес е дека мора да знае , се нервира ако нешто незнае (facepalm)
     
    На JoyJoy, azelea и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.811
    Пол:
    Женски
    Во прво диктати?
    Мојава научи сама, уште не учат читање.
    Не дека сеа перфект чита, ама сврзува реченици, некаде ќе згреши, ќе го лупне од памет зборот, ама не ја терам, еднаш неделно обично за викенд кога проверуваме книги и кажувам да ми прочита нешто.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.009
    Диктати?
    Кај нас после прво полугодие ќе почнат со учење букви:smirk:
     
    На JoyJoy и forumce им се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.725
    Допаѓања:
    40.109
    Пол:
    Женски
    И кај нас во второ полугодие ќе ги учат буквите
     
    На JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    И јас нели барав помош за читање пошто и на синко никако не му оди сите букви ќе ги каже буква по буква ама зборот никако да го сврзе, ми дадоа совет вака сите согласки со ги имаат учено да му ги напишам со самогласка како слог од две букви и прво така да пробаме да учи да чита така било полесно па ќе пробам така викендов.
     
    На JoyJoy, azelea, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Овие сега почнаа букви(А,Н,М,И,Е).
    Наставничките рекоа преку имиња као најлесно се учело ;Ема,Мими, Ана….
    Еве не му оди пример ќе му речам пиши Ема, не разбира која прва, која втора буква, лупа без веза. А имале диктати и ќе имаат :(
     
    На JoyJoy, VDT2906, elcezelce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Кај нас диктат сеуште немале, ама имаат земено многу букви (А, Е, И, О, М, Н, С, Т, П, Д, В) минатата недела имавме за домашна да препише текст и по 3 зборчиња да напишат, а оваа недела по 5 реченици што реално е многу(facepalm)
     
    На JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    И син ми викендов со овие 5 букви им дадоа по 5 реченици :(
     
    На JoyJoy и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.115
    Пол:
    Женски
    Јас не го форсирам, не планирам да му набијам страв од школо. Прво полугодие реално е адаптација, некои деца сега наполнија по 6 год, стварно не знам за какви диктати станува збор, кога децава до пред 5 месеци во градинка одеа.
    Јас уз игра пробувам, пр.шетаме, глеаме интересен билборд викам ај почни буква по буква да кажуваш (пошто сите букви од азбуката ги знае)и пробај да го кажеш целосно, гледам тешко му оди, ама не се откажувам, следно е тоа да почне да поврзува зборови, иако и во училиште не ги форсираат и стигнати се до некои 10тина букви.
     
    На mal.ecka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно се уверив дека прерано почнуваат во училиште со сериозни обврски. Моето лани беше прваче, не му беше лесно ни нему, ни нас. Со таа програма што ја форсираат, не е лошо да се почнува со седум години. Оти лани колку што не беше заинтересиран и се мачеше со училиштето, годинава е сосема друга приказна. Без проблем седнува да пишува домашни, да чита, да вежба, памети што имаат да сработат дома, а лани сѐ беше со молење и плачки. Можеби е моето дете такво, ама дефинитивно мислам дека 6 години (некои и со неполни 6) е прерано за почнување на основно училиште.
     
