Прва операција на промена на пол во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 3 јуни 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.643
    Допаѓања:
    49.295
    Пол:
    Женски
    Веќе повеќето од нас верувам дека се запознаени со овој случај. Денес во ,,Аџибадем Систина" е извршен првиот хируршки зафат за да 35 годишен маж стане жена. Кои се вашите мислења за овој случај? Јас сметам дека е малку лудо да го менуваш самиот она што е дадено по божја волја, нема благослов во таа работа. :D
     
    На cresa-jagoda, melnicanecot, Vitaly и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.708
    Пол:
    Машки
    Мислиш дека тоа е во склоп со природните процеси и верските птинципи и начела ...
    Се знае кој може да создаде маж и жена само Господ и никој друг.!!!
     
    На melnicanecot и Rama им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.956
    Допаѓања:
    37.323
    Сериозно? Зошто јас мислев дека уште одамна се има ова случено? Изгледа ептен гледам Botched. :lol:
    Како и да е браво за храброста.
     
    На sweet-cherry, LollySky, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    100.990
    Пол:
    Женски
    Прв пат кај нас - во наша болница, е направена операција од ваков тип, а иначе... и јас ко да се сеќавам на еден конкретен лик од пред... кујзнае колку години. :)

    Се додека одлуката е донесена по долго и долго размислување - ок е. Личноста која што ја памтам од некое интервју од по телевизииве имаше малку.. каење. Од тогаш до денес..кујзнае што се случувало со ликот. Не е едноставна работа. Со лесно :)
     
    На Ginger^, LollySky, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  5. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.328
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    Не сакам да осудувам никого, секој си оди по својот памет. Сите ќе чуваме деца, па не знаеме што може да ни донесе животот.
    Но против ваквите нешта сум. И тоа многу. Бог не створил такви како што требало, со доблести и мани. Никој од нас не е совршен па нема ни да биде што и да смени.
     
    На cresa-jagoda, PaLaVa, mssuniquee и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.059
    Допаѓања:
    160.608
    Пол:
    Женски
    Јас првпат тука го читам ова денес :D
    Нека ѝ е со среќа и со лесно :D Секој има право да се чувствува свој во сопственото тело :)
     
    На cresa-jagoda, P.S.love, eloves и 17 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.883
    Допаѓања:
    106.213
    Пол:
    Женски
    Моето мислење е кој што сака нека си прави.
     
    На ecka.da.wiz, LollySky, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Го поздравувам овој чекор напред и кај нас.
    Не треба човек да живее несреќен само затоа што "бог" така го створил.
     
    На soffce, LittleGirl626, SandraPink и 20 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.022
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    Јас додека слушав на вести ми се слоши. Не се ли чувствуваат и самите доктори нечовечно додека ја изведуваат операцијата? А за мажот не ни сакам да коментирам. Не дека е единствен, има многу такви и никогаш не би можела да ги сфатам и разберам. Колку далеку ли отиде човештвово?
    Додека слушав си го доев бебето и си велам кога ќе порасне со каков свет ќе се запознае? :|

    Си замислив една интересна приказна. Родители бираат машки пол за своето бебе, а тоа над 18 години решава да направи операција да биде жена. :rofl:

    Си играме играчки. :swear:
     
    На cresa-jagoda, sanjaeva, Abeja и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Како се бира пол на бебе?
     
    На Redrosses, SandraPink, buba4e89 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.841
    Допаѓања:
    16.300
    Пол:
    Женски
    ^ Зошто докторите да се чувствуваат нечовечно? Тие не го осакатуваат човекот, не вршат експерименти врз него, туку го прават она кое самиот го сакал, а тоа не е ништо страшно. Дел е од реконстурктивната хирургија, па кога може да одат да си ги зголемуваат градите, да си ги поправаат носевите итн., зошто да не би можеле или да е страшно да го сторат ова, кога е буквално истото?
    Таа личност конечно може да се чувствува удобно во сопствената кожа, и иако во ова наше затуцано општество се уште допрва ќе наидува на многу осуди, сепак сум убедена дека ќе се справи со тоа, штом се решила на овој чекор. И симнувам капа за храброста.
    За жал кај нас се уште мозокот се сфаќа како нешто многу табу, и се што е поврзано со менталниот склоп од личноста е страшен/срамен/ужасен. А притоа се заборава дека и мозокот е дел од телото, па затоа има многу коментари и покажувања со прст, гадења и ужаснувања за без потреба.
     
    На Lolo5, SandraPink, ecka.da.wiz и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    6.282
    Пол:
    Женски
    Немам право да ја критикувам личноста која ја направила операцијата. Не сум во нивна кожа и не знам како и е.
    Ако на овој начин ќе има посреќна и подобра иднина, се најубаво. Се надевам дека многу години по операцијата, сеуште ќе биде задоволен/задоволна со одлуката. (y)
     
    На Lolo5, LollySky, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.616
    Допаѓања:
    49.819
    Нека ѝ е со среќа :) Ако ја прави среќна тогаш зошто да не. Твое тело - твој избор.
     
    На Lolo5, SandraPink, Victorian и 4 други им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.022
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    Не сум многу добро запознаета прочитај на интернет. Има многу родители кои си го избрале полот на своето дете.
     
  15. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.722
    Допаѓања:
    110.276
    Ако навистина ова го сака - нека ѝ е со среќа. Не гледам зошто на некој би му сметало кој не е лично засегнат, нели она - не ѕиркај во туѓиот двор. За ова треба храброст и е важно да се чувствуваме среќни со тоа што сме и ако ова ја прави среќна тогаш ова е вистинскиот избор. :clap: Подобро среќни и осудени наместо несреќни и лажно прифатени.
     
    На SandraPink, LollySky, La.loca и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Всушност имам читано и тие процедури не се така едноставни и евтини за да многу родители го прават тоа. И кажи ми нели е подеднакво "лошо" родителите да го бираат полот?
     
    На Annath, LollySky, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. ушко

    ушко Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    868
    Пол:
    Машки
    Доста се качувал....сега ќе и се качуваат :) (мала шала).
    Секока чест за одлуката и успехот на докторите:)
     
    На SandraPink и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.059
    Допаѓања:
    160.608
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e, нема зошто да се чувствуваат нечовечно докторите, тоа им е работа и дел од професијата како естетски хирурзи, извршиле зафат со согласност, одлучност и желба на пациентот. И како прва ваква операција во земјава поминала успешно и физички, така што врвни професионалци и образовани луѓе можат само како поприличен успех да го доживуваат тоа.
    Според мене, единствено нечовечно од страна на медицината (низ светот) кон овие групи луѓе е експериментите и обидите во рамките на психијатријата да ги вратат на „нормалниот пат“.

    На сите што ви е гаден овој чин, ви препорачувам да го погледнете The Danish Girl, многу емотивно и touching филмче :)
     
    На SandraPink, Annath, LollySky и 20 други им се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    3.022
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    Па јас не реков дека е добро.
    Ако им е добро на родителите да бираат пол, ако му било нему поубаво да си биде жена, добро нека си биде, но јас лично го осудувам тоа.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.293
    Допаѓања:
    117.823
    Пол:
    Женски
    Зошто овој период не се искористи да се управи личноста, зошто психијатарот не го насочи кон она да се прифати таков како што е, ендокринологот не му дава терапија соодветна за неговиот пол, а не за спротивниот? Или операцијата е она што чини многу па кон неа се насочени? :?:
     
    На sanjaeva и Rama им се допаѓа ова.