Во Ѓорче е без закажување, одиш и прават преглед. Горе е за првачиња мислам и многу убав преглед му направија, дури и му ги залеа шестките што беа излезени, одлично поминавме. За очи мислам дека и лани ама и годината ние кога бевме и пред тоа беа бесплатни во Око кај Санте плус што е, се јавуваш закажуваш. Ако е на ниво на Ѓорче школото.
Исто е секаде, ама едно сфатив, не е до учителките секогаш зошто кај нас конкретно им кажуваат во 11-12 за утре што треба да се прави. Конкретно беше за хепенинзи, за базари, за такви работи. Ние правиме маска, не знам дали има сила што ќе го натера големиот да носи друга маска освен таа зошто ептен му е по ќеиф.
Не знам до кого е. Јас мислев јас да не очекувам многу. Ама еве, да не пишеше таткото во група, јас појма немаше да имам. Како и еден куп други. Обично малава не си дозволува да заборави, сега ете и тоа се деси. А ако немав дома ништо, пошо пипаа во 11 вечерта, денес ќе беа драми пак како за китењето. Мислев ќе се научиме на грешките. Зошто беа опоменати за китењето, без драми нормално. Исто и за вежбањето по физичко. Значи не знам како да опишам, каква атмосфера владее. Родителите се плашат било шо да прашаат. Па си збориме меѓу себе и си се жалиме а никој ништо не превзема. Се нешто они не можат. Ако треба пари да им се дадат, не можат, многу деца биле, ќе забораела кое дете дало... Па вие кажавте дека треба да се пратат пари, не ви давам јас со сила. Но си ќутам, гледам дека генерално дете не се жали, па гледам пред неа да не зборам многу. Значи не смееш да прашаш како е детето у школо, не смееш да пишеш у група на вибер, не можеле они да гледаат тоа ... Не знам не сфаќам. Се мачат децана со ранците, абе два чекори не им помагаат, ниту па дозволуваат да влезеш за да го земеш ранецот. Уште не можат да научат кој родител на кое дете е, додуше ова само едната, другата е по ок. Ми се смачува коа одам да ја земам, зошто прва сум на врата последна ја зиам од шо не ме ни гледа ни слуша учителката. Тука излагаат 5 одделение, општ хаос е. Значи буквално си ја сфатиле дека нивна работа е само да предадат тоа шо има за тој ден и толку.
@Цвет88 за кажување и пишување ние имаме една Вибер група со наставнички и една без нив на ниво на одделение. Таа со наставнички самите наставнички ја креираа уште во прво одделение (така дознавме кај која наставничка е детето), другата ја креиравме самите родители за да не се ремети првата со објави за родендени, родителски прашања/препирки и слично. Во прво одделение наставничките пишуваа што имаат за дома, потоа престанаа за да се научат самите деца на одговорност. Сега во таа група има објави за конкурси, базари на ниво на училиште и слично. Е исто така таму секоја недела добиваме Неделно планирање за тековната недела (па и тие што не се во школо да можат од дома да работата) и ако има мнгоу отсустни наставните листови што се работат во школо се праќаат и во таа група. Пари во школо наставничките не собираат. Мислам дека не ни смеат. Си имаме благајник на ниво на одделение и таа собира пари и потоа ги уплаќа или купува материјали за цело одделение и ги носи во школо. Не е ни фер наставниците да бидат благајници. Имам чувство дека од старт ви е фатена работава на „лева нога“. Мора да се потрудите сите страни да ја олабавите комуникацијата зашто децата баш долго време ќе бидат со наставничката со која се сега.
Ама они самите кажуваат кај нив пари да се дадат. Биле на претстава, бараа нив пари да им дадеме. А за материјали си уплаќаме кај благајник. Исто е и кај нас со групите, комуницираме во таа без наставничките. Зошто едноставно нив не смееме ништо да ги прашаме. Ептен се оградени од комуникација со родителите. Не знам скроз ми е шок ваквото однесување. Ќе видиме понатака како ќе биде, може влијае и тоа дека и двете де пред пензија. Но сепак, прво одделение е тешко секако и за нив и за дечињата, ама не може само едната страна секогаш да прифаќа се. И сега да не испадне ова жалење, чисто онака си правиме муабет, барам совети, искуства, ново ми е и мене, и иако мене може не ми е ова се нормално, може навистина така секаде функционира.
