Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Моето мало е 29ти, баш прашував во општина колешката и ми рече дека нема толеранција и на 31ви декември да е. Едино во школото можат да ти кажат дека следна година одлагаат, тебе ваљда од школото ти завршиле работа. За јануарските деца уствари има толеранција.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    И јас вака знам дека е.Буквално ни фалат 15 дена за избор ама тоа е.Претпоставувам ни едно училиште не би ризикувало да направи таков прекршок.Знам многу луѓе што на тој начин направиле детето да им почне следна година,најчесто е нема концентрација или проблем со говор,само јас несакам нешто да му се провлекува 9 год во досие само за да почне една година покасно.
     
    На JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  3. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Во мојот град одложуваат упис, ако разговарате со стручна служба ќе ви кажат дека треба да се врати она со полни 6 во училиште во септември, минимум, а препорачливо и поголеми.
    Има начин, само треба да ве упатат ;)
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Е на кој начин де,они секако мора да оправдаат зошто детето не тргнало.Значи они како причина не смеат да наведат дека е мало,тукаа станува збор за спремно или не.
     
    На Sofi.ja, JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Јас земав обична потврда од матичен лекар на која пишува без дијагноза и особености, само долу во заблешка матичната напиша се препорачува да тргне на училиште со наполнети 6 години, ама и тоа не го земаа во училиште рекоа нема потреба.Се работи за училиште во Куманово можеби во Скопје е построго, распрашајте се со време.
    @AngelOfArh
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  6. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.639
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на одговорот
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Jaс те разбирам скроз, не велам дека не било така, ти верувам, ама во нашето школо стрикно нема теоретски шанси да запишат дете ако нема потврда од невролог или детски психолог. Мене ме интересира дали мислиш дека сега е спремно, дали темпераментноста се смени?
     
    На JoyJoy, mal.ecka и macalavica им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.730
    Допаѓања:
    77.018
    Пол:
    Женски
    Построго е. Треба да се оди на проценка, па таму да пишат дека детето неможе да тргне поради тоа, тоа и тоа (мора причина да се пише) и дека се препорачува да тргне следната година. Бар вака ми кажаа други...
     
    На JoyJoy, macalavica, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Да, и следна година ги оценуваат по специјална програма бар првото тромесечје додека се тргне таа “дијагноза“.
     
    На JoyJoy и mariz им се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека нема да имаше проблем и да тргнеше и годинава, еве сега оди на логопед за буквата р и по 45 минута имаат час на кои седи мирен, соработува, дома знае да седне да со лего коцки и да се внесе подолго време, или бои, ама после зоврива трча,скока, во училиште ми рекоа дека тое е карактер дека такво е детето дека ке биде темпераментен и поголем,дека штом може да бои или да седи во место подолго од 30 минути нема проблем со концентрација или хиперактивност.Исто ни кажаа и на логопед таму работат со секакви деца, едноставно детето е живо, многу е зборлив, не се срами, весел е, бучен јас си го викам торнадо, и буквално е таков.Ми рекоа дека таков темперамент е баш типичен за многу интелегентни деца да не го саботираме.
    А за уписот на крај испаѓа дека се е политика на самото училиште, ете кај нас е така, видете прашајте во училиште со време,секаде е различно изгледа, зошто би ваделе потврда од невролог или психолог за здраво дете, глупост е тоа навистина, на крај прашајте дали може со потврда од матичен без да му се лепат дијагнози на детето, или сменете училиште.
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Не може со потврда од матичен, тоа сигурно, ама може школото да каже Ова дете не е спремно. Детенце од одделение кај моето пробаа претходната да го запишат заради одреден наставник ама не успеаа, го одбија на некој начин.
     
    На JoyJoy и macalavica им се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Значи сепак е до училиштето.
    Јас лани баш барав информации на оваа тема и спремив документи за упис бидејки немав намера да го носам детето на никакви проценки од психолози или да му лепам дијагноза, отидовме на редовен термин за упис и таму му дадоа лист да црта , имаше психолог, дефектолог и учителка, и јас прашав дали има опција да тргне другата година со полни 6 бидејки е на 30.12, ми рекоа дека законски само јануарските деца можат да бираат ама дека училиштето имаат толеранција и за декемвриски дечиња.Ми рекоа размислете до Август па ако се одлучите дојдете тогаш ако не може да си дојде и догодина со полни 6.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е, училиштето ви излегло во пресрет. Имаат опција да ве одбијат, ќе пробам и јас на таа карта кога ќе треба да тргне малово. Кај со неполни 6 да иде во школо, греотички, на 5г и 8м у клупа, боже сачувај. Големиот немав мака, со 6 ипол беше спремен, па и со 5ипол, компјутер му е мозокот, не знам како може толку да резонира, да учи толку многу, ама ете, а малово, малово да е живо и здраво.
     
