Ова е малку избрзано. Мојот во второ овие на крај ги работеа, текстуалните. Прво работеа она што до пиша @danichap со бројната оска. Па потоа работе со разложување на едниот број (се разложува едниот број за да се додаде или одземе од првиот само толку колку што фали до полна десетка па потоа другиот дел - за да се сфати преминот од една кон друг десетка - ова истото и во прво го праве долго време). Крајната фаза е собрање/одземање како што го работиме. На крај се овие текстуалните задачи. Секоја наставничка свој метод си има. Не знам што да кажам. Еве сега го гледам учебникот и нема вакви задачи таму како што си ставила ти. Поедноставни се текстуалните задачи. И во наставната програма за Математика примерите на задачи се поедноставни од овие што ти ги стави. Во трето е пак исто само до 1000 и со повеќе текстуални задачи.
Текстови кај нас даваат на писмена или оди под германски. Домашните се сува математика. Вака се визуелизира и е предходната фаза на текстуалните задачи кои следуваат. Првен вака вежбаат, текст, кога ќе се извежба ова, во писмена. Они почнаа со во текстови минус една работа, во прво полугодие. После, на наредната писмена имаа минус две, слично поставени како во овој текст. Но не одма, вака, и како домашно.
Ако е на мајка му математика, ни на факултет нема да ја совлада, ама затоа ги знае пола галаксии, ѕвезди и созвездија, сите можни диносауруси и чита подобро од половина наши спикери на тв. Ама ко што рековме, не мора да е најдобар во се, нели.
Е да на вакви задачи мислев со разложување. @AngelOfArh не мора да биде најдобар, ама треба да сфати. А тоа дали ќе сфати или не зависи и од пристапот не само од детето. После ова на пример имаат и множење ама само со неколку броеви и не треба да учат напамет таблица множење. Знам дека некои деца биле натерани да ја учат напамет. И ништо да не им е јасно. За жал.
Мислам дека следно е множење ама само со 2, удвојување го викаат. Ако е тоа, почнаа, а одземањево не е совладано ама добро. Ќе побарам некои работни листови за второ да поработиме малку, само сега со различни програми не знам колку ќе се совпаднат со нивната.
Да удвојувањето е следно. За работни листови имаш во Литература МК и Тримакс. Трето одделение се првата генерација по новата програма. За нив се касни (знам од искуство). За вас веќе има материјали по новата програма, иако не е нешто многу поразлично ни од таа по Кембриџ, нити пак од било каде во свет за таа возраст. Исто знам од искуство бидејќи добивме материјали за вежбање од САД и горе/долу исто е. На веб имаш на Работни листови за второ одделение – FuntasticMathematics (wordpress.com). Јас од таму му симнувам често за плус вежбање. Има и тука (само има за Кембриџ нешто па пази): МАТЕРИЈАЛИ ЗА НАС - Математика 2 (google.com) и тука II ОДДЕЛЕНИЕ – УЧИЛНИЦАТА НА ТАЊА (wordpress.com). За размрдување на мозок добра е и оваа страница: Математика + - Почетна (weebly.com).
Без врска се, каде брзаат не ми е јасно. Моево во школо не може да ги решава задачите, не знае, не ги разбира, или му смета нешто, не знам што е проблемот. Дома а седне да решава истото, ги решава супер, без помош, еднаш ќе му кажеш и толку. А во школо не знам што се случува, немам памет. Дома кога пишува везе, сите букви јасни, убави, правилно напишани. Во школо ко со нозе да пишувал, промашени букви, криви, не можам да разберам што пишувал. Навистина не сфаќам. Го прашувам што е проблемот, не знае да објасни. А на почетокот на школската година беше баш супер.
^ Кај нас е па обратно, во школо пишува многу убаво, дома набрзинка и на ништо не личи, во школо наставничката вика дека прва ги завршува задачите или што и да е, а дома не можам да ја натерам да седне да напише домашно. Немам нерви веќе, еден саат и трубам да седне да пишува не сака и на крај мора да свикам. Она пишува јас бришам и викам поубаво пишувај па за инат уште полошо ќе напише или глупости ќе почне да пишува.. кажувајте тактики како да се справам.. ми вика јас многу сакам да одам во школо, да читам и пишувам ама домашно не сакам Јасно ми е дека е мала уште башка не одела ни во градинка ама претерува веќе…
Каде може да се информирам какви паралелки има во училиштата? Може да се оди директно во училиштето? Има некој кој ќе ми даде одговор? И какво искуство имате со целодневна/дневен престој.?
Можеш да се јавиш и на телефон. Ќе ти дадат одговор. Моето е во целодневна уште годинава, трето одделение е и мене ми е позитивно искуството.
Здраво дали важат потвриве од офтсмолог и забар од сега земени или мора мај да ги носиме на преглед ?
Ние вадевме потврди кога објавија соопштение. Таму пишуваше од каде да ги извадиме. Не признаваат потврди од матичен стоматолог.
Мајкички има ли јануарски дечиња што ќе ги запишете сега во мај за првачиња,јас сакам да го пуштам роден е на 3 јануари ама се мислам,цело време оди со голема група во градинка,ако го оставам пак ќе биде со друга група,па пак во прво со други деца....
Јас имам јануарско дете, иако беше баш напреден не го пуштив со претходната генерација. Сега е меѓу постарите во одделение и искрено баш има разлика меѓу него и оние што се најмлади, најпрвин физички, а потоа и во други аспекти... Така што, за моето дете мислам дека донесов правилна одлука, немаше да ми биде сеедно да е последен во совладување на материјата и слично ако би бил најмал... Секако и со оглед на тоа што учат,обем на домашни задачи и обврски кои сега ги увидов...
Не мора да значи. Кај ќерка ми во клас најмалото, јануарското дете најубаво им чита. Се е индивидуално...
Моето е Јануарско дете и е со постарата генерација. Сега е трето одделение и ОК се снаоѓа. Чита супер, математика растура итн, итн. Не е битно кога е родено детето битно е да е подготвено за школо (не да знае да чита кога ќе појде туку да е навикнато на ред, да е дружељубиво, да нема проблем со слушање наредби за однесување, да знае само во тоалет да оди и слично). Исто така битно е со детето да се работи и дома и пред детето да не се руши авторитетот на школото.
I jas imam januarsko dete, i ovaa godina go pustiv prvace so nejzinata generacija. I nezgresiv,da ima kako uste edna godina ke go odlozev ucilisteto. Nema kade da se brza (toa e moe mislenje), tie se uste deca, sakaat da si igraat,a programata e tolku mnogu obemna i zahtevna, gi zalam kolku im e naporno. Ne mi e jasna pricinata zosto bi go pustila porano,zosto da mu se krati od detstvoto,koga ponatamu cel zivot ke uci.
Па не викам за читање, за сите аспекти реков од моја гледна точка,зашто вака реплицирате јас не генерализирав реков за себе и од мое искуство,а секако дека има напредни и помалку напредни дечиња... Моето знаеше да чита пред да тргне, негово дугарче кое е исто јануарско дете сеуште огледално пишува некои букви.... Off topic - И мене ме пуштиле моите една година порано (генерациски имаше деца точно година постари) и бев најдобра во одделението, не се фалам ама не ми ни значи нешто во животот, освен што на 22 дипломирав и веднаш се вработив и некако пред време влетав во светот на возрасните вака искрено гледано од денешна гледна точка