1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Како е до наставникот кога на 5 години детето треба да учи да собира до 20 ичи дропки да учи.
    На 6 ќе треба струјно коло да жу се објасни. Да, во второ учат тоа.
    Во трето треба да знае да објасни "зошто бродот не потонува во водата", Акција, реакција, њутнов закон. Како може ова да е до наставникот?! Не може дете на 6,7 години ова да го сфати, освен ретки, ретки исклучоци.
    Еден бил Ајнштај, Њутн, Тесла..
     
    На cresa-jagoda, fana, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    И мојава исто знае бројки, букви, да чита по малку, сама изразува интерес, ама... пак сметам дека се мали за толкави обврски. Знаење бројки и букви и читање не е мерило за некаква натпросечна интелигенција, ниту пак значи дека детето е подготвено за обврските кои го очекуваат. Оти, училиштето е обврска :!: не знам зошто се брза да им се наметне кога се толку мали.
    @mariz каков сака нека е наставникот, кога имаш програма каде што за еден месец треба да ги научиш децата да ги пишуваат и препознаваат броевите до 20, а следниот веќе почнуваат со собирање (ако не се лажам) тоа е премногу. Имајќи предвид дека не сите деца доаѓаат со претходни познавања за бројките, прилично тешко се изведува тоа и обично децата кои претходно не ги знаеле бројките страдаат од ваквата програма. А нели на училиште се оди за да се научи?
     
    На cresa-jagoda, azelea, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Епа што ја прифатиле таа програма? Никој ништо не рекол сменија, они прифатија тоа да ги учат децата без а да речат. @An-na нека реагираат побурно, нека сменат програма. Озбилно сме жалосно место, побарајте на нет, меѓу последни сме, дупки!
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Па и родителите се дел од системот. Место да го пратат детето што е можно покасно, тие пресметуваат кога ќе матурира, 19 години касно е. Чунки ако дипломира на 23 му поминал возот, 1 година стаж повеќе ќе има.
     
    На cresa-jagoda, jasbi, Selest и 2 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Не знам дали пишувате од искуство или сте слушнале од некој што учат и што прават на часови, ама еве ќе ви кажам дека првачињата не учат дропки и не ги малтретираат на часови. Прво одделение им е еден вид забавиште, учат основни работи. Поголемиот дел од времето цртаат и прават рачни изработки, нешто слично на градинка само плус учат да бројат до 100, да собираат и одземаат до 20, претходник и следбеник, азбуката ја учат, плус учат да читаат. Учат песнички, раскажуваат приказни, гледаат едукативни емисии (се што правеле и во градинка).
    Во второ одделение се повторува се што учеле во прво, така ни кажаа кога завршуваа во Јуни.
    И во градинка последната година учеа доста работи меѓу кои и бројки и букви, им беше еден вид припрема за тоа што следува.
    Сепак најмногу зависи од тоа дали детето претходно одело во градинка или не. Има деца што од сам старт го сакаат школото и интересно им е, а има деца кои тешко се прилагодуваат што нема никаква врска со возраста. И на 8 да почне не значи дека ќе му биде ок.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Love 83 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Не сметам дека со тие познавања е натпросечно интелегентна,а и програмата ама ич не ми се допаѓа ,само некако природно ми е тргне догодина со тоа предзнаење и со генерацијата,а дека се мали за обврски мали се,се се надевав дека ќе ја сменат програмата дур стигнат за во школо ,ама тешко и на нас и на нив.:^)
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Тебе ти е ок учење собирање и одземање, плус броење до 100 кај деца кои немаат никакво претходно познавање (барем не се очекува да имаат) за бројки. И сето ова во рок од месец два?
    Да беше добра програмава ќе имаше резултати и немаше да бидеме на дното.

    @azelea Нормално дека и мојава ќе оди, таман работа, немам намера да се двои од врсниците. Муабетот ми е дека се малечки за толкави обврски и обемната програма. За нивна возраст е премногу. Забавиштето беше супер солуција и не знам зошто го укинаа?
     
    Последна измена: 21 август 2019
    На azelea и kukla21 им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Цела година учат да бројат до 100, Првите месец, два учеа до 10 да бројат. Не ги форсираат како што мислиш, се што учат е постепено, во текот на цела учебна година. И одземање и собирање учеа постепено, прво до пет некое време, па до 10, дур стигнаа до 20 заврши годината. Затоа тие деца што се во целодневна како моето дете, до 12 учат, после 12 пишуваат домашна и повторуваат. Дома само еднаш донесе книга и тоа што го видов е прилагодено за нивна возраст, прикажано со слики за полесно да им оди учењето.
     
