1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Нас родителите ни береа гајле за домашна? Треба да е свесно за одговорност и само да запомни.

    И тоа влегување во училница на родителите. Претеризам. Секој ден муабет со наставничките и терање школска политика.(facepalm)
     
    На LunaGrey, JuLleE, An-na и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Нашата наставничка работеше на тој принцип што сакаше сами да станат свесни за одговорност и на нас ништо не ни кажуваше .Затоа јас нели прашувај нонстоп во групата на вибер што како за домашна и детево се опушти ,знаејќи нели мама ќе среди .Ама многу погрешно беше ,кога веќе реков не прашувам ништо ,сам ќе мора да се сконцентрира и да памти ,точно дека требаше време ама сепак се навикна и веќе во второ полугодие ,беше друго дете
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Ни береа :) Додека не научат да запишат мора некој да бери гајле и помага. Ама твоето гајле ке нема што се секираш, во школо ке пишува домашна и нема да мора ни да памти, ни да запише. Како ли тоа дете ке стане одговорно :?:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.405
    Допаѓања:
    81.615
    Пол:
    Женски
    Ние се соочивме со оваа дилема.
    Кога малата ми поаѓаше во школо имаше 6.8 год.најстара е во одд.,а родена во јануари требаше да биде или најмала или најстара,од цела генерација во градинка само ние вака одлучивме,сите други тргнаа со 5,8.
    И не погрешивме воопшто.
    Многу полесно на таа возраст ги совладуваше сите школски задачи.
     
    На JuLleE, redmama, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Ете мене не ми береа, ама ги немаше секој ден во училница да ме проверуваат. Нема што да влегува родител во училница воопшто.
    Вакви коментари воопшто не се на место, посебно затоа што ја водиш дискусијата на лична навреда. Јас никаде не те навредив.

    А да, имаат домашни за викенд. И очекувам да памети. Ако не запомни, ќе си оди без домашна. Така се стекнува одговорност, а не со вибери, фб групи, телефонски разгпвори со учители или други родители.
     
    На LunaGrey, An-na, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Океј извини за тоа не беше намерно сакав општо да кажам ама ми излета така во брзање...

    Но не ми штима пак твоето мислење, не сакаш форсирање, а сакаш детето покасно да почне и после одеднаш цел ден да остане во училиштето и притоа се само да си памти. Па искрено на она дете кое ке тргне помало, не оди целодневна, му помагаат во старт ке му биде полесно и ке има поубаво детство. Ако е 5ипол мало, 6ипол не значи дека е големо. И толку од мене, не се согласуваме во ништо :D
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    јас според мене мислам дека дете без наполнети 6 години е мало за на школо. Порано се одеше на 7 години и таа е идеална возраст за на школо. Кај им го кратат детството со тоа што на 6 години треба да учат па уште и јас да правам "далавери" пред 6та година да го пуштам. Подобро ќе го запишам на некоја активност одколку да го запишам на школо. Мене педагогот и психологот од градинка ме советуваа дека подобро да го запишам на 6ипо одколку на 5ипол. Роден е во март.
     
    На fana, Love 83, Ева33 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Да се согласувавме за се сите ќе беше досадно. :)

    Ако оди подоцна во школо и одговорноста е на друго ниво и без форсирање ќе си памети. Едно е на 5 и 8 месеци, друго на 6 и 8.
    И не е работата да му помагаат и да му прават лесно да е. Работата е детето да е спремно и со леснотија само да совладува се.
     
    На An-na, cresa-jagoda, Love 83 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.551
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Абе теорија така е, ама во пракса друго е. Секое дете е различно, едно на 5ипол е спремно, друго и на 6ипол може да не е, а на некои и подолго им треба повеќе помош. Затоа нема да одлучиме сами... Ке ги тестираат, да ми речат АМА или нешто така така, ке оди од наредната година :) Сепак и на 5 и 10м ако биде ептен спремна не би одложувала.
     
  10. Ева33

    Ева33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2019
    Пораки:
    1.686
    Допаѓања:
    4.213
    Пол:
    Женски
    Во право си, но има секакви родители.
    Работам во образовна институција, и знам и гледам како одат работите.
    И јас не би пуштила мое дете пред време, но има многу родители што сакаат пред време да им го скратат детството на децата.
     
    На Tajnaotrovna и marchi-cool им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Секогаш ќе има деца што се понапредни. Ама тоа се 2,3, не се секое второ како денес што мајките си кажуваат за децата.
    Ако детето е капацитет и во школо се двои, самите наставници ќе кажат и има шанса да скокне одделение. Еве вчера мајсторот што ми работи дома ми кажа дека на детенцето негово му кажале да скокне 2ро одделение. Значи ако навистина има капацитет, ќе се издвои и има "решение" да не заостанува.
     
    На Tajnaotrovna, eli25 и An-na им се допаѓа ова.
  12. Love 83

    Love 83 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    1.587
    Допаѓања:
    31.694
    Пол:
    Женски
    Во нашето одделение има значи деца нели родени во јануари 2012 и деца родени во декември 2012 ,верувајте голема е разликата меѓу тие дечиња во капацитет ,скоро цела година се разлика .Моето е во март па е меѓу постарите .
    Затоа дефинитивно една година покасно игра улога и тоа голема
     
    На Tajnaotrovna, fana и kukla21 им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Ама па ќе се согласиме дека 5 и пол и 5 и десет месеци не е исто, нели?
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    месец два или три не прават многу разлика ама да не е исто.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Значи образованиево ни е хаос! Секое училиште, различна настава.
    Кога сме кај училиштата, на ќерка ми реонски најблизу и е Љубен Лапе или Александар Македонски. Има ли некој искуство со овие училишта?
     
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Има 2 сета на учебници. На ниво на школо решаваат кои ќе ги користат. Колешка префрли дете од К.вода во аеродром и имаше проблем со книгите. Не биле истите
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.985
    Допаѓања:
    233.282
    Син ми е прваче, роден ноември. Ќе тргне со 5 год и 10 месеци, најмал во генерација. Катастрофа.
    Желба има за училиште за да не оди во градинка. За друго мува не го лази.
    Нормално кога нема ни полни 6.
    Мал е.
    Ама немаше како да го оставам уште една година плус.
    Со полни 7 треба да одат почнуваат во училиште.
     
    На marchi-cool, kukla21, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    15.279
    И ние сме тука кај Љубен Лапе, најверојатно таму ќе ја запишам освен ако не се преселиме.Инаку и јас се распрашував и ми го пофалија многу Лапе и од зградата кај мене таму учат најмногу од децава, задоволни се родителите од училиштето и кадарот, мислам дека една година беше најдобро школо во државата,е сега за програмата незнам како е ,ама во целодневна учат и пишуваат домашни таму,ама само до трето одделение има целодневна , незнам како е во другите школи
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    Останаа уште 8 дена до почеток на учебната година. Дали веќе почнавте со подготовки или чекате од училиште да дадат информација што треба да се набави од прибор. Освен училишен прибор што друго треба да се снабди?
     
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Почекајте наставничките да ве известат што треба да купите. Има време не брзајте со купување.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.