Строго е ако немаат простор за промени, ако класовите се полни. Иначе може без проблем ако има место. И кај ќерка ми групата е така, повеќето се во едно школо, она и уште 2-3 деца се во друго. Мене ова другово секако поише ми одговара (и како училиште, и локациски до дома), па тоа што нема да има деца од нејзина градинка ми е сеедно. Дури ќе речам и подобро. Ако има другарка од сега со нејзе во клас, ќе се однесуваат како во градинка, па после проблем може да има. Вака скроз од нула, ќе си створи ново друштво, како што си направила и во градинка.
Не би требало да прават проблем, а можи нешто лекарско документ да извадите на пр дека не треба да ја прима
Офталмолошки можеш приватно, ама стоматолошки не, мора да е од поликлиниката каде што се запишува детето на таа територија. Ѓорче во Поликлиника Ѓорче прават. Прашај си во школото.
Зависи од општина и од училиште. Нас ни прифатија од матичниот стоматолог на детево кога го запишувавме. @Снегулк@23 прашајте си во училиштето каде ќе запишувате што прифаќаат.
Незнам ама сиг постои начин, штом не смее со потврда ќе се докажи, а најубаво да си прашате во училиштето кај што ќе го запишувате.
Јас со малиот каснам многу со вакцини заради болест, па од градинката ми рекоа потврда од инфектолог зошто не може да си прими се што треба според возраста. А мене пулмолог од Козле и од вакцинален пункт ми одредија кога што може да прими, ама тоа не се признава. Така да прашај си во школото. Ако признаваат од матичен, супер, ама се построги се на тема вакцини, како што и треба да биде, па можеби само од матичен нема да ти врши работа.
Здраво. Годинава имаме прваче, па ме интересира дали треба да ја прими вакцината што е на 6 години задолжително за упис? Инаку ги до сега си има примено сите вакцини и секако ќе доставиме потврда, инаку 6години полни на 26.08.25
Пишав и погоре мислам, кај нас сите ја примија ММР во октомври - ноември лани, моето немаше полни 6 год бидејќи е роден декември ама си ја прими, оф на школо ги пуштија.
Пројде некој приемен за прваче? Да каже како поминал и што да вежбаме @Spidy како не ти ги признаваат? Нема да го примат детето во школо?
Има ли некое школо на територија на аеродром (блаже, браќа, лапе, пулевски) или центар (цел) каде има класична настава, по можност и 2 смена?
Детето што ми е за во школо си е вакцинирано со се. Ова ми е второто дете, за упис во градинка. Прележа пертусис многу мал, плус сите болести што поголемава му ги донесе од градинка, и ни до пола не е со вакцините што досега требал да ги прими. Им објаснив ситуација кога поднесував документи, и ми рекоа нема проблем чим имам причина зошто не е уредно вакциниран, ама тоа да го потпише специјалист инфектолог. Бидејќи сум дома, не ми дошло до шетање по инфективна клиника за потврда, ќе си чекам да си прими се штом може, па ќе тргне во градинка. Иначе пројдов упис, ме изнервираа до даска дека многу и се ставаа во фаца на ќерката, а она не е баш такво дете дружељубиво. Мене некој така агресивно да ме гледа во очи од 15см би ми било непријатно, а не на мало дете што и онака не прави муабет со непознати. Па ми се закачија мене да ме анализираат повеќе него неа. Разбирам ја темелно испрашување за фамилијарни односи, ама ме изнервираа непотребно. Прашањата се прости, име, години, семејство, кои ти се другари, какви игри играш, да нацрта нешто, да изброи до 10, да каже бои. Ми напоменаа дека нешто клучно им е да распознаваат лево десно, другите работи мање више битни.
@Spidy ова вашево било најдолг приемен за прво одделение што сум го чула. Темелно испрашување за семејни односи?!? Втф Работат со деца, а ко да немаат појма од работа со деца. И мојов е повлечено детенце. Ај ќе видиме како ќе биде, се надевам нема да ми стапнат на жуљ.
Мене ме испрашуваа, не нејзе Женава и се напика во фаца, малава почна да се повлекува, јас и викам ај одговори што те прашуваат да не доаѓаме пак, и психологот се фокусираше на мене ко да ја истепав. Јас сум многу строга, ќерка ми знае дека со мене нема трте-мрте, ама психологов тоа го интерпретираше како да е смртно исплашена од мене и ја трауматизирам, а всушност она и се напика во фаца и и викаше не гледај во мајка ти гледај ме мене во очи, на 15см од лицето. Може тоа им е некој начин на тестирање комуникација, во ред, ама кај ќерка ми јасно ми беше дека нема да има добар прием кога воопшто не е опуштена со непознати. После и маж ми кога влезе, и он ме бранеше зошто виде дека се претерува ептен. Сакаа и да ме вратат за друг ден. Се заинатив дека ќе завршиме и готово. Им реков не сум дојдена јас на психолошка сеанса, го донесов детето на упис, фокусирајте се на тоа, и 5 пати да дојдеме нема да се смени мојот однос со детето. Да не се правам цвеќе за мирисање, ме изнервираа, и јас се испонашав дрско, ама воопшто не очекував да ме ставаат на тапет непотребно. Свесна сум за своите мани, немаше потреба од 2 саата анализа на моите мајчински способности кога детето нема никаков реален проблем. Нејсе, после мала пауза, ќерка ми се опушти, нацрта, одговори што требаше, се супер, само јас искочив изнервирана, ми го ебаа денот место да го славиме првачето.
Jas ja zapishav laniso samo dve dozi dtp i nisto drugo duri ne ni odnesov karton za imunizacina. Si potpishav izjava taka baraa od skolo deka vo tekot na periodot ke ja vakciniram i taa ja potpishav kaj sekretarkata mislam beshe i oni di ja zaverija vo arhiva. Taka i volkot sit i ovcite na broj site zadovolni i oni zastiteni i jas so nevakcinirano dete zapishano. Osnovnoto obrazovanie e zadolziteno so zakon za sekoe dete taka da vakcinite ne se merilo za upis. So sreka