    На cresa-jagoda, azelea, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Абе се е тоа убаво, ама секое дете е различно. Нема секое да се вклопи толку рано, секое има различен психофизички развој.
    Искрено и да ми е спремно детето не би го форсирала да тргне порано ,шознам ,не би му кратела од најбезгрижните денови.
     
    На duffi, Love 83, kukla21 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Ана ама затоа до 3то одд е описно оценувањето. Еве директ од книга за сегашната програма: Во очекуваните резултати согласно со наставните програми, не е предвидено сите ученици едновремено да ги постигнат предвидените знаења во рамките на читањето, пишувањето, сметањето до крајот на наставата во прво одделение. Напротив, се остава можност тие да бидат достигнати до крајот на третото одделение со цел почитување на индивидуалните разлики кај учениците во поглед на постигнувањата.

    Јас сум одела на пракса каде упорно се повторувало и ептен убаво биле организирани наставниците, а децата стварно имаа многу совладано, се чудев.
     
    На cresa-jagoda, Love 83, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас со внука ми доста работев и работам. Многу добро ми е познато што учат. 1/4, 1/3 од нешто што е? И кое од кое поголемо е.

    Второ е бетер. Никакво повторување на прво, баш е уште поинтензивно.

    Ние во прво цртавме линии, множества, пресек доста време, а они кај помали, па и да собираат до 20 учат за неколку месеци.

    Далеку од забавиште е. Јас одев во забавиште и никогаш не учевме ништо за школо. Се знае каде се учи. Денес сите ги учат децата да пишуваат, читаат пред поаѓање во школо. Ако покажува интерес, ок. Ама не може сите да покажуваат интерес. Јас на моето не планирам да му наметнувам ништо. Ако сака ќе учиме, пишуваме, ако не, кога ќе појде во школо, тогаш.
     
    На Love 83, azelea, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Никогаш ништо не сум и наметнала на ќерка ми. Тоа што правеа во градинка ок, таму си остануваше. Никогаш не ја седнав да ја спремам за во школо, немаше потреба. Сега исто нит ја форсирам, нит и вршам притисок дома да пишува и чита. Математика и одеше послабо на почетокот, ми кажаа дека е спора во споредба со останатите деца, ама дека тоа не е никаква пречка или причина за родител или наставник да и врши притисок. Помагаа и им посветуваа внимание на таквите деца и со тек на време им се олесни учењето. Претходник и следбеник знам дека учат, собирање и одземање до 20 да, броење до 100, друго не. За второ така ми рекоа, ништо повеќе и ништо поинтензивно. Тек во трето ми рекоа дека ќе имаат нешто плус за учење. Наставниците потенцираа дома да не се притискаат децата со: А што учевте денес, ај да повториме, ај покажи ми, ај да пишуваме и читаме. А многу родители тоа го прават, па дури и книги барале за дома да учат. Рекоа дека тоа што не го научиле во прво ќе го научат во второ затоа што е повторување, мали се и нема потреба од вметнување нови работи, има време.
     
    Последна измена: 21 август 2019
    На mal.ecka, cresa-jagoda, Love 83 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Во второ веќе таблица за множење ќе учат. Верувај дека тоа што не го научиле во прво, нема да го надоместат.

    Се согласувам со тебе дека има родители што претеруваат. За мене ти си ок. Седат во школо од 8 до 4-5 и зарем треба после да се малтретира дома пак со тебе да работи?
     
    На cresa-jagoda, azelea, Tajnaotrovna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    Знаеш само што ми е чудно, што во секое школо има разлики во учење. Вчера една мајка ми кажува дека им дале на децата неколку лектири да прочитаат за време на распуст, во школово кај што оди ќерка ми не им дадоа. Кај ќерка ми не носат ранец, не зимаат во петок книги за дома, не пишуваат дома домашно никогаш.
    Кај блиски луѓе детето е целодневна ама дома носи книги, дома пишува домашно, дома го тераат да чита цели раскази, буквално го малтретираат. Пишуваат во тетратки како ние на времето, а во новата програма нема такво нешто. Многу се измешани работите затоа што секое школо е различна приказна. За кај ќерка ми знам дека ќе имаат повторување, за таблица рекоа дека е рано. Можеби е така зошто одат по нова програма, место тетратки им бараа бели листови А4 формат за полесно да го совладаат материјалот и на листот слободно да пишуваат и цртаат.
    Ќерка ми е во школо од 7,30 до 16,15. Како, со кое срце да ја седнам дома да учи, пишува или чита? И треба одмор и психички и физички. Затоа после школо ја оставам да биде дете, да игра, трча, да се забавува.
     
