Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    И јас имам впечаток дека се брза, особено по македонски јазик. Ама ајде, може по наставен план и програма да е така.

    Распрашувам како работат кај различни учителки, во различни школи... сфаќам дека секоја наставничка свое темпо си тера, онака како што мисли дека е правилно.
    Некаде само да распознаваат букви , некаде веќе учат букви по учебникот, некои пак буквите ги оставиле за второ полугодие...

    Кај нас до К се стигнати, по учебникот одат. И читаат веќе, секојдневно ги испрашува да читаат и скоро сите веќе успеваат. Иако мене ми се чини пребрзо , ама очигледно дека на учителката и успеа до крајот на прво полугодие скоро сите да читат.

    Ќерка ми чита, буква по буква, на крај го кажува цел збор.
    И никако да ја научам слог по слог, не и успева. Ако има некоја техника споделете ве молам.
    И пишува кратки зборови...
    Ама вежбаме доста дома и читање и математика. Сеуште се чудам како постигнуваат децата кои ни книги не носат дома, нити домашно имаат.

    Математика до 10, се задржаа на непознат собирок подолго.

    И да, пребрзо ми е, напорно, несфатливо колку брзо одат напред, а за да биде во тек морам дома да вежбам со ќерка ми секојдневно.
    Резултати има, добра е, ама и последици има врз моето ментално здравје :(, презафатена сум со обврски, животот ми се сведи на училиште, секој ден нешто ново...
    Ама ајде, кога гледам дека вложениот труд од мене и од наставничката дава резултати тогаш сфаќам дека вреди...
     
    На Mother of 2boys и TarantulaA им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @snegulkata читање буква по буква е начинот на кој учат сега. Не ја терај по слогови. Ќе се пушти одеднаш цели зборови. Нашата наставничка рече до 3-то ќе учат да читаат и читање по буква по буква е сосема во ред до тогаш. Моето на крај на прво веќе читаше цели зборови, иако имаше деца дури во второ се пуштија убаво да читаат (не буква по буква).
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.182
    Допаѓања:
    24.573
    Пол:
    Женски
    Исто и моето буква по буква чита, некои зборчиња веќе ги препознава и ги чита цели. Јас немам ич време за нешто плус дома да го учам, само домашна ако имаат пишува, јас му помагам, ако нема домашна не фаќа книга, само ги редиме за другиот ден. Засега мислам дека нема потреба да го форсирам за повеќе. Денес ги учеле Г и Б. Утре ќе правеле нешто како тест математика, собирање и одземање до 10.
     
    На snegulkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.290
    Пол:
    Женски

    Дали навистина вреди?
    Што е тоа што вреди за целиот труд што го вложуваш и што страда менталното здравје?
    Тоа што детето ќе научи да чита на 6год наместо на 7 вреди?

    Незнам, се чудам и се нервирам што ги оптеретуваат децата на 5години, допрва 6 наполнија. Неможам да се помирам зашто не ги остават да бидат деца, каде е целото ова брзање, за што?
    Да на навлегувам понатаму дека имаме ужасно лошо образование, сега секој втор е магистар и доктор на науки на 25год, и факултетски дипломи се штампаат каде и кога сакаш.
    Секој со својата среќа и знаење, не велам дека треба да се остават така и кој како се снајде.
    Ама што е со притисокот и оптерерувањето уште од 5 годишна возраст
     
    На Bubish26, TarantulaA и snegulkata им се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Cekajte, cekajte, tek e pocetok. A vtoro da vidite kakov materijal e, osobeno po Matematika. Gi bunat i gi potresuvaat decata. Pa po Prirodni nauki nastavni livcinja so definicii, ej na prvo polugidie od vtoro. Ne znam sto gi traumatiziraat decata. Ne se normalni.
     
    Последна измена: 27 декември 2024
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Ова се зависи од наставничка до наставничка. Во второ моето дете немаше наставни ливчиња со дефиниции, нити пак ни беше кажано дека треба да учат дома за наставните ливчиња. Се си течеше без потресување. Првите вистински тестови им се сега во четврто одделение.
    Инаку Математика на родителите најголема збунка им е множење во второ одделение. Да учат да множат ама не треба да учат да множат напамет. Треба да научат дека множењето е скратено собирање и учат повторно сликовно да множат. Таблица множење се учи тек во трето (онака цела напамет).
    Исто така им покажуваат различни начини на собирање ама тоа не значи дека секое дете треба сите начини да ги знае туку треба секое дете да научи да собира на начинот на кој на тоа дете му одговара. Инаку конкректно Математика едно исто се врти само се надоградува со поголеми броеви и покомплексни информации (така е и во Четврто).

    @CooperD а од каде си сигурна дека ќе им страда менталното здравје на децата ако вложат труд? Може и да се стекнат со самодоверба (јас знам јас можам).
     
