Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Распрашај се убаво дали имаат право они да прават проценка. Речи им ,јас ќе го носам во Симпо да правиме проценка но ако детево ми е здраво ќе ве тужам. Дете здраво право они да ми прават дека не е , е богами ќе видат. Башка имаат куп работа нека работат нешто не да си играат мајтап.
    Плус ништо посебно не прави од другите, немирни се сите, кај син ми поготово девојчињата тоа не е причина.
     
    На TarantulaA и VDT2906 им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Што да ти кажам , правеа диктат во петокот и кога му кажале дека му е неточен одма му се прилошило и повратил…. Детево има притисок да научи , цело време вели тој и тој знае да чита јас незнам, никако да го опуштиме. Сто пати му кажавме дека ќе научи, големо чудо ако незнае, ми се оди учителка по македонски да му платам .
     
    На TarantulaA, Coco31 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Јас скандал би направила за вакво нешто.. Нема да ми го носат детето на проценка па нека им е последно, ако јас сметам дека треба ќе го носат, а само така, од чиста мира, има од ѓубре подоле да ја направам наставничката, и неа и психологот, и дефектологот..
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    13.610
    Пол:
    Женски
    Е да бе, во Центар за ментално здравје да си го носиш детето и тоа кога знаеш дека е здраво и нема застој во психомоторниот развој, имаат ли они памет?
     
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Дали повеќе/подобро говори англиски од македонски?
    За почеток тргнете го англискиот веднаш.
    Како е незаинтересиран?
    Не соработува,нема фокус или има но одбива да пишува?
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.752
    Допаѓања:
    38.547
    Пол:
    Женски
    Никој никого не присилува на ништо. Без потпис не смеат да прават проценка. Јас моите ги носев на проценка, а немаа проблем.
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.407
    Допаѓања:
    18.647
    Види ,едно е учителката да се посомневала на нешто па да ги повика стручните служби за да си потврди дека можеби има некаков проблем. За да знае понатака дали да го извести родителот.
    Друго е детето да го прати само кај нив на проценка и анализа. За тоа треба да биде известен родителот,а на тебе ти се јавиле и ти кажале.

    А каква проценка се прави во градинка, на сите деца?
     
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Не реков да го носи туку да им стави на знаење дека не е од вчера.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.992
    Допаѓања:
    13.772
    Што им е на наставнициве бе? Проценки без консултација со родителите, не даваат да се кити елка. :@ Дали си земаат замав оти знаат дека ние како родители молчиме за да не удрат пик на детето. Морее, јас тоа се би набркала.
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Види проценката не е смак света. Некогаш ние не приметуваме нешто , и можеби е најдобронамерно , општо зборам, но ако треба да се прави проценка јас би го однела на друго место од проценка до проценка разлика има.
     
    На Coco31, Sofi.ja, LiquidLuna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    На училиште имаат право да пратат дете на проценка. Тоа е во најдобар интерес на детето. Ако видат дека има одредени тешкотии подобро е да се реагира на почеток за да се види што е проблемот и да се пружи соодветна поддршка.
    Дали во конкретниот случај треба проценка не знам. Може на детето му е само досадно ако веќе знае да чита и пишува, а може и е под влијание на други деца.

    @eli25 мали се за диктати. Кај мојот дури во второ полугодие букви учеа. Првите диктати не беа збор да каже наставничката туку им диктираше буква по буква. Тие само требаше да проценат кога еден збор завршува и да остават место. Програмата ич не вика да научат да читаат во прво полугодие, тоа е пренапорно за децата. Наставниците си ја извртуваат очигледно. Ако сакаш да му помогнеш имаше порано на Скампер игра баш за да „сконтаат“ како оди поврзување на букви во збор.

    [​IMG]

    Не знам дали уште ја има во продажба. Ако не има и од Биби слична игра со карти (таму се сликички од ликовите од Биби и Боби и има прва буква или неколку веќе ставено на картичкаа детето треба да дополни со други). Исто така играјте на буква на буква и слични такви прво ментално да почне да ја сфаќа логиката.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Сега те прочитав за твоето и мојов е таков се плаши да напише зошто мисли ќе згреши и се кочи, понекогаш буквално се молиме за да напише по 2 саати еден ред. Дете носено редовно на педијатар, одеше во градинка не е запоставен за никој да не примети ако има нешто. Бев кај педагогот рече дека тие биле за да детектираат што е проблемот што не сака одбива да пишува.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mece23

    mece23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2013
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е, истото го поминав со ќерка ми. Таа се нервираше, се повлече во себе и јас се нервирав. Никако буквите да ги поврзи да прочита збор...и еднаш реков доста е и ја остадов само обврските редовни што беа домашна и за учење тоа што беше. Ако сакаше сред пишење да стани да игра ја оставав, прелинувавме. Само не му викајте, да не се осети и дома дека е толку лошо што не му оди читањето. Ќе има неуспешни диктати и тестови и читања ама сепак се прво. Мали се некои дечиња ни 6 години немаат наполнато. Еве баш сега во моментов раскажува лектира мојава. А ноќи не спиев се сеќирав дан не научи воопшто. Среќа наставничката со убаво разговараше со неа и никогаш не направи да се чувствува помалку од другарчињата. Еден ден кога наставничката ми пушти видео како сама чита незнаев како скокам наоколу...тоа беше негде крајот на второ одд. Само трпение и без нервози. Ако сака да игра нека игра, ако не сака да чита ок дајте му време. Еве ја сега станува од сабајле и за викенд нека е вика " ајде мамо јас земам да учам" ко друго дете да имам сега.
     
    На Coco31 и eli25 им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Одбива да пишува и некогаш е немирен на час не внимава зборува. Кога ќе го прашам зошто вели досадно му е.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Во градинка беа од завод за слух и говор и тогаш ни посочија ( што и ние бевме секако свесни но све викаа рано е кога прашувавме) дека има потешкотија со гласовите Р и Л. Си оди на логопед има мал напредок но уште е рано.
     
    На Sofi.ja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Напоредно ги знае не ги греши си зборува убаво македонски.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.923
    Допаѓања:
    203.178
    Пол:
    Женски
    Чувајте си ги тие стереотипи за вас, доста со предрасуди. Центарот за ментално здравје не е само за болни, и за психофизички здрави деца е. Трескате по темиве колку да се пишело нешто |(
     
    На kalinaka, forumce, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Ништо не е страшно тоа, мали се.
    Но ако продолжи со исто однесување следете затоа што многу деца денес имаат проблем со внимание.
     
    На mal.ecka и VDT2906 им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.856
    Допаѓања:
    41.156
    Пол:
    Женски
    Тоа што веднаш се сфаќа ваква проценка како навреда доста зборува за нашиот менталитет, односно за твојот. Ако има детето одредени предизвици секако дека во негов најдобар интерес ќе биде да се увиди и на време да се работи во согласност со неговите потреби(патем и деца кои не стасуваат да бидат во чекор со другите и деца кои се на спротивниот крај т.е се напредни спаѓаат тука), наместо да се игнорира и да му биде прво нему тешко. Јас кога учев не беа популарни вакви работи па часовите беа каша попара бидејќи концептот на класичната настава не ги зема предвид сите различни начини на кои на човекот му работи мозокот.
     
    На An-na, JoyJoy, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.192
    Допаѓања:
    124.695
    Така ни претставија на родителска. Еве денес пак иста приказна од петокот. Јас се нервирам за него , несакам толку да е оптеретен. И лани во истото училиште имаа во 1во диктат. Зборев со некои мајки, можеби од училиште до училиште има разлика, незнам.