    На cresa-jagoda, fana, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Така и треба. Греота е да го седнеш после пак.
    И кај внука ми на А4 пишуваат и на крај на година им го даваат фолдерот со се што работеле.
    На кумовите детето ја учат постари наставнички и ептен се по "старо" тераат. Во второ ги тераа да држат час пред сите деца. Секое дете различен час и спрема материјал.

    Па и она учење не по ред, сега 1 страна, утре 20, па 5та, па 15та не го разбирам.
     
    На azelea, fana и ivi1987 им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Не е толку страшна програмата можеби, кога за тоа би имале соодветни книги, соодветно и правилно преведени, на јасен и разбирлив начин, прилагоден на возраста на децата.
    Сум видела книги (од прво одд не, ама од второ и трето)
    Начинот на кој се напишани (или преведени од негде) е тежок за разбирање и за возрасен човек на прво читање.

    Ај математика на страна, учебникот по македонски??? Учиме букви прво полугодие од А до М, второ од Н до Ш????
    Зборувам од пред неколку години.
    Мене ми е нелогички така да се учи азбуката.

    Колку што мене ме држи меморијата, почнувавме со по две и три букви и одма ги стававме во збор.
    Пример - денес се учат М, Т и А, и правиме зборчиња Мама, Тата.
    Ова е повеќе мое субјективно мислење за како треба да им се претстави азбуката на децата.

    Математиката не е наука само за броење.
    Мора да ја развијат логиката кај децата.
    Кога ќе ги научиш да бројат до 10, научи ги поголемо и помало и еднакво.
    Научи ги за множества.

    Книгите не се такви, односно не се по тој редослед.
    Програмата е таква, така ми вика внука од тетка.
    И учат денес од 10тата страна, утре од 53тата страна. А во петок од 20тата страна.
    Иди па снајди се, и тоа дете се буни.

    Потфрливме премногу во цел образовен систем, што баш и највеќе ги погодува најмалите од најмала возраст.
    Кога учев школо секогаш мојата генерација ја фаќаа некои промени од кои се гледаше како оди надоле образовниот систем. Се полоши и полоши работи воведоа.
    Некаде требаше промена да, ама на подобро и не во основното образование.

    Да додадам:
    Заборавив да го спомнам и просветниот работник во денешното време, кој седи на телефон додека децата пишуваат домашно, чека само да му помине работниот ден и работи без никаква посветеност.
     
    Последна измена: 21 август 2019
    На katalina, cresa-jagoda, fana и 7 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    И за страните има разлики. Кај ќерка ми по ред учат, баш кога ми ја донесе книгата гледав точно до каде решавале домашна, а наредните страни беа нечепнати.
    Фолдерот во шкафче и стои, не го дадоа за дома, рекоа дека останува таму за да продолжат во второ каде што застанале.
    Кај нас по ново, кај кумовите твои ете по старо, кај пријатели мои детето мешано, и од стара и од нова програма по малку :|
     
    На Tajnaotrovna и kukla21 им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Убаво реков, значи и до наставниците е. Ама и да не заборавам и ова... куп административна работа имаат, се до домашни задачи, активности на децата, часовите, тестови, се баш се треба да внесуваат и во електронски дневник, истиот ден. Исто така и во обичниот дневник да е запишано се.

    А има што куцаат со 2 прста на тастатура :nod:
     
    Последна измена: 21 август 2019
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Love 83

    Love 83 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно програмата е многу пообемна за првачињата за разлика од нели,ние кога учевме .
    Моето дете сега заврши прваче и можам да кажам дека во почетокот доста стресно почнавме .
    И пред да почнеме он си имаше познавања и од математика и букви и читање и мислев ќе ни биде лесно. Меѓутоа ние имавме проблем со домашни ,воопшто не паметеше што треба да се заврши за дома (не одеше во целодневна) и јас свесно или несвесно (сакав нели да му биде се редовно напишано или ако имаше песничка за учење) со секојдневното зборување сум му вршела притисок кој се манифестира на многу лош начин.

    Затоа совет од мене ,не треба да ги притискаме за учење ,кое поврзо ќе свати ,кое поспоро.

    Посетив детски психолог кој ми рече да го гледам првото одд со очите на моето дете а не со моите очи на возрасен човек и дефинитивно да не барам повеќе од него колку што може он да пружи .
    Го пребродивме тој период ,сега е позади нас .
     
    На Tajnaotrovna, ivi1987, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    А зашто он да ги памти домашните задачи? Јас вака од искуства што гледам, на крај од часовите наставничката запишува на табла што има за домашно, па родителот кога го зима детето слика со моб. Ако некој не сликнал, се праќа на вибер група и сите знаат што има за домашно... бар со тие соц мрежи е денес лесно. И баш како што пиша треба... нит наставникот, нит родителот не треба да го форсираат.
     
    На Love 83 му/ѝ се допаѓа ова.