Не си ми јасна за ова со парите. Еднаш пиша не можат пари да собираат еднаш пиша сами сакале нив пари да им се дадат. Извини ама не можам да те разберам. Еве кај нас како е: Ние собираме пари кај благајничката. Материјали купува таа. Ако треба за претстават тогаш блчагајничката парите на топтан за сите деца ги предава на наставничката. Не собира наставничката пари од секое дете посебно. Дури и кога имаме Базар во школо (два пати годишно е тоа) родител стои на тезгата и ги собира парите. Потоа се пребројуваат од страна на Комисија составена од родители и наставници. Се запишува записник и потоа се предаваат парите како што е договорено. На пример на еден базар дониравме за хуманитарни цели, (и тогаш ги прибраа од школото), на друг за одделението беше и тогаш секој родител ги предаде на наставникот ама се со записник и се на топтан пари. За Вибер групата со наставничките сме во комплетна комуникација. Постираат таму, ако ние во нашата група видиме дека не ни е јасно еден од нас поставува прашање во Вибер групата каде што се и наставничките и добиваме одговор. Комуникација двонасочна мора да има. Е сега и ние како родители се трудиме да не прашуваме премногу во Вибер групата со наставничките за да не ги оптоваруваме. Кај нас се млади наставничките и често добиваме и видеа од она што го правеле на часовите. Еве сега само што изгледав едно видео од обработка на лектира. Има како работат со работни листови, како гледаат некое клипче и на крај мачкале и украсувале колачиња како завршна активност од лектирата.
Убаво пишав, требаше да одат на претстава, и учителките побараа пари нив да им се дадат, односно децата да донесат во школо. Па после тешко им било да запамтат кое дало, ќе заборавеле. А кога собиравме за потребен материјал и за обезбедување, дававме кај благајник и немаше проблем. Пак е проблемот во комуникацијата, бидејќи не сме информирани на време, каде колку, што треба да дадеме. Не знам зошто е тешко да се каже, треба да се соберат средства за тоа и тоа, и се знае благајник ке собере и чао пријатно. А вака ко расипан телефон, ние меѓу себе се прашуваме и пак никој ништо не му е јасно.
Здраво, Дали сите првачиња ја употребуваат табела стотка, и за што всушност служи? Јас не се сеќавам ние да сме ја користеле
Да,за броење до 100 нанапред и наназад, за учење парни и непарни броеви,за воочување полни десетки, за собирање и одземање, за таблица множење(броење нанапред по 2,5,10),за претходник и следбеник...
прв пат ја гледам и не ја сфаќам поентата.... Претходник/следбеник/парен/непарен тоа логички се учи не напамет..
pa ili od 5 kako sto pishale ili posle izbori decava se na raspust ovoj pat proleten. Lani bea od 1 vi maj
Ми треба мислење од искуство или стручно познаство. Мали ке биде прваче,говорот му е развиен целосно доцна прозборено дете е но има доста гласови што се уште не ѓу се чисти но оди на логопед и напредува. Дали би правеле проблем при упис? Другото сее ок нема никаков проблем и доста работи знае. Единствен проблем се одредени гласови.
Јас ја носев се до летото пред да почне прваче... Уште ги усовршуваше одредени гласови, а и буквата Р. Убаво ја кажува од септ, ама незнам зошто сеуште чат-пат ја голта (ваљда од навика). Со читање сега мислам ќе ја совлада и подобро...
Секако тоа се подразбира додека не го усовршиме скроз говорот не прекинува. Навиката кај мојот е најголем проблем он знае да го каже убаво зборот но од навика си голта букви.
Мајки, што доколку детето ги нема примено сите вакцини според календар, дали би правеле проблеми за упис, некој со слично искуство ?
ne ne pravele golemiot bez revakcini go zapishav sega malata so vtora doza dtp i bez mrp sekako ke si kazete deka vo proces na vakcinacija ste. Osnovnoto obrazovanie e zadolzitelno za site deca vo RM sekako nikoj ne znae koj se pricinite zosto deteto ne e vakcinirano l. Ne sekogas e antivakcerstvoto kako pricina golem del od decata se nevakciniranoli i poradi zdrastveni pricini.