Мислам дека децата со 5 години и нешто месеци се премали за во училиште. Една готдина за таа возраст многу значи. Еве гледам не се однесуваат исто во групата во градинка децата со 5години и 7 месеци со оние од 4 години и 7 месеци иако се во иста група, се познава ,,генерацискиот јаз,,
Јас да седам повеќе од 8ч во една училна ке ми се приспие, а не на дете, па кога ке видиш и 6,7,8г дете е мало за така... Незнам како ке биде кога ке одат во школо, но сакам да не се целодневна, бар не првите 2год. И јас немам баби и дедовци на располагање и затоа седев дома (морав поради проблем), цели 2год.Сега за сега ич не сум за таа целодневна кај толку мали дечиња. А програмата не ми оставила таков впечаток До сега сум била кај наставнички кои ептен добро биле организирани на пракса и на децава не им доаѓаше превише. Напротив интересно им беше на часови, борба за кое да каже, кое да чита е Зашто сега па и уште во градинка доста учат и не се денешниве деца како ние што бевме, екстра попаметни се @referentka ама 5г и 10м не се 5г тоа е веќе 6г. И сметам дека е таман за тргање во 1во одд за во сегашната програма.
Ќерка ми догодина ќе биде прваче и ќе тргне во училиште со 6 години и 4 месеци (@mariz како твојот батко) Јас веќе и кај учителката ја имам запишано, цела година порано И јас сум тргнала на таа возраст во училиште и бев меѓу најмалите во одделението оти тогаш на 7 се одеше во школо. Ќерето пак меѓу големите ќе биде оти нели сега порано тргнуваат. Mалата ми е во јануари родена. Ептен рано е да размислувам за тогаш и дали на 5год и 8 месеци ќе ја праќам или наредната година на 6 и 8 месеци. И самото дете ќе покаже колку е спремно па и по тоа ќе се водам.
Зависи од детето и менталниот развој. Моето и е помало а гледам и дека е малку поспора во сфаќањето. Мислам дека е незрела за школски обврски. Кај мене се паѓа редот во школо да се тргне со 5 години и 7 месеци, но сеуште не сум сигурна дали МОЖЕ да посетува настава. Колку што има прилика, ќе се воздржувам.
Ама тие имале кој да им го земе и чува детето. Ако нема?! На 5 години сама дома ќе седи? Еве, ти твојата сама ќе ја оставиш за да не седи во школо цел ден? Не те сфатив баш Дури и да е напредно. Ако навистина е екстра паметно детето ќе скокне одделение. Вака му се крати детството. Што ќе добие за таа 1година што ќе ја "касни"? А вака има можност да созрее и да појде во школо спремно.
Ќерка ми лани беше прваче, ја примија на 6 години и 2 месеци. Кога бевме на тестирање, на една страна родителите пополнуваат формулари со педагог, а на другата страна седат неколку деца со психолог. Психолог ги тестира па кажува отворено на родителот дали детето е спремно да почне со настава и на што треба да се поработи пред почнување (говор, однесување со деца, изразување и слично). Доколку детето не е спремно кажуваат да се почека до следна учебна година, секако ако дозволува возраста. Мене психологот ми даде совет да ја носиме на логопед зошто имаше букви кои не можеше да ги изговори правилно, ама дека летен период термин не се најде. Кога тргна во школо, за еден месец почна чисто да зборува па кога зборев со доктор ми рече дека средината позитивно и влијаела па затоа се пуштила и почна чисто да збори. Во целодневна настава е и знам дека не погрешив. Немаат класично учење, не носи ранец со книги, домашните таму ги пишува, лектири не им дадоа за разлика од други училишта. Некогаш мислиме дека се мали ама знаат и можат многу повеќе од тоа што ни го покажуваат.
Отказ даде мајката за да може она да ги зима Еве сега е веќе малата 3то, мајката пак се вработи и малава ке биде целодневна. Инаку почна целодневна во старт ама беше тотално мачење за неа... и затоа испадна така. Инаку има деца кои седат и без мака уште толку мали.
