Ако одат на логопед и тоа се важи како потврда, а можеби може и од матичен потврда (за ова не сум сигурна). Сериозен застој во говор е причина за одложен старт.
Епа запиши го детето уште на 5год ако сметаш дека треба, во држава во која ниеден закон не се почитува запишувањето на првачиња е најмалку спорно.
Ќеркичката тргна на 5г и 10м (ноември родена), а синчето на 6г и 5м(април роден). Тоа се 7м разлика. А исто се снајдоа. Малата дури може и подобро од него и тоа не сакаше да оди, летото плачеше дека сакала уште во градинка. Како тргна, ново дете. Со радост оди, одговорна. Децата во градинка се други, околината такви ги прави. Една недела, две во училиште и веќе се други дечиња.. Ако има реален проблем, потешкотија некоја, океј е да се одложи. Ама ако нема, не гледам зошто би се одложило...
Posle kolku vreme prvacinjata naucivaata da "citat ubavo"? Mislam da znaat pravilno da gi delat zborovite na slogovi,lesno da gi citaat slogovite od 3 i 4 bukvi, da ne go mesaat redosledot na bukvite vo slogot / zborot.
@Skyler од општината во која живееш,оди на нивната страна,би требало да има.Ако не,пиши им маил за инфо. Незнам што да мислам..Првачево мое веќе втора недела одбива да препишува од час.Празни тетратките.Вора недела им е болна и едната наставничка.Кога беше таа,детево ај што препишуваше се,него ѕвездички добивше Сега само станува на час,има знаеше но не заинтересирано да следи. Пробав да му објаснам дека не е ок вака да прави,ама одма одбива да слуша...
Или на веб на општината или на веб на самите училишта. @Aw-aw зависи од дете до дете. Некои после месец/два, некои на распуст, некои трк во второ сфаќаат. Секое со свој ритам, ама и вежбање дома е битно.
Второто полугодие акцентото ни е на буквите и со секоја буква оди и диктат кој се оценува. оние кои нема да добиајт оценка потпис се вадат на таблата и им се кажува пред сите повеке да вежбат. дали кај некој друг го има овој метод. Може е да с емотивират да вежбаат ама се едни исти деца се на таблата за кои мозе им треба повеке време да им легне материјалот, и почнуваат да ги класифицират децата како незнајковци се прави поделба ... што ке кажете за овој метод.. многу ни е напорно прво одделение дома се вежба математика диктати време за игра нема. и пак вадиме слаби оценки посебно математика бидјеки се збунува со правилата и ист тип задажи може една да и еточна една грешка.. Незнам дали да ја пртикам повеке или едноставно да ги занемаруваме ове работи..
Јавно срамење на деца пред сите не е никако добро за процесот на учење. На твое место би поразговарала со наставничката/наставничките. Во прво одееление нема оценки, а н е па слаби оценки. Не смеат на децата да им ставаат оценки нити пак да им дадат до знаење која оценка би ја имале. За вежбање потрудете се да биде повеќе како игра. Пример додека готвите заедно нека собира намирници. Како што сечете нека одзема колку останало. Кога играте бројте и собирајте (кукли, коцки, коли што и да е). Нека биде повеќе игровен процесот отколку вежбање класично.
Da sega na prvacinjata sakaat brzo da gi naucat da citaat, da brojat do 100, pa i da sobiraat i odzemaat do 30. Navistina mnogu baraat.Pa na decata tesko im bilo. mnogu loso. Nastavnicite gledaat da si ja pominat materijata, samo predavaat i toa. A da gi naucat ne vlozuvaat napori, cekaat od nas da gi naucime.
Кај нас до 20 научија да собираат и одземаат,со бројаница ако не можат со прсти,да разликуваат парни и непарни броеви. Македонски препишуваат и таму и дома четива и читаат.Кога им диктира непознат текст најмногу грешат.
Нема тема вторачиња, па овде ќе пишам. Во второ мене ме запрепасти интензитетот со кој се предава математика. Одземање 2 недели дали имале и одма нова тема. Пишува синко математика и мене коса ми се исправи. Многу брзо некако. Да не збориме дека ништо нема совладано. Зборев со другите мајки, кај сите е исто. Одземање и собирање е основата на математика, не смеат вака. Башка не ни знам кој начин да му го објаснам, имаат некој нов начин на одзимање, со групирање, не сфаќа како и што се прави, абе налет. Дете кое за читање, пишување и цртање е најдобар, математика тапка во место.
Па не може за се да биде талентиран,нели Објаснувај му го истиот начин како што учат во училиште за да не го збуниш дополнително.
Ама јасно ми е дека не може да е за се талентиран, и јас сум дупе математика, ама знае да запамти се и сака и се труди и учи, а ова некако не. Го прашав како им објаснувале не знае, вика само ни напишаа на табла и препишавме. Ја замолив наставничката да ми каже кој начин го објаснуваат да знам да му објаснам и јас, ама не ме сфаќа мислам. И се плашам да не му направам збрка во главата. И не сакам се да знае и во се да е најдобар, голем притисок е тоа, ама основите мора да ги знае.
Еве една мајка што ми прати. Јас можам ова да го решам, за час, ама дете кое не знае уште да одзема ни прости одземања како 15-8, богами потешко. Прашав во училиште, наставничката рече дека малку е избрзано, ама ќе совладаат. Среќа имаме разбрани наставнички кои знаат да постапат, иначе ако е некоја како горе што кажуваат на табла вадат, мајкооо...
Хммм Кај Ели се без текст, сега баш домашно пишува. Со текст, слични, под германски и се, не математика.
Ама гледаш едноставни задачи се. Не знам, мислам дека е многу ова за второ одделение, може грешам не знам. Ако, нека се и поише, ама да има време да совладат, а не да брзаат со материјалот. Да не се разбереме, не е до наставничките, до програмата е. Не дека нема да научи, ама зошто да научи задоцнето, нека совлада убаво на време.