Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @Mumoftwo30 сите што во календарската година полнат 6 години одат на училиште таа година. Значи родени од 1 Февруари до 31 Декември задолжително. Тие во Јануари родени може да бираат дали ќе одат во годината кога полнат 5 (и 6 да наполнат идната календарска година во Јануари) или со полни 6.
    И да има скоро цели календаркси години разлики меѓу деца во едно одделение. Ама тие разлики нити влијаат напролагодување во школо нити на успех и поведение. Барем во класот и школото на моето дете е така.
     
    На Mumoftwo30, lackygirl и happygirl им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.572
    Пол:
    Женски
    Ехе во март е таман за прваче, спрема овие декември тој е голем :D ама нема врска и јас мислам, еве супер е, а декември 6 ќе прави
    Уписите се на пролет, во мај.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.539
    Допаѓања:
    7.318
    Пол:
    Женски
    Главна дилема ми е она ако има најмалку 4 години до тогаш. Спрема групата во градинка за да остане со истите деца би тргнала на 5 години и 7 месеци, следната баш кај што си спаѓа со 6 години и 7 месеци.
    Бидејќи јануари нели, ние може да бираме. Ако сме тука во државава тоа.

    Генерално јас кога учев најстарото дете беше родено јануари едната година, најмалото мај, следната година. Значи година и пол скоро разлика. За учење бар во тоа време и совладување на материјалот немаше некоја разлика.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Ќе си процениш годината кога треба да појде во школо. Мојот е роден во Јануари и појде со тие што се календарски пред него. Значи на 5 и седум месеци. Одеше во градинка со тие што се календарски колку него и сите тие останаа во градинка само тој тргна во школо. Проценката тогаш на воспитувачката на кој јас верував беше дека е спремен за школо и уште една година во градинка би му било поголем проблем (научи сам собирање/одземање додека таа ги учеше основните на броење и такви некои слични работи). Од оваа перспектива не згреши жената во проценката.
    Зборот ми е не мораш сама да донесуваш одлуки и од сега. Консултирај се со тие што исто го следат детето и ако си на мисла и на тестирање во школо однеси го детето па и таму ќе ти кажат дали е или не е спремно со 5 и 7 месеци. Ако е добро, ако не пак добро.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.266
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    моето е на 30 декември, ми дозволија да го запишам покасно без никакви додатни документи или барања.Тргна со наполнети 6 години сега и сметам дека не згрешив/
     
    На Momichka и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Мајки дајте ми некој совет како да постапам,не е некој голем проблем ама како мине времето ме загрижува..
    Во класот на ќерка ми има едно машко,детето си е така по немирно, ама ја сака многу нејзе и цело време ја бацувал и ја гушкал,она се буни и кажува дека и смета,нејќе да ја бацува цело време по нејзе одел..прво не обрнував многу внимание и реков само кажи на учителките,ама денеска сабајле со плачки влезе ради него и сега казнета ја земав оти викала по него,учителките нејзе ја казниле,наместо да видат што е проблемот.Не реков ништо нејкам да направам проблем..се мислам дали да му рече дека е болна пример па да не ја гушка да не се разболи и он така некако сакам на некој по лесен начин да решиме..
     
  7. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Женски
    Треба вие да разговарате со наставничката за тој проблем, да видите таа што ќе ви каже, сигурно го приметила тоа. Штом на девојчето и ствара нелагодност треба да се реагира, со убаво ќе и кажете на наставничката да обрнува повеќе внимание на тоа дете, и да не ја става да седе до него
     
    На Bettina23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.854
    Допаѓања:
    109.935
    Пол:
    Женски
    Зошто да ја тераш да лаже? Не си рекла ништо а детето ти го казниле непотребно, каква порака и даваш, дека цел живот ќе и ја занемаруваат приватноста? Има сега некој како рил кружи по Инстаграм, вика вака Мајки не ги терајте децата на сила да се гушкаат со непознати и нови луѓе, не ги терајте на сила бакнуваат нови и непознати луѓе, не ги терајте на сила да мора да разговараат со непознати и да ги поздравуваат, зошто во иднина тоа значи дека ќе треба да им дозволат на многу непознати да ги сметаат за играчка. И има логика. Колку мајки им викаат на своите деца, да не прецизирам ќерки, оди поздрави се, не биди див/а гушни го/ја... Нема потреба да ја бацува некој ако она не сака и крај. Требало ти да реагираш, а не да дозволиш да се одолговлечи тоа. Ќе влезеш на час или ќе го почекаш другиот родител надвор, ќе поразговараш дека на твоето дете не му е пријатно да го бацуваат други и готово.
     
