Шо викаат погоре, ако чита, пишува, собира и одзема, супер си е. Многу мали тргаат, некои од нив покасно се освестуваат... па дури и да се губело детето во прво одделение, може во 3то да е едно од најдобрите. Иначе ако нема зборови како (со помош, со насоки, се труди итн), најверојатно е во повисоките нивоа. Ако има зборови самостојно, со задоволство, правилно, успешно, итн е во повисоко ниво. Битно е во текот на годината тоа што ви го кажуваат наставничките, за детето да фати ред, да е мотивирано и понатаму за учење... За описново искрено, ич не сум се замарала. Битно да е во тек со програмата, да совладува се што треба...
Здраво девојки, ве молам за некоја идеја за работи што би му биле корисни на прваче, на колешка детето ќе почне прво одделение од септември, па сакаме да ѝ склопиме убав подарок
Земете му убаво шише за вода, подобро една поскапа работа од поише мали, нема зошто да купувате работи кои може и нема да ги користи. Можеби моливче, гума, острилка, такви ситници. Има наставници кои сакаат конкретен бренд на материјали за нивно искористување до максимум, пример во едно одделение кај големото дури и заеднички сите исти купуваа, исти моливи, исти боици, исти фломастери и сите на куп на средина на маса и си зимаат.
Да и јас гледам да е нешто што ќе му користи, да не е ради реда подарокот. Се сеќавам уште јас кога бев во прво одделение добивавме список со работи и беа некои конкретни брендови/производи
Абе не треба да бараат ама па пример Гиото фломастерите најдолго траат и најлесно се бришат, па полесно им е на наставничките. Во тој смисол. А шише за вода на сите им треба бидејќи водата во вцињата не би ја дала да ја пие дете, па затоа мислам дека е користен подарок.
Можете да купите од вежбанките за 1 одделение, темперни бои, пластелин, лепак, фломастери се дел од приборот кој што брзо се троши ,па добро ќе им дојде резерва https://www.literatura.mk/prvo-odde...ka-1-vezbanka-po-matematika-za-prvo-oddelenie
Здраво, знае ли некој каде може да најдам школски ранец со некој од следните ликови: Among Us View attachment 928445 Stumble Guys View attachment 928446 Cat Nap View attachment 928447 Фала
Знам дека меракот е голем, ама од лично искуство, пар совети па кој сака да примени кој не рипнете го коментарот: 1. Не бирајте ранци со ликови, изненадувачки брзо им проаѓа меракот, што понатурал тоа поарно. 2. Не купувајте ништо порано, има наставници кои имаат поинакви методи на работа, а ако ептен ви е мерак земете нешто како боици, фломастери, блокчиња... 3. Не купувајте за во школо скапи боици и фломастери, душа ќе ве боли после 2 недели кога нема да имаат ниедна боичка и фломастер, за 1 тромесечје ќе купите може 10 пати боици и фломастери, купете најефтини што може, за дома купете што ви е ќеф. 4. Не купувајте скапи шишиња за вода, после 4 купени шишиња сега купив 3 пакети води поединечни зошто џабе купено ми беше шишето многу брзо ги уништуваше а и имавме детенце кое од инат им ги кршеше. Овие 4 ставки ми се покажаа како најголем шок, ништо не е романтично во прваче и 1 септември како што ние родителите си замислуваме.
@AngelOfArh на мојот му дадоа ранец од градинка, ќе му дадат и од општина и пак дозволив баба да му купи еден по мерак (купивме и еден помал ). Да ме прашаш стварно нема за знам да ти кажам за што му се ама ќе се најдат де. Некој за на екскурзија, некој за патување, а може и за до 6то одделение ќе има . Инаку ти убаво имаш напишано. Ама јас секако инвестирам во шише за вода. Е сега ако видам дека не оди работата со саглам шишето и јас би го праќала со тие за една употреба. Ама другото пак ќе се искористи за друга прилика. Btw моиве "совети" секој нека ги скокне, од неразумен човек ум не барајте.
Се адаптираат,некои побрзо,некои побавно.Син ми никад во градинка неоден,бев преплашена како ќе биде.Испадна деца кои посетувале градинка многу потешко се адаптираа.со плачење цело прво полигодие.Нас па и наставничките не ни се паднаа нешто да се трудат да се створи адаптибилна атмосфера,и детево беше оставено инстиктивно како му доаѓа.Некад само на клупа да седи.Нексд да знае да се уклопи.Јас многу се трудев со зборење од дома. Само позитивна мисла секако. А за ранци купување,јас имам спротивен став од @AngelOfArh. Еднаш е прваче,напрајте си го ќејфот и вие и детето.Се памти цел живот.Ја уште си го памтам мојот ранец од прво.Беше со снупи За фломастери/бојци,навистина ќе му дојде секоја недела нов комплет,така да во тој дел може да биде поекономично.
Меракот е голем и за нас родители за баби и тетки. Мојот изрази желба два ранци да има еден со Соник друг со minecraft исто и шишето и кутијата да бидат minecraft секако тоа тетка одма исполни желба. Е сега што побара и патики исти такви што ги нема нигде е деуга приказна.
Од кај купивте Мајнкрафт Иначе и јас испунувам желби. Можеби лудо е. Ама моите ни купуваа од Грција ранци. Уште имам еден прекрасен со Барби. Мојот нема некоја посебна желба. Сите околу се нудат да купат нешто , а мене не ми е верно оти е прваче. Еден период без запната за ергономските ранци кои ги носат во странство, ама се откажав. Преголем е за прваче.
Од Литература. Он со тетка му без да знам јас си се договорил а она едвај чека он да изрази желба Не мие верно и мене и на моменти се губам. Денес на работа ни стигна преубав школски асортиман кога рикнав да си плачам