Толку и ние вчера, башка што имавме веќе некои работи купено. За физичко за девојчиња хеланки или шорц?
Купувајте во локални книжари, поевтини се. Истите работи ги имаат, нема разлика со Просветно дело, Офис Плус и Тримакс.
По колку часа имаат вашите првачиња, син ми донесе распоред 3 дена по 4 часс два дена по 5 часа,. Нели се премногу 5 часа уште од сега?
Според новата концепција треба по 6 часа да следат часови. Со тоа што 5ти и 6ти час најчесто се слободни активности. За првиве недели секаде е различна адаптацијата ,некаде беа по 2 часа,некаде по 4 часа минатава недела.
Кај нас сите денови се по 4 часа. Прибор купивме. Т.е докупивме оти веќе имавме дома скоро се. Не фати нешто скапо. Можеби различни се побарувањата на учителките.
По новата концепција,не се класични часеви од 45мин,туку наставникот одредува колку би траел часот,со оглед на возраста не верувам дека толку би можеле да седат,и ние го имаме истиот распоред со број на часови
За на физичко какви патики да купам? Во наше време носевме ко стартки ама не ми се удобни ко за на трчање, ќерка и ко шо се сопнува на секое
Балетанки носат првите три четири години, патики после тоа. Кај нас беше кажано да носат црни балетанки за во сала, а надвор кога се, ќе трчаат со патиките што ги имаат. Не знам дали во сите училишта е истото правило.
Биди спремна од скоро ќе имаат по 6 часа според новата концепција некаде до 13 часот. Премногу се. Како може некаде 4 часа, некаде 5, некаде 6 часа. Ако носат нова концепција барем нека важи секаде. Најобични патики или ако имаш некои поретко што ги носи само испери ги бидејќи им требаат само за влегување во спортската сала (да не валкаат) со патики од надвор.
Мене ми кажаа дека од МОН е донесено одлука децата секој ден да бидат до 12:10 во училиште,имале немале часови.Целта била децата подолго да ги задржат на училиште. Ова ми го кажа учителката на трето одделенчињата за другите незнам дали важи.
Јас да ве прашам за физичко конкретно за хеланките многу време и треба да ги облече Напната е дека ќе биде последна у облакање. Може ли со хеланки да си оди и само маица и патики да смени.