    На drugarka, Bella Nella, Malesia и 6 други им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Ќе разговараш со наставничката и ќе објасниш дека на твоето дете му е непријатно на училиште. На твоето девојче ќе му кажеш да повторува дека не сака да ја бацува и гушка. Не смее да и биде нелагодност заради друг ученик. Исто така не смее наставничката да не реагира ако некој твоето дете го присилува на гушкање. Исто е дали го тепа или гушка, битно е дека на детето не му е убаво.
     
    На SummerGirl, Bettina23, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    331
    Здраво мајки, ме интересира дали на вашите првачиња им даваат секојдневно домашни по сите предмети? Ми изгледа како да се премногу оптоварени децава, и некако како се за дома да е. Повеќе дома работиме него во училиште. Како е кај вашите дечиња?
     
  11. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Тоа , нормално, си зависи од учителката. Некои даваат повеќе домашно , некои помалку, некои воопшто не даваат.
    Наставничката на ќерка ми им дава секојдневно по малку. Математика ( ја короситме вежбанката и во неа имаат по две , три задачи ) , македонски јазик им дава линии ( коси, прави) во тератката по неколку редови. За час - два готова е со донашните.
    Некои наставнички даваат и учење стихотворби, нашата наставничка засега не дава напамет учење стихотворба за дома, туку ги учат во училиште на часот по македонски.
    Воглавном сум задоволна, не се пренатрупени со домашни задачи, ама и не се скроз без училишни обврски дома, секојдневно имаат по нешто да сработат.
     
    На Momichka и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.266
    Допаѓања:
    4.929
    Пол:
    Женски
    Син ми има домашно секој ден, македонски усте пишуваат цртички коси, прави, закосени, и секој ден има по 1 страна плус да допише ако не довршил на тоа што го пишувале на час, обично по 1 лист пишуваат на час а еден за дома ама некогаш знае да му е напишан до пола. Математика учат бројки и обично има домашно да напише еден лист со бројки во коцки ама преку една коцка и има баш доста за пишување.Општество и природа обично имаат да нацртат и да избои нешто. И плус им дава наставни ливчиња да бојат, да сечат да лепат.Моето оди и плус во нижо музичко училиште и таму учи плус солфеж и има плус домашни и од таму. Тешко е додека да се накани да седне а кога ке седне после завршува се без проблем.Е сега знае да инсистира да седам и јас со него, и јас да пишувам па се тркаме кој поубаво и побрзо ке напише.Сметам дека не е премногу ова, целта на домашните е да стекнат чуство на одговорност.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Ние сеуште немаме домашни, ваљда дека е целодневна.:?: Кога се отсутни и даваат дома да допишат, ама за сега нема домашни. Ги земавме вежбанките од литература по сите предмети и вака корисни ми изгледаат, дека ми е чудно вака без домашно па јас и давам.:D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    7.634
    Пол:
    Женски
    И кај нас е исто. Таму пишуваат се, дури малку ме фаќа паника дека дома нема никаква обврска ама па во тие неколку саати што остануваат за дома уште домашно би фалело.
    За викенд исто ги имаме вежбанките од Литература и две од Просветно плус цртање, боење па компензираме.
     
    На SummerGirl и mimiiiii им се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.145
    Допаѓања:
    40.509
    Пол:
    Женски
    Кај моево дете лани дури второ полугодие знаеа за викенд да пратат по некое наставно ливче за домашна за викенд. Друго се се работеше и завршуваше таму. Еве сега е второ и за сега исто. Само по малку домашна за дома само за викенд. Веројатно е до тоа како ја спроведуваат програмата и колку сакаат да се потрудат да работат таму со нив.
     