    На elcezelce, anggell, mal.ecka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Сакам ваше мислење ако може. Поголемово е прваче сака да оди во училиште не прави проблем се здружил со децата све ок..но на час не сака понекогаш соработува не пишува не учествува на часот. Не дека не знае туку ете...има одбивност за пишување иако ги знае буквите и бројките до 10 и повеќе како да нема мотивација ( и учителкава не е баш нешто многу заинтересирана и другиве родители се жалат). Оди на логопед заради буквите Р, Л со друго нема проблем. Имаат две деца со посебни потреби од 15. Е сега заради ова детево според учителкава е ставено како да е со посебни потреби...Дете право здраво значи јас не можам да скријам ако има некаков проблем носено редовно на педијатар, вакциниран одеше во градинка, социјализиран никој ништо ми нема спомнато и посочено. Детево уште од 4 години ги знае буквите, бројките, боите и на Англиски дури и да го прашам на Англиски нешто ми одговара на англиски. Само заради тоа што ете некогаш е незаинтересиран, а и има нејзини миленичиња на учителкава што другите не можат да дојдат на ред. Родители приметиле и дека ги дели по национална основа има деца и од Албанска, Ромска и Бошњаци кој не доволно добро знаат Македонски и она не се замара ги тргнува на страна. Ми се јави педагогот дека на моево и на дечињава од другиве националности ќе им правеле проценка од дефектолог и логопед. Како може без мое знаење да му лепи на детево дијагнози како да постапам? Немам јас проблем со проценката, таа му беше направена и во градинка туку давањето на дијагнози од страна на учителкава.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.409
    Допаѓања:
    18.647
    Не те разбрав убаво.
    Што прави детето твое што не е типично за останатите деца за да учителката се сомнева дека има посебни образовни потреби?
    Освен што некогаш не сака да пишува? И што лошо ги изговара гласовите Л и Р?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Ништо освен што понекогаш не сака да соработува, т.е да пишува. Кога ќе го праша усмено знае оди на логопед само заради гласовите Р и Л. Понекогаш е немирен зборува на час ама не е само тој, има деца кој се закачаат и тепаат. Не знам што и е причината.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Можеби само сака да го исклучи "моментот" бидејќи не соработува на час.
    Можеби прави некои мимики, гестови дури трае "протестот", се однесува поразлично од групата, па тоа ја загрижило.
    Само наоѓам причина..

    Лично би отишла да разговарам со неа и да ми каже што е тоа што ја навело кон тоа дека моето дете е со посебни потреби.
    Не е спорен дефектологот, туку причината.

    За другото, дека ги дели децата според Х поделби е многу сериозен проблем!
    Треба да се реагира.
     
    На H.VAGA, azelea, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Ќерками е трето. Во прво одделение се намачивме со читањето поточно и во второ се намачивме. Толку и дојде преку глава што не сакаше да седне да чита...и ја оставив не ја терав, само тоа што и беше за домашна и за учење, ништо повеќе. Реално многу се мали и рано почнуваат со читање. Се сеќавам за синми тој почна со читање второ одд, второ полугодие и беше многу полесно. Не ги форсирајте ќе почнат да читаат еве ја сега трето одд сама чита, сама си зема за да научи, да напиши...некако како да се разбуди. Мали се уште им се игра.
     
    На Lady*Bug, eli25, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Бев кај педагогот ми објасни дека е заради непишувањето, навистина има одбивност да пишува но имам забележано дека кога седи до дете кое пишува, пишува и тој. Он седи до дете со аутизам немам ништо против се дружат и после часови. Работата е тоа што детето исто не соработува на час почесто и не пишува и мојов го имитира...знае и да го удри често да го закача. Ако гледаш дека кога двајцата седат заедно и го реметат часот раздели ги не ги ставај да седат заедно. Тоа и педагогот го кажа, имаат уште едно дете со посебни потреби оно е многу поназат интелектуално потежок случај. Иако кажаа дека ќе има посебен наставник сеуште нема, а наставничкава не знае како да се справи со нив.
     
    На SummerGirl, emkaemka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Значи го имитира другарчето со аутизам и се однесува како и тој, претпоставувам поради тоа е и препораката да се направи повторна проценка на детето.

    Не можат да ги разместуваат и до негоглед, можеби смета дека баш они двајца се супер спој бидејќи и приватно се дружат, а другото детенце потешко се вклопува, не го прифаќаат поради причините.
    Факт е дека не е во ред дечиња со посебни потреби да се без придружба, ама тоа е друга тема.

    Мој совет е да го учиш синчето да не прави како другите, да учи за себе, да го стимулираш, награди, казни.
    Ретко кое дете и не пружа отпор, многу се мали, баш убаво пиша Анат погоре.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.