    На Mother of 2boys и TarantulaA им се допаѓа ова.
  7. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Не до толку буквално да ми отишло менталното здравје, дефинитивно сум претерала во изразот. Ама мислев се подразбира на што мислам.
    Дека скроз ми црпи многу енергија и ми го одзема слободното време е вистината. Ама карактерот ми е тој, важно ми е да биде во тек со темпото на наставничката, и ете Е во тек... затоа велам вреди.
    Друго што мислам е дека секој почеток е тежок, ова е време кога дете се учи на одговорност и исполнување на обврските, јас како родител сметам дека на моето дете му треба помош , е сега рано или не за описменување е дискусија на која исти став имаме - се брза и небитно е дали ќе читаат во ноември или во мај. Важно до крај на прво одд. да читат.

    Имам и поголем ученик, за материјалот што го учат ич да не зборам, за учебниците исто...
    И ако во цела оваа агонија на пропусти во образованието, почнеме и ние родителите да решаваме математички загатки дали на 6 или 7 ќе читат, па сами одлучуваме дали ќе се прилагодиме на захтевите од учителките и животна поговорка ни биде - за се има време ... е сето ова ќе резултира со неписмени генерации.

    Сепак... за крај , секој родител одлучува за своето дете. Ама мислам дека она во училиште што се бара , не треба да се занемарува затоа што нам ни е напорно или затоа што едногласно сметаме дека е пребрзо и премногу.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Здраво, ние се преселивме од една општина во друга, а малата треба да почне прваче во септември. За шал нашите лични карти сеуште се на стара адреса, а на новата немаме уште имотни листови. Која би била постапката да можам да ја запишам во новата општина и дали некоја се соочила со вакво нешто? од каде да почнам? училиштето е затворена и на телефонскиот број не се јавува никој. Другата општина не доаѓа во предвид бидејќи е 20-25миниту оддалечена од сегашното место на живеење.
    Секој совет би ми значел. благодарам
     
  9. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.114
    Пол:
    Женски
    Ние немавме лични карти со адресата каде што се преселивме, но имавме имотен лист. Така да не запишаа некако.
    Најдобро ти е да не ѕвониш на телефон, него директно да одиш во школото и да се информираш.
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.290
    Пол:
    Женски
    Нема да имаш проблем, коа ќе дојде ред за запишување ќе си разговараш со луѓето таму ќе ти кажат што како.
    Сеа се на одмор, лош период си одбрала да тераш работа :)
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Имаш време до уписите во мај да си ги средиш документите. Инаку до понеделник не работат училиштата, затоа не ти се јавува никој.
     
    На Annie.mk1 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Благодарам на сите, се надевам на успех. После празниците ќе одам и ќе прашам лично
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.943
    Пол:
    Женски
    Ако до мај не добиете лични карти со купопродажниот одете, ќе успеете. Или ако не е ваш стан со изјава на станоиздавачот.
     
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.803
    Пол:
    Женски
    Имате некој договор како сте го добиле тој дом на таа адреса, тоа ќе приложиш.
    И личната карта на кој се води тој договор.
     
    На Stela Maris му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мајки отпрлика што ги прашуваат потенцијалните првачиња на тестирање? :)
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Да кажат некоја песничка. Дали одат на градинка, како се викаат тетките.
    Од некоја сликовница му покажуваа животни да идентификува, некоја бројка и буква.
    На крај да нацрта нешто.
     
    На snegulkata и Larahappy им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Ќерка ми ја прашаа песничка, колку години е, на која улица живее, да изброи до 10, да нацрта цетеж , да си го напише името ( тоа не знаеше ) .
     
    На Larahappy и duffi им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Мојот го прашаат бои да идентификува, овошја, лево/десно, да раскаже приказна (Црвенкапа мислам), дали оди во градинка, да нацрта нешто и ако знае да си го напише името.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    2.840
    Пол:
    Женски
    Мајки како читаат вашите првачиња?учат да читаат/знаат?заинтересирани ли се да научат?
    Кај мене како учат буква така учат да читаат зборчиња составени од буквите што ги имаат изучено.Зборчиња од 3 и 4 букви ги чита,ама од повеќе букви неможе да го каже цело зборче..
    Денес малку бев по лоша па сега ми е криво оти заспа расплакана..ама буквално ја игнорира таа книга за читање,а учителките кажуваат дека мора да вежбаме дома,не е страшно и да грешат битно да се трудат..знам дека е долг процес не е песна да се научи на памет ама сакам некако да ја поттикнам,да покаже заинтересираност не со плачки да чита
     
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Со плачки само уште поголема одбивност кон читањето ќе создадеш. Искуствата се различни,некои првачиња уште во ноември/декември почнале со букви,други сега второ полугодие.

    Бирај лесни зборчиња за почеток со изучените букви,дели ги на слогови. Прваче на почеток треба да чита во слогови. Секако,откако ќе прочита ма-ма треба да каже мама.
    Истовремено нека вежба и пишување, додека пишува,буква по буква на глас да ги кажува. Само трпение и ќе се опушти и детето.
     
    На lackygirl и Bettina23 им се допаѓа ова.