    На Skorpija25 и Minnie-e им се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.572
    Пол:
    Женски
    И кај нас ретко дава домашна, еднаш неделата, мин недела имаа песничка за учење, втора досега и само тоа беше домашна за цела недела. Некогаш немаат ништо цела недела, таму се работат.
    Моево засега е мн заинтересирано, одговорно, заедно книгите ги редиме, има распоред и ги носат секој ден по распоред, само приборот за ликовно му е таму во кутија и патиките за физичко, кажува ко ќе си дојди што правеле, работеле така вели Денес работевме... :D
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Имав пишано дека имаме проблем во школото со детенце што постојано ја бацувало ќерка ми,па да пишам,се реши проблемот.Разговарав со учителката ми кажа дека она е како "изгубена" нити следела на часовите нити ништо ,само гледала каде оди тоа дете и почнувала да вришти на секој чекор негов,голем шок претрпе стварно,како уплав да имаше од него,за сега ситуацијата да се смени скроз,они најдобри другарчиња,не ми се верува ни мене ни на учителките,и кажав да прават пет со рачето кога ќе сака да ја бакне и некако тој компромис им одговара на двајцата,се надевам така ќе остане.За учење некако ич не е заинтересирана,нејќе да се потруди,ми рекоа баш и учителките вика си седи и си чека,кујзне кај и се мислите,исто и дома вчера бројот 2 го пишувавме 3 саати за на крај па да незнае да го пише,јас си зборувам јас си слушам.Дома сум имам време да и посветам,учиме,пишуваме се трудам на секој начин да и објаснам ама она никако да покаже желба да научи :?:
    Кога одеше во градинка сама се облекуваше,сама чизми,патики,кога одеше во вц сама си се бришеше,можеше раце,летово беше кај баба и на гости,и баба како баба за 1 месец што ја разгалила јас неможам да ја вратам во нормала..Нити вода си пушта во вц,само вика дојди избриши ме,еве сабајле се скаравме нејќе да ги фаќа патиките да ги облече(нечисти биле) и се јас и ги облекувам,а 9ти месец сум бремена одвај се наведнувам веќе,ладно беше сабајлево купивме чизми,викам пробај да ги облечеш, не можам не знам и толку нејќе да се потруди,се скаравме и си ги облече пак патиките, и викам стани стоенка е полесно да ги облечеш ама нејќе да ги допира нечисти биле :smirk:има и добри особини ама оваа нејзина незаинтересираност,мрзеливост како да пишам што нејќе да се потруди ништо да направи,научи веќе од такт ме вади
     
    На SummerGirl и lackygirl им се допаѓа ова.
  18. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Многу сум разочарена од програмата за прво одделение. Некако многу ми е брзо.
    Ги учија броевите до 5 и ајде собирање.
    Не знам уште колку денови ќе ги учат по програма, ама некако многу ми е спротивно од целата инкузивност која се промовира.
    А додатно што имат грешки низ учебник Македонски јазик :@
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Ќе се навратат на собирање и во второ полугодие. Сега претпоставувам собираат само сликовито (се им е нацртано ама има знак собирање и само треба да пребројат колку има на крај). Потоа секоја година ќе се навраќаат на истите теми само ќе го прошируваат знаењето, односно ќе работат со поголеми бројки. Кај син ми во одделение имаат дете со аутситично растројство и ОК се снаоѓа.
    Инклузивноста е повеќе од аспект на обезбедување дополнителан помош на деца на кои им треба помош (децата кои имаат некаква дијагноза имаат модифициран наставен план - некогаш тоа значи дека и поспоро одат низ материјалот и се оценуваат според тој план) и добиваат Образовен Асистент ако е потребно.

    Јас искрено мислам дека па лесно сфаќаат математика на таа возраст. Може и наставничката нас ни се погоди, па им објаснуваше на прифатлив начин.

    Само трпение и се ќе си дојде на место.
     
    На Mother of 2boys, SummerGirl, lackygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    6.587
    Пол:
    Женски
    Се надевам @JoyJoy, дека со навраќање ќе им легнат операциите.
    На некои им легнуваат полесно, некои не баш, ама тоа е... Повтарањето е мајка на знаењето...
    Инаку да, во претходниот пост ги измешав програмата vs. пристапот на инкузивност. :bow:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.