1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прва екскурзија

Дискусија во 'Дете' започната од sanjaeva, 4 мај 2011.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Оваа недела моето сонценце за прв пат отиде сама на екскурзија. Дома како некој облак да влезе...се шуткаме како без компас, незнаеме што со себе. Помислувам да одам да ја видам... а длабоко во себе сакам да се воздржам.
    Чудно се однесувам. Не и е прв пат да биде отсутна од дома. Секое лето го поминува со баба и дедо во Охрид...но сега е поинаку.
    А она е среќна, пресреќна,,,дури и нема време да зборува на телефон :)

    Како се чувствувате Вие мамички кога детето не ви е пред очи?
     
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Исто како и тебе.
    Лани син ми ,во прво одд.отидоа на еднодневна екскурзија,и нормално со мајките на другите деца од одд. цело време бевме во контакт.Сега се јавила една,за пола саат друга...и така бевме во тек цело време како се децата.
    Кога се вратија учителките ги пофалија,многу биле умни.А син ми важен-бил на екскурзија.
    А инаку кога не се дома,кај баба и дедо на гости беа минатиот викенд,јас и маж ми сами дома.И што е најинтересно ручаме во тишина и на ТВ.пуштен цртан филм-навика.
    Колку и да се бесни,немирни,кога не се дома празно е.
     
    На lolyta777 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.981
    Пол:
    Женски
    Како??Напната сум до крај,се нешто ми се премотува во главата,и/му досадувам по телефон,куќава ми е празна...и така во тој занес на мајчински порив,сваќам дека пиленцата излетале без мене,екскурзијата ме става и мене и нив на испит,се фаќам себе како се тешам ,и одеднаш ми светнува моите деца пораснале тие можат да водат сметка за себе барем неколку дена..и тоа ме разнежнува..и така во круг :wasntme:
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ааау јас на 22 години кога не сум дома подолго време моите се чувстуваат ко утки.Штуро им е и празно,па мајка ми само кисне по телефони или спие да и мине време! :D Татко ми машки се воздржува и последниот ден на телефон ќе ми рече,фала богу помина,едвај чекам да те видам,со мајка ти само си зборуваме е сега да беше дома,ова ќе направеше,ова ќе кажеше,она ќе истресеше! :D А јас шеговито,да де да,пукнавте за мене,ко на меден месец сте биле,јас само ви досаѓам! :D

    Така да мамички и татенца,навикнете се! :) Не само првата и втората и третата и десетата екскурзија и одмор и на деловно патување и каде и да се и кога и да е,без разлика колку години имаат,секогаш ќе ви биде баааааарем малцуцка како сега! :)
     
    На wolf4e и teddybear им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Во контекст на муабетите со родителиве :)
    http://www.demotivacija.mk/shto-mislat-roditelite-814.html :D Ова во потполност ја опишува мајка ми до ден денес. :D :D :D

    друго Лилит се си кажала, да не се повторувам јас. :rofl:

    едит: Чекајте да се дополнам, да не речете дека сум нечувствителна заради сликата, ама смешна ми падна. Родител како родител цел живот ќе си ги мисли децата, и ќе си ги носи врз глава. :) Едноставно само малку можете да се опуштите и да помислите дека и вие сте биле деца :) А сите тие чувства се појаки од вас.

    Јас од првата екскурзија дома им дојдов со пукната аркада :tmi: Леле мајка ми колку тагуваше ... тоа е што е. Не за џабе се родители. Тие се нешто свето, и тие се единствените кои ни го посакуваат сето добро на овој свет без ништо за возврат, освен малку љубов.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    хаха леле кај мене мајка ми и кога сум излезена некаде мора да ми се јави 2-3 пати, многу пати и се имам налутено за тоа, имам правено и проблеми, не сум кревала цела вечер, а таа ко збудалена (сега се каам, ама шо полза од каење кога не сум размислила на време)...и дур не се вратам кутрата не заспива...
    а пак кога сум на одмор не можам да ви објаснам кој замор е...ллеееј, значи на пола саат, па јадеше ли, па се наспа ли, немој мн на сонце, немој мн сладолед знаеш каква си, немој ова немој она...ама трпам, сепак мајка е ;)
    забегав од темата...
     
  7. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    леле незнам како ќе реагирам кога ќе дојде време(за едно 2 години) сигурно ќе бидам повозбудена од ќерка ми,видно ќе паничам,и ќе досаѓам по телефони :lol: незнам никогаш се нема одвоено од мене,па макар и на една ноќ,тешко ќе биде,но секако сакам да оди,да се дружи исл.Па јас немам пропуштено ниту една екскурзија од 1 одд па се до апсолвентската екскурзија :lol: сакам да и овозможам и таа да ја осети убавината на училишните патувања
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Утре ќе си дојде :sun: мое..... одвај чекам :)
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Леле сега ме потсетивте на мојот т.н прв одмор.