Ајде сите отказ да дадеме за да земаме дете од школо?! Не сме сите во таква позиција. Да зборуваме за реални ситуации. А реалноста е дека повеќето немаат баба сервис.
Можеби си во право, ко што кажав ќе имам 2 различни ситуации со двете деца, едното ќе тргне на 5г и 9м другото на 6г и 6м, па тогаш ќе можам да зборувам пообјективно.
Ако не сте значи зимате супер плати и може да дозволите жена која ке го зима детето од градинка и ке го почува додека не се вратите. Да урла дете плаче и ништо да не сака да јаде, да заспива, да се жали на 7год од главата и да повраќа да видиш како отказ ке дадеш. И тоа на јако место работеше мајкава, ама здравје пред се. Немаше баба сервис, дадилките и беа скапи, решение?! Уште има мака девојчево, па дај боже оваа год да тера, инаку ке треба пак да даде мајката отказ.
Ама ова е изолиран случај и сама знаеш.. И биди реална, не сите што работат можат да платат дадилка. Убаво се вика ќе скратиш, ама со две плати од 15че што да скратиш..
Јас да можам на 8 ќе го пуштамсе шалам, нема таква опција. Ова време не се враќа, а школото дефинитивно нема да му избега. Синко е роден во февруари 2015. Сега од септември ќе биде во средна група во градинка. Од околина гледам разни примери, кој две години посетувал голема група во градинка, кој два пати прво одел (за ова не ни знаев дека е можно). Девојченце повозрасно само ми кажа дека два пати одела прво и не и било убаво. Вика подобро две години во голема група во градинка да одев. Синко ќе тргне со 6+ во школо, така планираме...нема да повторува ќе си заврши со неговата група градинка и после школо. И јас сум тргната покасно, април сум родена. На 19 години матурирав па ништо не ми фали. Малку подоцна дипломирав, бидејќи бев 2 пати на работа во странство, од кои вториот пат подолго. Ништо не би мењала, секое искуство е плус во животот. Ништо не сум изгубила, само сум добила.
Крпеа, кратеа со една плата, ама океј беше девојчето. Зборам дека и мене истото да ми се случи (недај боже), а немам баба сервис, да давам толку многу за дадилка немам, ке седи еден родител дома, или ако е можно ке се прилагодуваат смени доколку ги има... Бар ете додека не се прилагоди детето. Јас на пракса кога одев во 1во и 2ро одд имаше родители што седат пред врата цел ден и тоа второ полугодие веќе беше тоа. Чим не ви е океј отказ да дадете значи би имало кој да ви го зима и чува детето. Што кога ке се на распуст? Ако толку нема кој да ги чува? Еве мајкава цело лето и поради тоа дома седеше... и верувам и наредно лето така би било. Еве барам искуство и за ова. Што прават тие родители летно време, кои немаат баба сервис, немаат пари за жена?
Мора да има причина за таквото однесување. Треба да се најде истата, а не да се оди во друга екстремност. Да плаќам жена да го зема детето од школо, ај да кажеме јас ќе си дозволам, ти и уште 2, 3ца. Ама не секој може. И 99% од децата се во целодневна. Самото тоа што не може во клупа да доседи значи дека е мало. Со сила ги форсираме децата, а тие се само деца. Ај да е забавиште прво одделение ќе разберам одење на 5+. Ама не е. Они во 1во учат многу повеќе од ние на 7+. И никако нема да се согласам дека тоа е во ред.
