Јас мислам дека тука лежи проблемот.Тоа што го работат на час на него му е надминато и му е досадно.Тој знае дека знае,и може отпор покажува со тоа што одбива да пишува.Јас работам со деца со посебни потреби,не е исклучена веројатностс дека го имитира другарчето со аутизам.Тоа се мали деца,често копираат туѓо однесување,поготово ако им е интересно тоа што го прават.Многу рано сте ги научиле некои работи,и сега на детето му е досадно на час и стагнира,не напредува пошто тоа ниво го има веќе совладано.Според се што пиша не стои дека детето има проблем со психичкиот развој,туку напротив од што е напреден покажува еден таков да речиме револт.
Добро вечер мајки на првачиња, пред се среќни празници. Имам прашање, дали при упис на првачиња за да посетуваат целодневна настава се потребни потврди за двајца вработени родители( за во Аеродром конкретно прашувам , ОУ Љубен Лапе)?
Женски, потврдата од очен доктор колку време може да е стара? Сакам да го однесам малиов на преглед ама да не испадне да треба два пати да го носам. И може од приватен, така?
Мислам рокот беше не постара од 1месец. Зависи од школото дали може од било каде да се достави потврдата, во некои бараа строго од државно, на други им беше битно да донесеш само потврда.
Не чекавме "сите" Забна потврда извадив од неговата матична, а на очно го однесов на приватно каде јас сакав. Затоа треба да знае што училиштето бара, сите се своја политика. Некои и без потврдите не ги ни запишуваа децата, додека јас накнадно ја однесов таа од очно, во август.
И јас ја носев во август, ама мораше да е од државен доктор. Затоа и тогаш ја однесов, немаше термини... од забен исто неможеше во нашево од било кај, ниту од матичен.. мораше од Автокоманда амбулантата. Повеќето беа така да не е од приватен доктор, е сега тоа да.. секој со своја политика.
Да се спремам за непотребно замарање значи. Зошто па потврда од матичен стоматолог да не им е валидна Јас се јавив вчера да закажам и баш тоа ми рекоа, да прашам во школото дали признаваат од приватен. Секако закажав, се надевам дека симптомите му се од замор, ама во секој случај сакам да биде прегледан од тој доктор. Ако им е важна таа потврда од државен отпосле ќе закажеме термин само за потврда, јас не би се потпрела на тој преглед.
Јас лани спремив комплет документи па не го запишав, сега ке вадиме наново.Во мај мислам беше првиот упис, кај нас имаше посебно термин за вадење потврди за првачиња.
Обавезно да го однесеш чим си воочила нешто, таман работа до мај да чекаш ради упис, важела/неважела, битно е детето на време да се дијагностицира.
Здраво Дали некој знае дали можам детето да го префрлам од едно во друго училиште во општина Аеродеом? Со кого треба да разговарам да знам кои документи ќе ми требаат и дали ќе ми се одобри? И доколку има некој родител чие дете оди во ОУ Александар Македонски ако може да ми пише пп. Фала
Училиштата запишуваат ученици според реонизација. Секое од нив има реон дури и во рамки на општината. Е сега ако има место во училиштето може да се прими и дете надвор од реонот ама тоа р на училиштето да одлучи.
Дали тоа значи дека исклучиво со директор треба да разговарам за дали би го примиле детето во тоа училиште?
Сите деца што се родени до 31 декември 2018 немаат право на избор,мораат да одат,освен ако нели проценат дека треба да паузира уште една година.А од 1 јануари 2019 имаат право на избор дали сакаат оваа год или не.
Јануари од другата година бираат. Мојот е јануари 2018г. Оваа година мора задолжително да тргне (лани можевме да поднесеме барање за да го примат)
Значи само тие од јануари имаат избор дали ќе тргнат со полни 6 или не? За сите други е задолжително според година на раѓање
Моето е родено на 30.12.2017 законски требаше да се запише оваа година ама од училиште ни рекоа дека за деца од декември и јануари имаат толеранција, сами да одбереме дали сакаме да го запишеме, бевме на редовниот упис во мај ни рекоа како сакате, размислете ако решите да го запишете можете да дојдете во август ако не може и догодина.Јас одлучив за догодина и не се каам, иначе детето ми е многу интелегентно нема никаков проблем со развојот , веке знае и да чита по малку, пишува, бои,црта,собира и одзема, знае многу повеке од тоа што е предвидено за прво одделение само е темпераментен многу и сметам дека не згрешив што одложив.
Незнам нашето училиште така кажа т.е директорката.Дај боже да толерираат и декемвриски деца ама мислам тоа не е ни законски.А некаде запишаа поради која причина не тргнало годинава?Да не стои во наод дека е темпераментно и не спремно?