    Абре тогаш бев прво одделение и ајде живи радости со братучетка и другарки ке одиме на организиран камп преку кошарка, ама во куќи престојувавме. Требаше да седиме десет дена. Многу бев среќна дека прв одмор без родители, со другарки. Многу беше убаво првите два дена, вриштења, прскање со шишиња, неспиени ноќи и се заврши со доаѓањето на моите родители третиот ден |( .

    Вие не знаете само колку се радуваа кога ме видоа, како да му отишла отаде Австралија па не ме виделе со години, а мене можете да ме замислите кога им ја видов колата пред куќата како останав :o .
    Па де бре, сите имаа родители па не ги посетија само моиве најпаметни :tmi: .

    Може отидов оф топик, ама само сакав да го доловам моето или родителското искуство со екскурзииве/одмориве.
     
  10. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Кога бев прв пат на екскурзија имав само 5 години.
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Денес ќерка ми прв пат отиде сама на екскурзија. Жива возбуда, не се опишува. :D

    Веројатно затоа што ја имам пуштано одамна по одмори со бабите и дедовците и не ми беше нешто тешко, чудно и невообичаено. Четврто одделение е, па рано е за глупости, што ми е многу мило. Повеќе ќе ја мислам кога ќе има бубачки во глава и кога потешко ќе се контролира. Многу одговорно дете е, па затоа некако знам дека се ќе биде ок. А секогаш може да се случи нешто што не треба, без разлика дали е со мене или со наставничките.

    Наставничките рекле дека е подобро да не носат мобилни, па не и пратив. Не сакам да ја оптеретувам со јавување, ниту да има обврска да се грижи за него. Ако не дај боже има потреба да се чуеме, наставничките го имаат мојот број.

    И кажав само да ужива колку што може повеќе, да ги слуша наставничките и да си го чува здравјето. И да изгуби нешто, да не се секира. За метеријални работи не вреди човек да се нервира. А таа ми рече дека сум најдобрата мајка на светот :D
     
    На sanjaeva, Viktorijaaa5 и duffi им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Ќерка ми се врати од екскурзија.

    Додека беше таму се слушнавме неколку пати. Ми кажа дека сум и недостасувала. Искрено, мислев дека само така вика, затоа што веројатно со другите деца разговарале дека им недостасуваат родителите. Секое лето сме разделени по еден месец, па и повеќе, и навикнати се да бидат без нас. Но излезе дека навистина сум и недостасувала. Друго било тоа кога е на одмор со баба и дедо. Ме изненади реакцијата, мислев дека ќе нема гајле.

    Додека беше отсутна најмногу му недостасуваше на син ми. Кога се дома заедно како маче и куче се, а сега едвај издржаа 4 дена еден без друг. Еве ги сега, втор ден не се двојат еден од друг.
     
    На glosipgirl и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  13. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Moјата прва екскурзија т.е. сама без мама и тато, беше во 2 одд. само еден ден. Тогаш немав телефон да и ѕвонам да мама и на секоии 5 мин. да и се јавувам :).
    Беше добра екскурзија сеуште се сеќавам на неа.Бевме во некое село во близина на градчето. Бевме на една фарма за крави.Ни кажуваја како се одгледуваат,како се молзат и што ли не за кравите. :) И некое време седевме во дворот на фармерите :) .Потоа отидовме во Жито Битола.Таму ни кажуваја за како се прави брашното,како се меле житото. И после тоа ни даваа пакерче брашно од 1 kg и една кифла :) .После тоа домче.Убава беше таа екскурзија.
    A бре поубаво е без телефони :^) .Рајат си,никој не ти досадава.Оти вие мајките да знајте жива досада сте,кога сме на екскурзија :tmi:
     
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Јас на мојата прва екскурзија во 2 одд. имав телефон, но моите само два пати ми се јавија, бидејќи знаат дека школските ќе ми се смеат (па да, тие немаа телефони, нема кој да им ѕвони).
    Тогаш во Скопје бевме, и како и обично, Лајтнинг срамежливата не си играше во Луна Паркот, туку се шеташе со таа жената што ни беше водич. Ужас екскурзија ми беше, само на вовчето се возев. Да го сменев времето, јас самата би била тој водич и не би дозволила моето минато детенце да си го помине така првиот ден без мама и тато... :)