Прв пат слушам да вратат некој еј.... Аман бе. Какви деца кај големиот имаше во прво, говор неразбирлив дури, па еве ги второ. Е не е така баш. Дека имаат ќар, имаат, нормално. Ама тој шофер треба дневница да земе, да се покрие гориво, осигурање и плус да остане за заработка нели. Мислам дека 100ден е од дете осигурање.
Осигурање си плаќаме плус, а на шоферот не верувам дека ќе му платат плус туку му е ова во редовна плата. Не битно 400 ден е премногу. Осигурање за цела година плативме 200 ден.
Јас ја видов спецификацијата за екскурзија, од тендерот, стои ставка дневница за шоферот, стои ставка осигурање. Осигурањето од школо ви е само за во кругот на школото, кај нас се повреди детенце и знам дека не му исплатија бидејќи се повредил додека си одел дома надвор од порта. Дека е многу, е, не спорам.
@AngelOfArh da da kakvi ne deca se zwpishuvale znam kakvi isprakame od gradinka prvacinja. Ama toa e toa i jas prvpat slusham da vajda e primena no sakaat avgust pak da ja testiraat. Zivi zdravi pa ke vidime avgust. Krivo mi e deka dete kako na ispit nema sto ne ja prashaa i se si odgovori i plus za da se dikaze. Izgleda tuka ja vidoa deka nemozat da i bidat avtoritet deka na nivno dosta ona da si se dokaze de. Dete ima samo 5 de sepak se mali a avtoritetot do prva treba da go gradat
Добро знам дека нашето е неограничено просторно... Знам што сум потпишала. @karak Нас лани на упис ни кажаа дека не смеат да вратат дете, макар и ништо да не знае. Мора да спроведуваат целосна инклузија. Мојата збор не изусти а знае се, послушна е мирна, брзо совладува, прва предава наставен лист. Помеѓу најдобрите во читање е, ама ете сепак не им збори никако. Ништо немаат кажано, напротив, викаат дека они немаат со тоа проблем.
Ваљда различно ви е осигурувањето. И јас зборев да земеме вакво и кај нас, ама ние за се ќе дадеме пари ама за вакво нешто секогаш во на комшиите дворот се случува, не кај нас.
Мајки има ли и во другите училиште при упис на првачиња после тестирање закажан термин за групна опсервација на детето, да видат како се однесува кога се во група, или тоа зависи од училиште до училиште ?
@karak Можеби сакаат пак да ја видат за да видат дали има нешто со кое ќе и треба помош. До сега немам слушнато за ваков случај како вашиот. Инаку ако е така моето дете ич не требаше да го примат. Директно кажа на педагогот дека појма нема од раскажување приказни (го поправи за завршеток на приказната Црвенкапа и тој и кажа ти појма немаш вака ние во градинка ја учевме). @new2024 зависи од училиште до училиште веројатно. Инаку за цени на излет. Ние ќе плаќаме од Центар до Скопска Црна Гора 390 денари. Искрено никогаш не сме прашале за тоа што влегува во цената. Колку кажат толку. Секако на Совет на Родители се разгледуваат понудите. Битно е децата да одат на излет. Еднаш не отидоа на планиран излет заради родители и тоа беше навистина лошо прифатено од децата. Наводно локацијата не чинела. Така што сега мислам дека сите родители се на мисла да си одат децата без разлика на цена (подобро така отколку никаде да не одат).
@JoyJoy па затоа и јас сум во прашалници се консултирав со сите кој го следат нејзиниот развој и стручни лица и сите се во прашалници што сакаа да постигнат немам поим ама ајде нека им е на чест. Логопедот ни вика деца кој не знаат да зборат ама стварно не знаат ги примаат а вика твојата е супер зошто што ете и она се чуди
Еве најново знам дете кое е суспектно на аутизам го примија без дијагноза значи, само суспектно, и никому ништо. Детето зборува ама не соработува.
Кое училиште е ова? Вака, да си ги знаеш ти правилата. Прво ако се сомневаат на било што, требало да ве испратат на консултација во Симпо, каде што ви даваат мислење дали е потребно одложување на запишување, од училиштето сами не можат да донесат таква одлука, значи да не е базирана на стручна проценка, а до авг. треба да е веќе запишана. Иако за одложување треба многу повеќе од ова, емоционалната несозреаност е очекувана, мали се многу, по мое мислење не треба да дозволиш одложување ако е самомоваа причина. Да не ве мавтаат и да пополнуваат места со деца од други реони, па за вас да кажат нема. Ако не ве упатиле таму тогаш не може да не го запишат детето, законски мораат доколку и е време за запишување, мислам по возраст. А особено што поминала добро, со основни предзнаења, тогаш ич немаат право. Растураше она по канцеларија, превртуваше, не сакаше да седи? @AngelOfArh па мораат. Имаме инклузивно, задолжително образование. На запишување треба да ги упатат родителите да го однесат детето на проценка, но тоа е заради правење на иоп програми, побарување на асистенти по потреба и сл. Не мора да има наод од мкф за да се запише иако е препорачливо
Не не во контекст на деца со пречки т.е.со развојни потешкотии немам никакви дискриминации кон никој член сум и ги подржувам сите друштва. Во тоа какви се не деца се запишуваат мислев не знаат боичка да држат, приказна да раскажат, не знаат форми бои и основни прашања од секојдневието. Мислев на тоа а не на било какви развојни потешкотии секое дете со било која развојна потешкотија заслужува образование јас сум борец во тој правец инклузија пред се
здраво сакав да ве прашам во целодневна освен вода дали е дозволено нешто друго да се носи за јадење, пиење, сакаме да купиме ташна па да видам за големина.
Зависи, од школо до школо, пиши во кое школо може ќе ти одговорат. Во нашето не е дозволено, во Ѓорче.
Кај нас во школо дозволуваат ужинка плус за тие што остануваат после 3 (во дежурна или на активности плус). Другите само вода носат. Само ужинката нема врска со големината на ташната. Имаат прилочно книго и тетратки во Понеделник и Петок секако ви треба голем ранец. Во тек на недела може и со помало ранче да оди зависи што ќе носи и каде ќе оди. Мојот во прво пробуваше многу комбинации за во второ и трето да си оди со големиот ранец секој ден зашто има курсеви после школо и така му е полесно.