Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.908
    Допаѓања:
    7.634
    Пол:
    Женски
    Мајки дали знаете која е процедурата за посетување градинка на прваче? Мислам за летниот распуст.
    Треба да поднесам документи за упис во конкретна градинка(која сакам)?
    Има ли некоја искуство?

    Инаку за очниот преглед не е важна сликата што е во апаратот. Обично е балон ама ништо важно дали е балон или вазна.
    Важно е што ќе извади апаратот како рефракција.
    Ако не сте сигурни во прегледот направете уште еден. Би ви го препорачала др Ристовски
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.777
    Допаѓања:
    145.291
    Веројатно кај вас има избор за носење.Во помалите градови и не баш. Кај нас ја признаваат потврдата само од очно одделение ама јас сум задоволна. Го имам носено и претходно таму оти имаше благ страбизам.
    Освен бројки , му покажуваше и фигурчиња. И секако преглед на компјутер. Кај нас по моја линија генетски сите имаме диоптер машала, па ми е ептен страв и за малите. Ако пак го носам, пак би одела таму.

    Ама пак ќе кажам, се зависи каде и кој го врши прегледот.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Мислам дека некако ради реда беше прегледот,зошто како што забележав и беше однапред подготвен извештајот (бидејќи тоа е амбуланта само за првачиња) и не го пишува никаде тоа што го кажа,освен на ливчето од апаратот.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.181
    Допаѓања:
    24.568
    Пол:
    Женски
    Ако ти е сумливо појди си на приватно.
    Лани ко беше прегледот за првачиња се бепе ок, сега пред 1 месец му дадоја наочари со +1.5 диоптер плус страбизам имал. Како се ова во нецела година се направи нз... Ги знаеше буквите и тогаш, тоа се кажал ама ете...
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    6.505
    Пол:
    Женски
    Каде се прават офтамолошки и стоматолошки преглед за првачиња?
    @Sofi.ja каде правевте?
     
    На hristinan12 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    1.489
    Пол:
    Женски
    Гледам на мој термин за скопје нигде нема термини за првачиња, и дали ова сами треба да ги собираме пред време документите без некој официјално да извести? Пошто малиов ќе трга од септември во школо, па сега случајно видов дека треба вакви прегледи... јас ќе си чекав мај за упис(facepalm)
     
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.181
    Допаѓања:
    24.568
    Пол:
    Женски
    Кај нас матичната му закажа сама, имаше список кои деца се првачиња и така му фати термин одма. (ова за Битола на болница).
     
  8. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Прашај си во конкретното училиште дали мора од државни/назначени установи.

    Јас мојов на очно приватно го однесов, Деница.
    Забар кај мојата матична, која му е и него впрочем.
    За упис не ги ни имав потврдите, ги онесов во август пред да тргне.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Има во Јане Сандански и на клиника. Ама барај од утре термин,ние пред 1 месец имавме закажано.
    Офталмолошкиот преглед треба да е од државна институција а стоматолошкиот од детскиот стоматолошки диспанзер (каде подоцна во текот на школувањето ќе одат на прегледи),не кај матичен.
    Се толерира да не е направен некој од прегледите пред упис,може да се достави и подоцна.
     
    На Ne znam koj, JoyJoy и The Unicorn им се допаѓа ова.
  10. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Може да биде кај нејзиниот стоматолог или мора по поликлиниките?
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Има назначено каде треба да се направи. Има државни диспанзери со превентивна стоматологија за деца. Потоа во истата ординација одат еднаш годишно на превентивен преглед. Им се отвора картон и се следи. Даваат насоки што и како треба да се прави за одржување на забите.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.872
    Допаѓања:
    28.580
    Од мене добронамерен совет, очниот преглед на првачињата задолжително да си го направите. Иако постои опција да се земе формално потврдата потребна за упис, сепак не го прескокнувајте тој преглед .
    Во нашиот случај ја земав потврдата и запишав прваче, на преглед се вратив неколку денови покасно. И си се откри астигматизам и на двете очи. Станува збор за дете кои не седи пред екран , и можеби затоа не успејавме да го препознаеме проблемот порано.
    Ние сме само еден пример, а познавам неколку во наше опкружение кои токму на тој прв преглед за упис на прваче е откриено проблем со очите.
     
    На Minnie-e и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Moжеш и на приватно, вчера се јавив во промедика ги признавале и тие прегледи ми кажаа.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    109.813
    Пол:
    Женски
    Ама не се јавувај во Промедика, јави се во школото, школото ќе ти каже дали признаваат или не. Промедика за парите да ти ги земе што ќе ти рече, не ги признаваат.
     
    На JoyJoy и Larahappy им се допаѓа ова.
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Е да и тоа што викаш..
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    109.813
    Пол:
    Женски
    Нашето училиште пример прифаќа и од приватни, ама има училишта што не прифаќаат, строго од поликлиника. Е за забно пак строго само од поликлиника.
     
    На JoyJoy и Larahappy им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Прашај најдобро во школо. Јас кога го запишував моето дете ми кажаа опд која Поликлиника за потвтда од стоматолог (сега кај истата одат секоја година на превентивни прегледи што е супер). За офталмолог прифаќаа само од Клиника и уште неколку државни установи. Па се створи гужва и општината потпиша договор со Санте па таму го носев (бесплатно). Кај нас ради тоа прифаќаа потврдите да се однесат и во текот на летото (заклучно со 25 Август или така нешто).
     
    На Ne znam koj и Larahappy им се допаѓа ова.
  18. Ivana-Iva.94

    Ivana-Iva.94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2015
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Дали ги прифаќаат потврди од Деница за запишување на првачиња? Или ако знете да ми предложите ако има од некоја приватна да ги прифаќаат
     
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.973
    Допаѓања:
    112.462
    Пол:
    Женски
    Мораш да прашаш во конкретното училиште од каде се прифаќаат потврди.
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.828
    Допаѓања:
    109.813
    Пол:
    Женски
    Само училиштето ќе ти каже точно.