Нашиве имаат 3 дена по 4, 2 дена по 5 часа. Ќе седат колку што имаат часови, не повеќе. Од утре почнуваат по распоред. За физичко мора да носат бели маички и други патики, дека во сала вежбаат секогаш. Од утре им почнува и продолжениот престој до 15ч, ама не го запишавме синко, ќе го зема баба му/дедо му после часови. Првата недела беше задоволен, ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат работите Засега ќе носат храна од дома, а од 23.09 ќе почнат да им носат, овде општината организира храна за сите ученици до 5 одд.
Слободните активности се часови. Се бројат како часови и децата всушност имаат изборни предмети (пример шах, креативни работилници и слично). Во прво одделение во прво полугодие можеби и нема ништо ама потоа ќе имаат. Исто и час за Одделенска заедница има програма за работа. Кај син ми во школо работат работилници од Прирачник за Животни Вештини на дел од часовите за одделенска заедница. Инаку според новата програма подолго се во школо затоа што таму треба да завршуваат поголем дел од работите, а помалку да останува за дома (меѓународните и научните студиите покажуваат дека повеќе учење во школо а помалку дома дава подобри резултати на ниво на држава зашто не секој може да добие соодветна поддршка дома). Е сега зошто некои училишта не го почитуваат тоа не би знаела да одговорам, ова го пишувам чисто како научник. @mimiiiii никој не пресоблекува тренерки/хеланки долни за физичко. Маичка само пресоблекуваат и патики. кај нас во школо од страт се патики не балетанки.
Мене искрено моево што учи програмата ми се свиѓа и не ми е премногу. Трето е, се ми е некако во склоп со годините, можеби само ете ликовно не би ги терала со туш и перце во трето ама ако, нека се учат. Дури како тргнаа мислев повеќе ќе се усилат а тоа некако ми стагнираат досега бар што сум приметила и што ни објасни наставничката во училиште на родителска.
И мене ми е супер програмата. Во трето по природни науки ќе почнат прилично да учат. Е во четврто почнува учење. Математика е пак истото само со поголеми броеви што е супер зашто ако некој не разбрал има шанса да разбере. Природни науки учат баш покомплексно, а општество е апстрактно баш.
И тоа да, многу ми се свиѓа што цело време повторуваат. Е да, ми рече природни науки за скелет учеле, моено тикве ги запамтило сите коски и сеа само тоа се збори и омилена му е тртна коска нормално.
Мајки, книгите цело време остануваат во школо? Учителките рекле дека на полугодие ќе ги донесат дома. Мене тоа ми се чини многу долго. Како да знам што работеле? Дали и треба помош за да и објаснам дома. Немам претстава што се учи по предметите. По малку сум загрижена како ќе имам контрола врз материјалот и колку ќе и биде совладан. Ве молам ваше мислење, совети, добредојдени ќе ми бидат.
Кај првото дете си ги носеа книгите секој ден по распоред,сега за првачето рекоа таму ќе седат ако некое детенце заостанува ќе ни ги дадат дома да учиме.
Celodnevna sekoj petok si gi zemaat rancite so se knigi, tetratki doma, vo ponedelnik pak gi nosat. Klasicna sekoj den si nosat i zemaat ranec so knigite po raspored za toj den. Nesto ne ste razbrale. Mozebi za nastavnite livcinja se raboti? Kaj nas nastavnite gi zimame na polugodie i kraj na godina.
Ако е целодневна во петок си ги носат книгите. А и да ги носат секој ден верувај немаш контрола. Често не ни работат по книга, работат во листови наставни. Кај нас си ги носат уште во петок и тогаш и им даваат домашна. Едвај чекам да им даваат домашна почесто искрено, вака е многу занесен. Од годинава ќе оди и на англиски и музичко, па ќе има домашно плус, ама ученик е, што да има ако не домашна.
Да, целодневна е. Во петокот не ги донесе книгите и затоа се збунив. Секако ќе прашам и кај учителките. Ти благодарам.
Абе види, секоја учителка си има свој начин на работа, така да прашајте си повторно. Нас ни ги враќаат во петок и ни даваат некогаш нешто домашно.
Кај нас во петокот си донесоа се, сигурно и утре ќе е исто. Не разгледав детално што работел зашто не бевме тука викендот ама овој ќе видам убаво. Цело полугодие да немам контрола не ми е нормално. Јас планирам и да ги ископирам, да ги имам и дома и преку недела ако сакам да видам нешто. Вчера пример се нервираше зашто им рекле песничката прваче да ја кажат дома. Он ја почна, заглави на едно место и не можев да го потсетам и се нервираше.
Кај нас учителката им праќа тековно што имаме за работа за следниот ден. Сите учебници не. Се оставивме во школо. Мене ми е сосем ок вака. Не макнеме тежок ранец. Вака гледајќи не му ни треба ранец голем. Ама ајде желбата беше голема и на мајката и на детето да се купи пред време. А од друга страна во тек сме со работите кои ги работат. @Minnie-e песничката ја има на страна 11. Види онлајн. Од се што слушам околу мене, секоја учителка си има различен принцип на работа.