Скоро и во дебата бевме во мајкава и уште една личност. Јас ја бранев, другава на секое прашуваше, а зашто не се вработиш, што ЧМАЕШ дома?! Женава упорно и објаснува дека мајка и е вработена жена која брка стаж за пензија да си зима, татко нема. Други баба и дедо се далеку башка и тие работат, она мораше дома да седи. Незнам @kukla21 јас не сакам да мислам дека е некој проблем во прашање... 3то ке почне сега и пак и да е друг поголем напор, глава ја фаќа и повраќа. Мајкава од мала имала мигрени, најверојатно се наследени мигрени од неа. Јас океј океј и викав додека не видов колкав е стварно проблемот. Не глуми, не лаже... нежна е ептен. Сега и она и братчето ке бидат целодневна, па ваљда подобро ке и биде дека е поголема.
Мора да има причина за тоа. Соодветно стручно лице би го нашло изворот на проблемот. По 6-7 часа имаат во трето одделение. Како ќе ги доседи?! Проблемот само се одложува, а не се решава. Глупаво е ние да ја дискутираме кога не знаеме ништо за тоа. Не е во ред. Баш за да нема опструкции, да нема проблеми со седење многу часови во школо на мали дечиња треба покасно да се појде, а не на 5 години. Јас сум пошла со 7 години и 1,5 месец. Моето ќе појде на полни 5 и само што ќе наполни 9 месеци. Па на таа возраст таа 1 година и скоро 5 месеци се сериозна разлика во ментална спремност за одење во школо. Кога ќе бидат 10-11 веќе не се гледа голема разлика, ама на 5,6,7 и те како се приметува. А да не спомнувам дека не познавам мајка што нема капацитет дете. Ние сите си ги „величаме“ децата во се. Па после се форсираат за учење, за читање, па дури и мора да знаат да читаат и пишуваат пред да појдат во школо. Капацитет и интерес е она @Dream-Girl што го опиша за себе. Такви не се сите деца, ниту пак секое второ. Колку што системот не „тера“ рано да одат децата во школо, толку и ние како родители се форсираме, а со тоа и децата.
Родена сум во ноември. Кога јас учев на школо се одеше од 7 години. Јас немав полни 7 како што требаше имав 6 години и 10м. Во ноември си наполнав 7, не бев најмала ниту најстара. Исто ќе е за моето, твоето и на @mariz со таа разлика што сега се почнува на 6. 5 години и 10м ќе имаат во септември кога ќе тргнат во школо. 6 ќе наполнат во текот на школската година. Касно им е на 6 год и 10 м да тргнат прво. Моето ќе посетувА целодневна, не ни помислувам (а ни мм) да дадам отказ бидејќи немам пари за такви луксузи, ниту за жени ни за приватни престои ни сл. Што е тоа е, како сите така и моето
Јас не верувам дека проблемот е и толку до тој материјал. Повеќе е до наставникот проблемот. Бар да се надеваме дека понатака и со тој систем ке се најдеме на повисоко место, зашто моментално сме таму некаде 4,5то место од позади...
Ќерка ми тргна на 6 и 4 месеци. Син ми само што наполни 6 ќе биде сега прваче. Третото е родено во јануари, со 5 и 9 месеци не го пуштам, ќе си оди уште една година во прадинка и на 6 и 9 во школо. Премали се и на 6, ками ли на 5 и нешто.
И мене ме нервира системот што од толку мали тргнуваат во школо,ама не можеш ништо таков е каков што е. Ќерка ми догодина треба да тргне во прво со 5 год. и 9 месеци бидејќи е родена во декември,сите ме прашуваат дали ќе ја пуштам,законски ја фаќа со генерацијата да тргне и решив дека ќе ја запишам од причина што сама пројавува интерес за пишување и учење,уште пред да наполни 4 ги научи буквите,бројки исто знае дури и да си одзема и собира сама предмети,луѓе..пишува по цели зборови ,и сето тоа од нејзин интерес, не ја форсирам дури се нервирам понекогаш и викам дека има време за учење и пишување,ама не и не она сака и готово,за разлика што има многу поголеми во нејзината група што не се заинтересирани толку.И сега како да не ја пуштам во школо ,да ја држам уште цела една година во градинка? Сметам дека треба да се процени и по самото дете