    На macalavica и JoyJoy им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    @macalavica по закон мора сите деца родени во Декември да тргнат во школо. Одлагање има само за дијагноза некоја. Школото го крши законот.
     
    На simona_baby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.263
    Пол:
    Женски
    Не, има право да одбие дете како недоволно спремно за во градинка, еве ви кажувам за стрикно пример дете кое можело да бира да оди во школо со 5ипол нели и е одбиено зошто прво било многу мало и ситно, ќе се изгуби во групата, после недоволно психички спремно за поимот школо. Има многу родители кои ги форсираат децата а се неспремни, има право школото да ги одбие. Така ни пренесе на нас мајката што се обиде да го запише детето порано зошто сакала да ја фати таа учителка која била наводно многу добра а таа година ќе зимала прваче.
     
    На Алек*** и macalavica им се допаѓа ова.
  16. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Точно, затоа и при упис има присуство на психолог, учителка, дефектолог, тие разговараат со детето, го потпрашуваат да видат како се однесува , како разговара, и сепак си зависи од самата служба на училиштето, ете во нашето има толеранција, моето нее е единствено дете кое не се запиша има и други другарчиња од градинка како него родени во Декември кои не се запишаа, сега се пак заедно во градинка.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Има право ама мора дебело да образложи зошто не го прима детето. Искучок од ова се деца родени во Јануари кои може полесно да ги одбијат (само со проценка на психолог/педагог). Ама тие родени од Јануари до Декември не смее да ги одбие. Тие мора да бидат запишани.
    Ако има проценка од школото дека детето не е спремно за на училиште треба и потврда дека детето не е подготвено да посетува школо, пак зборувам за тие од Јануари до Декември. И ако читате добро за да не запишат дете што полни таа календарска година 6 години потребно е потврда од здравствена установа дека детето не е подготвено да оди на училиште. Инаку ако родителот на дете што треба да појде во школо одбие да го однесе детето на проценка мора да биде примено, па потоа училиштето во прво одделение по службена должност ќе го прати на проценка и ќе се формира тим.

    Еве извадоци од Законот (член 60):

    (4) Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
    (5) По исклучок од ставот (4) на овој член, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
    (6) Запишувањето на детето, на барање на родителот, односно старателот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.
    (7) Децата кои не се вклучени во настава, а се со надмината возрасната граница, може да се запишат во основно училиште согласно со членот 14 од овој закон.

    @macalavica проценка за подготвеност да оди на училиште поминува секое дете. Обично ја прави некој од стручен тим. Пак ќе кажам. Ако немате белешка од здравствена установа школото го прекршило законот.
     
    На mariz и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.269
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Јас не реков никаде дека тоа што школото не го запиша син ми е законски, сите знаеме каков е законот, и јас го прочитав пред да го однесам син ми, и затоа и имав спремни документи за упис и лани, ама сепак прашав дали може и ете самото школо си бира толеранција, што толку се фативте за законот, ако се сака се може, треба да се праша во самото училиште.Законски се многу работи па не верувам дека сите слепо се почитуваат.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Е па јас сум за почитување закони. До тука сме зашто никој не почитува закони.
     
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.749
    Пол:
    Женски
    Точно е законот дека сите родени до 31.12 мора да одат во школо.
    За јануарските ако родителот сака и школото процени дека може да ги прими.
    Но во градинка имаме две деца со наполнети 6 во јули и ноември со сериозен застој во говорот и им било дозволено да ја паузираат годинава.
    Како не знам, можеби со потврда од матичен педијатар.
    Бидејќи проценка немаат направено,одбиваат од лични причини на родителите,не сакаат да се прави проценка на децата сметаат дека имаат нормслен развој.
     
    На mal.ecka и JoyJoy им се допаѓа ова.