Среќен почеток на сите првачиња, да имаат прекрасни моменти поминати во училиште и на училишните клупи, да нема солзи само насмевки и сите 5ки да редат
Ај да прашам една пријателка дали има, ако има ќе ти пратам. Она е вработена таму ваљда има, не знам... Јас знам важи за доста специфично школо, а ми се допаѓа како е распоредено училните, како на павиљони, многу убаво.
Баш сме возбудени! Едвам чекам првоодделенче утре, мислам и финта да и направам, како старите што не тераа да го турнеме канчето со нога, за да "ни тече лесно како вода". Школско вуду
Cestitki na site prvacinja denes denot beshe volsheben se nadevam site pominavte ubavo Neka im e cestitki pocetokot na edno novo poglavje ispolneto so avantura
Честито на сите првачиња Поминавме супер, само малку се расплака ко требаше да оди, па со мене појде кај наставчката, па ја фати за рака и така за рака в училница. В градинка плачеше на оставање скоро секој ден а одеше од 2 год. Ама такво си е детето, интроверт и емотовец. Потоа цртале нешто, па гледав со топка нешто си префрлале, најверојатно се имаат запознавано, макар што сите ги знае од градинка. Па ќе видиме понатаму како ќе биди. Книги му дадоја, прибор му дадоја некоја донација имало од Австралија, плус 3000 ден ваучер од општината Иначе на пред да направи 4 год имаше период кога ги пишуваше сите букви, сите бројки, ама напнат период беше оти како др дете бепе тогаш, нз што се случуваше ама помина. Потоа не сакаше, знае да ги пишува и ги препознава, не знае да чита, бројките ги знае и до 100, брои и над 100.. Тоа до 5 год, после 5 воопшто ништо не сакаше ни боење ни ништо, на пасење мозочето му беше ама ако бар му одмори за сега Единствено ме плаши што в градинка ништо нејќеше да бои, да црта, едноставно не соработуваше (а знаеше се), да не не сака и на школо, тоа му зборував, му кажував...
Нема веќе купување книги , од училиште треба да Ви ги дадат. Ако сакаш да имаш дупли книги симни ги од е-уцебници или во копирниците провери дали ги имаат.
Нема книги да купиш. Само тие што ги даваат од школо. До лани од прво до трето добиваа нови книги сите. Така би требало да е и годинава. Сите учебници уште од пред неколку години ги има онлајн и може така да се користат или да се испечатат. Еве ја страницата е-учебници (mon.gov.mk).
Среќен почеток на сите првачиња. Син ми тргна годинава и не ми е воопшто жал што пролонгирав со уписот, моја препорака е секоја мајка да на детенце родено Декември или Јануари да пролонгира со упис и да си го пушти детето со полни 6 години. Е сега во неговото оделение има едно другарче со некој проблем, учителката рече аутизам, и најверојатно сега детето реагира на стрес и има сцени секој ден, воглавно детето е агресивно кон својата мајка, ја удира, вика, тропа, веројатно му треба време да се адаптира, ама другите дечиња меѓу кои и син ми се вознемируваат од тие сцени.Како функционираат овие деца во групи со нормални дечиња, дали со тек на време се адпатираат, ако продолжи да биде вознемирено како ке учат другите деца, и учителката е затечена, никој не го закача за да не биде тригер на нов испад, ама тоа е некако додатен стрес за децата.Баш се грижам, жал ми е многу за тоа дете, и за мајка му посебно, сирота жена огромен терет има да се справи со оваа ситуација ама жал ми е за другите деца да се изложуваат на стрес секојдневно ако продолжи ова темпо. Порано нели имаше посебни паралелки за деца со специфичен развој.Син ми е баш вознемирен, ние разговаравме уште првиот ден дека другарчето има здравствен проблем, дека му треба време да се вклопи,да не го закачаат да не го нервираат, се надевам дека ке се адпатира детето и дека ке можат нормално да учат ама баш сум загрижена.
Со среќа и со лесно во учењето. Ако детето има посебни потреби и ако не е дијагностицирано се ќе се сведе на умешноста на наставничката да го вклопи во одделението. Ако има дијагноза му следува образовен асистент. Кај мојот син во одделение имаат дете со аутизам и супер е прифатено. На почеток требаше прилично зборување од сите родители дека детето е малку различно и дека му треба повеќе простор и подолго време за да се смири, ама дека треба да го разберат и да играат со него и слично. После месец, два веќе немаше ни потреба да се зборува за прифаќање. Сега се 4-то одделение и детето е дел од групата, си оди на сите родендени, играат со него на одмор и слично. Сепак прифаќањето многу зависи од родителите на децата и умешноста на наставничката да го вклопи одделението.
Ние не ги виткавме, а ни ги побараа да ги вратиме, иако не знам зошто кога се неупотребливи зошто има вежби низ нив за пополнување. Ако не ви напоменале, нема потреба да ги виткаш.
Јас секоја година ги виткам. За да гп научам детето на ред и да му покажам дека книгите треба да ае чуваат. Годинава првпат добивме користени книги (во 4-то одделение) и дел се супер зачувани, а дел блага катастрофа.